Груевски: Од денес уште 16.000 земјоделци ќе добијат субвенции

Денес почнува следната тура на исплата на субвенции со која ќе бидат опфатени 16.000 земјоделци, а ќе се реализираат околу 8,5 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски. Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот апарат за компјутерска томографија во поликлиниката Јане Сандански, Груевски напомена дека исплатата на оваа група земјоделци ќе заврши за максимум две до три недели. „Се работи за нови 16.000 земјоделци кои ќе добијат субвеници. Од нив 6.000 се млекопроизводители, а 10.000 се од делот на поледелството. Сите ќе добијат субвенција од околу 8,5 милиони…

повеќе...

Курсот на еврото падна под 1,06 долари

Курсот на еврото на светските девизни берзи неделава ја заврши на ниво од под 1,06 долари, што е претставува најниска вредност на европската во однос на американската валута во последниве седум месеци. Во очекување на одлуката на американката Управа на федералните рерзеви (Фед) за зголемување на основната каматна стапка и на Европската централна банка (ЕЦБ) за олабавување на монетраната политика, едно евро на светските берзи сега вреди 1,0590 долари, со што од почеток на неделава вредноста на заедничката европска валута се намали за 0,5 отсто. И во однос на јапонската…

повеќе...

Пуштени во оптек ковани пари за колекционерски цели „Александар“, „Ана“, „Димитар“ и „Елена“

Народната банка на Република Македонија ги пуши во оптек кованите пари за колекционерски цели „Александар“, „Ана“, „Димитар“ и „Елена“ од серијата „Ден на Ангел“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/15 и 173/15). Кованата пара „Александар“ ги има следниве карактеристики: – на аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“…

повеќе...

Просечната нето-плата во август изнесува 21.882 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2015 година, во однос на август 2014 година, изнесува 103.1. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.9%), Рударство и вадење на камен (7.8%) и Стручни, научни и технички дејности (7.6%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8.3%), Објекти за сместување и сервисни…

повеќе...

Во август зголемена просечната бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2015 година, во однос на август 2014 година, изнесува 103.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (12.0%), Други услужни дејности (7.7%) и Стручни, научни и технички дејности (7.7%). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (6.6%), Објекти за сместување и сервисни дејности со…

повеќе...

Откриени обиди за избегнување на царински давачки од околу милион денари

Во септември 2015 година, царинските службеници од Царинарница Штип открија два обиди за избегнување на царински давачки во износ од околу милион денари (989.935 денари). Во првиот случај, фирма увозник од Кочани за увозно царинење пријави машина за лемење во вредност од 95 илјади евра со преференцијално потекло од Франција, царинска стапка 0% и увозни давачки во износ од 1 милион денари. Заради основано сомневање во верoдостојноста на приложениот доказ за преференцијално потекло на стоката, Царинската управа се обрати до Царинската служба на Франција со барање за дополнителна проверка на…

повеќе...

Запленети девизи, гуми за автобуси, оптички нишани, бижутерија и фалсификати

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, автобуски гуми, оптички нишани за пушки, бижутерија, разни употребувани и нови производи и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 27.000 швајцарски франци, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики при контрола на македонски државјанин кој допатувал со лет од Цирих. Кај патникот се пронајдени 37.800 швајцарски франци, од кои согласно законските прописи на патникот му се вратени 10.800 швајцарски франци (противвредност на 10.000 евра), износ што може слободно да се внесе во…

повеќе...

Исплатени 2,3 милиони денари отштета за невремето

Владата денеска продолжи со исплата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава. Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Радовиш, Охрид и Кратово. Министерството за финансии соопшти дека денеска, исто така, се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за обележани грла говеда. – Владата на РМ и понатаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што е ветено, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

повеќе...

Нови 30 милиони евра евтини пари на располагање на домашните фирми

Домашните компании имаат можност до крајот на годинава да искористат средства во износ од 30 милиони евра преку поволната кредитна линија од Македонска банка за поддршка на развојот со субвенционирана камата, којашто не е поголема од 5,5 отсто, најави вчера премиерот Никола Груевски. „МБПР има значајна кредитна линија што ја обезбеди Владата, која многу им помага на домашните компании. Досега Владата обезбеди 350 милиони евра главно од Европската инвестициска банка со кои се овозможи субвенционирана камата со голем рок на отплата од осум и повеќе години“, рече премиерот Груевски нагласувајќи…

повеќе...

Исплатена оштетата на поплавените семејства во Струмичко

Владата на Република Македонија денеска на 394 лица од струмичкиот регион им исплати 29,9 милиони денари оштета од поплавите. Исплатата на штетите од поплавите следува по даденото ветување од страна на Владата. Министерството за финансии денеска соопшти дека исплатени се и 527 илјади денари на граѓаните во Градско и 489 илјади денари на граѓаните од Чешиново-Облешево. Досега се исплатени вкупно 144,24 милиони денари на 2.218 оштетени од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена и на граѓаните од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово, Кривогаштани, Велес, Пробиштип и Штип.…

повеќе...