Маестралниот светски пијанист Максим Мрвица на „Охридско лето“

Во рамки на годинешното издание на Охридско Лето, македонската публика за прв пат ќе има задоволство и прилика да биде дел од концертот на светски познатиот и исклучително атрактивен кросовер и класичен музички уметник, хрватскиот маестрален пијанист МАКСИМ МРВИЦА. Концертот на, како што го нарекуваат, „пијанистичкото чудо од Шибеник“ кој молскавично ја освои меѓународната сцена, ќе се одржи на 26. јули во Античкиот театар во Охрид. Максим Мрвица е музички талент кој на 11 годишна возраст го одржал својот прв концерт како солист со оркестар, а речиси 30 години подоцна…

повеќе...

„Вока Пипл“ сензационалната вонземјанска музичка комедија слетува во Охрид

Во рамки на програмата на Охридско Лето 2014, на 1. август на сцената на „Антички Театар“ во Охрид гостува „ВОКА ПИПЛ“ (The VOCA PEOPLE) – сензационалниот перформанс на музичката комедија која комбинира восхитувачки и неверојатни вокални звуци. За прв пат во Македонија, пред публиката на Охридско Лето, „ВОКА ПИПЛ“ ќе го претстават своето шоу кое ширум светот важи за незаборавно искуство кое ја спојува музичката брилијантност со многу хумор. „ВОКА ПИПЛ“ ансамблот кој потекнува од Израел претставува нов феноменален интернационален вокално-театарски перформанс кој ги комбинира восхитувачките вокални звуци и „а…

повеќе...

„Охридско лето“ и „Танец“ за спас на еден детски живот

Вечерва на Антички театар, во рамките на Охридско лето, со почеток од 21 часот концерт на ансамблот на „Танец“ кој цели шест децении е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура. Фестивалот и овојпат ќе биде во знакот на хуманоста. Заедно со Танец несебично ќе ја помогнат акцијата на новинарите за спас на 11 годишното момче од Охрид кое боледува од многу тешка  болест (прогресивна мускулна дистрофија). Потребна е итна операција на клиниката “BY” во Пекинг,  која чини 35 000  евра. Семејството не е во состојба да ги плати трошоците…

повеќе...

Актерите на МНТ со прекрасна изведба на „Охридско лето“

Три претстави во едно имаше можност да види синоќа публиката на фестивалот „Охридско лето“ на кој беше прикажана „Аферата на Елсинор“ во изведба на Македонскиот народен театар. Хамлет од безвременскиот Шекспир уште еднаш се играше на овој фестивал, но годинава од една поинаква перспектива, погледнат низ призмата на истакнатиот македонски режисер Љубиша Георгиевски којшто го напиша и сценариото за оваа претстава. Рашомонијадата на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше направена според изјавите на данскиот крал Клаудиј, кралицата Гертруда и сведочењето на Офелија. Текстот на претставата беше еден вид…

повеќе...

„Аферата Елсинор“ го носи Хамлет на „Охридско лето“ но од поинаква перспектива

„Аферата Елсинор“ е третата претстава од македонската театарска продукција што ќе биде прикажана вечерва на фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за претстава која доаѓа од Македонскиот национален театар, во режија и според текст на Љубиша Георгиевски, кој со неа одбележува 77 години од раѓањето и 55 години од неговото творештво. Како што појаснува селекторот на драмската програма на „Охридско лето“ Ѓорѓи Јолевски, темата е „Хамлет“, а дејството се случува во дворот на Елсинор, каде сите ликови од Хамлет се ставени во еден многу специфичен концепт. „Претставата има многу духовитост, многу…

повеќе...

Аркадиј Володос „раскажа“ романтични музички приказни во „Света Софија“

Извонреден настап на фестивалот „Охридско лето“ синоќа имаше рускиот пијанист Аркадиј Володос. Во катедралната црква „Света Софија“ која има одлична акустика, публиката ужуваше во нотите на Брамс, Шуберт и Шуман и прекрасната изведба на еден од најпознатите и најистакнати „раскажувачи“ на романтични музички приказни. Според селекторката на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска, Аркадиј Володос ја придобива публиката од целиот свет, а за неговото присуство во Охрид е голема чест за самиот фестивал. „Особено ми е драго што после неколку години договарање, конечно го имаме Маестро Володос за првпат…

повеќе...

„Многу врева за ништо“ – наградена со преполна сала и силен аплауз

Место повеќе се бараше за театарската претстава „Многу врева за ништо“ што беше изведена синоќа на фестивалот „Охридско лето“. На текст Вилијам Шекспир, а во режија на Дејан Пројковски, актерите од Театар Комедија од Скопје, освен глумата, покажаа и други нивни вештини како што се пеењето, свирењето на музички инструменти и танцувањето. Гротеската на мигови доловуваше комични сцени, па ја враќаше публиката кон трагичното, за повторно да ја насмее и да ги заслужи аплаузите на присутните во Центарот за култура „Григор Прличев“. Иако пишувана во 1598 година, „Многу врева за…

повеќе...

Аркадиј Володос големиот гениј на клавијатурата, утре на Охридско лето

Еден од најистакнатите и најпознатите пијанисти во светот – Аркадиј Володос, на 19 јули (сабота), ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ како еден од најексклузивните гости на фестивалот „Охридско лето“. Овој „гениј на клавијатурата“ уште од своето деби, во 1996 година, постигнува бројни успеси низ целиот свет, свирејќи во најпрестижните сали, соработувајќи со врвни оркестри и диригенти, издавајќи бројни компакт дискови. Со својата безгранична виртуозност и поетичност во изведбата Аркадиј Володос ќе не врати во времето на романтизмот, преку убавите звуци на Франц Шуберт, Јоханес Брамс и Роберт Шуман.…

повеќе...

„Многу врева за ништо“ вечерва пред охридската публика

„Многу врева за ништо “ е театарската претстава што во изведба на Театар Комедија ќе биде прикажана вечерва на фестивалот „Охридско лето“. Претставата се игра според текст од Вилијам Шекспир, а е во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски, кој вели дека „Многу врева за ништо“ е претстава која би требало да се дефинира како претстава за една актерска трупа слична на шекспировата. „Шекспировиот театар е всушност Театарот Комедија, тоа е главниот концепт на нашата претстава. Претставата ги отвара прашањата за театарот и животот, за животот и сонот, за…

повеќе...

На „Охридско лето“ вечер за паметење со „Моцарт“ од Полска

Ексклузивниот гудачки квартет „MozART group”,  кои синоќа на Охридско лето настапија во рамките на Полската вечер на фестивалот, приредија незаборавна вечер со уникатна изведба,  мешавина од музика, театар и движење, надополнета со  хумор. Со музика од класичниот репертоар но на сосема поинаков начин, ја кренаа на нозе публиката во предворјето на црквата „Света Софија“. По нивниот прв настап во Македонија ветија дека повторно ќе се вратат . „Впечатокот е импресивен, просторот публиката која беше полна со енергија. Во Македонија дефинитивно повторно ќе се вратиме. За прв пат имавме четири овации…

повеќе...