ВМРО-НП: ДПМНЕ и Локалната самоуправа уште еднаш покажаа дека не само што ништо не е променето во изминатава година туку Охрид се врати доста чекори назад

ВМРО – Народна партија Охрид, преку соопштение најостро се спротивставува на најавата за преземање на паркинзите во Охрид со јавно – приватно партнерство. „Сакаме да потсетиме дека ВМРО – ДПМНЕ со секојдневни прес – конференции ја обвинуваше претходната локална самоуправа за истата работа и тоа беше главната точка со која ги доби изборите во Охрид. Дали сега од партијата газат по своите зборови и дали нивниот став е ист? Ја прашуваме Локалната самоуправа и ЈП Билјанини Извори дали со овој нов систем со кој ја манипулираат јавноста околу некаква исплатливост…

повеќе...

Ќе се отстрануваат хаварисаните возила

Oпштинскиот инспекторат при Општина Охрид ги известува граѓаните дека според годишната програма, а со цел за почист и поубав Охрид започна акција за евидентирање и отстранување на хаварисани возила, оставени на јавни површни. Се молат сопствениците на хаварисани возила кои се оставени на јавна површина да ги отстранат истите во рок од 5 (пет) дена, во спротивно тоа ќе го извршат надлежните служби, а трошоците за отстранувањето  и складирање ќе паднат на товар на сопствениците на возилата.

повеќе...

Бесплатен паркинг во центарот на градот за празникот Водици

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот верски празник Богојавление – Водици донесе одлука на 19-ти јануари (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници. Со оваа одлука ЈП „Билјанини Извори“ во континуитет позитивно делува кон што подоброто организирање на големите верски празници, кои се во интерес на граѓаните и гостите на Охрид. ЈП „Билјанини Извори“ им посакува многу здравје, бериќет и благосостојба на сите граѓани на Охрид.

повеќе...

Црвен крст апелира за Водици да се отстранат паркираните возила околу Капетанијата

Во рамки на подготовките за одбележувањето на празникот Богојавление – Водици и поставувањето на соодветната опрема за одвивање на крводарителската акција на просторот помеѓу Капетанија и ресторан Чун, се замолуваат возачите кои ги паркирале, да ги отстранат своите моторни возила и се известуваат и се упатува апел до граѓаните да не ги паркираат моторните возила на горенаведениот простор во периодот од 10 часот на 18 јануари до 17 часот на 20 јануари. Во текот на утрешниот ден, во соработка со СВР Охрид ќе бидат преземени сите соодветни мерки за расчистување…

повеќе...

За Божиќ бесплатен паркинг во централното градско подрачје

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Божиќ донесе одлука утре, 7-ми јануари (вторник) користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници. „Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена се со цел ЈП „Билјанини Извори“ да се приклучи во чествувањето на големиот празник секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности“. – велат од претпријатието. ЈП „Билјанини Извори“ воедно ги потсетува сите граѓани на Охрид дека на претпоследната седница на Советот на Охрид се донесе…

повеќе...

Од денес намалена цената за паркинг

Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид од денес започна со стопанисување со паркинг просторот на улица „Кеј Маршал Тито“. Исто така врз основа на Одлука донесена од страна на Советот на Општина Охрид, намалена е цената на чинење на услугата паркинг и тоа: во зона А цена на услугата паркинг досега изнесуваше 40 денари првите два часа  (секој нареден час 30 денари), истата е намалена на 30 денари првиот час (секој нареден час 20 денари) и за паркинг во зона Б цената е намалена од 30 денари првите два часа (секој…

повеќе...