Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со ендемичниот вид охридска пастрмка. Станува збор за триста илјади единки со должина од седум до осум сантиметри и тежина 2,5 до три грама, подмладок изведен од првото измолзување пастрмка спроведено на 17 јануари оваа година. Министерот Цветков при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид потсети дека за годинешното порибување на езерото со ендемичен вид охридска пастрмка се издвоени средства во износ од 7,5 милиони денари, за излов, одгледување и порибување со околу 2,4 милиони…
повеќе...Tag: охридско езеро
За што сè се користат бовите во Охридското Езеро
Покрај нивната примарна цел, бовите се користат и како реквизити за сончање, капење и скокање во вода. Којзнае, можеби ќе бидат дел од некои идни водени лудории на пример: „Кој прв до бовата“, „Стој на бова“ (мирни води и разбранувано езеро), „Најбрзо качување на бова“, „Најспектакуларен скок од бова“ и.т.н. Има безброј можности за „употребата“ на бовите, а дали тоа е дозволено е сосема друго прашање. WebOhrid
повеќе...Кучињата пливаат заедно со децата
И ова лето можевме да се увериме дека човековиот најверен пријател оди секаде со газдата, па дури и во езеро. Ова куче пливаше заедно со децата на плажата во Елешец, а дали им пречеше на присутните…!?! WebOhrid
повеќе...Се поставуваат бови во Охридското Езеро
Со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во езерскиот сообраќај, во Охридското Езеро се поставуваат бови на потегот од Радожда до Св. Наум. Бовите се користат за да се обележи растојанието и правецот на движење на пловните објекти. „Бовите се поставуваат на целата брегова линија. На број ги има 32 и се разместени од Радожда до Св. Наум. Истите служат да се обележи просторот на кој може да се глисира или да се вози со поголема брзина, а во исто време педалините и останатите реквизити за забава на вода…
повеќе...Запленети околу 500 метри рибарска мрежа и 30 кг риба
Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 500 метри, близу триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патролите на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во текот на минатиот месец. Акциските контроли на езерската полиција се реализираат по целата должина на езерската гранична линија, но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Во неколку одделни акции, на околу еден километар од граничната линија во близина на Радожда, во македонските територијални води при обид…
повеќе...Змија лови риби пред очите на капачите
Водните змии претставуваат составен дел од секој екосистем, па и од екосистемот во и околу Охридското Езеро. Тие можат да се сретнат на диви плажи, плажи со густа вегетација. Често бегаат од капачите и бараат мирно место, како би фатиле некое рипче за да се прехранат. Во овој случај, една змија возбудена со својот улов и брзајќи да го изведе на копно, се појави на една добро посетена охридска плажа. Некои од посетителите на плажата кои за прв пат се соочија со вакво искуство имаа можност да гледаат „Опстанок“ во живо.…
повеќе...Илинденска регата Охрид 2015
Во чест на големиот Македонски празник Илинден, а во организација на едриличарскиот клуб Бофор и Едриличарската федерација на Македонија, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, се оддржа традиционалната 46-та по ред Илинденска едриличарска регата. Во рамките на овој настан се остварија ревијални тренинг регати во класите Оптимист, Ласер 4.7 и Виндсурф (едрење на даска). Учествуваа 25 едриличари од Струга, Охрид и Скопје, а поволните временско ветровни услови на регатното поле на оптег Горица 1 – Канео, дозволија последниот ден да се заокружат финални бодовни трки кои влегуваат во…
повеќе...Пронајден давеник во водите од Охридското Езеро
Безживотно машко тело, синоќа околу 20 часот е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Горица1“. Телото е пронајдено од спасителите на вода од Црвениот крст, на оддалеченост од околу 20 метри од брегот на езерото, на плажата во близина на поранешниот хотел „Парк“. По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека се работи за лицето Гоце И.(46) од кратовското село Живалево. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, а медицинска екипа констатирала смрт од срцев удар.
повеќе...Утре по 36-ти пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон
Во организација на пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 Охрид, традиционално, по 36-ти пат, на 2 август (недела), на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 35 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10:00 и во 10:15 часот од плажата Голден Бич (поранешен хотел Парк). Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се…
повеќе...Традиционално ќе се одржи Илинденската едриличарска регата во Охрид
Традиционално, и оваа година ќе се одржи Илинденската едриличарска регата – Охрид 2015. Регатата ќе се одржи на 2 август на потегот од Горица 1 до Канео, со почеток во 10:00 часот. Организатори на овој настан се Едриличарската Федерација на Македонија, Едриличарскиот клуб „Бофор“ и Агенцијата за млади и спорт. На Илинденската едриличарска регата ќе настапат клубови од Македонија, а ќе се едри во класите Оптимист и Ласер 4.7.
повеќе...