Претседателот на СДСМ Заев во посета на велешко: Го трасираме патот заедно

„Издржи, не си сам“. Со ваква порака беше пречекан претседателот Зоран Заев во Велес, а како што следуваа ракувањата, зборовите се повторуваа. Претседателот Заев во велешко беше со потпретседателката Фросина Ременски и со членовите на Извршниот одбор Драган Тевдовски и Петар Атанасов, придружувани од општинското раководство на СДСМ. Граѓаните најмногу зборуваат за немаштијата што им ги окупира и мислите и домовите. Секој втор од нив прашува дали има спас од извршителите и арачот што ги дотолчува. „Тоа е модерна пљачка и ќе ја укинеме“, им вели претседателот Заев, а од лицата…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ Охрид се удави во жив песок!

Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК ВМРО- ДПМНЕ, во која се вели: „СДСМ- Охрид се удави во жив песок! Ни денешното соопштение кое е бледа копија на нивните минатонеделни јавни настапи не може да ја искриви реалната слика дека во Охрид како никогаш досега се гради и инвестира. Минативе две и пол години локалното раководство на ВМРО –ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески иако соочени со стотици правни и финансиски лавиринти и дупки на секој план при реализација на секој проект, успеаја да реализираат…

повеќе...

СДСМ: Очајни и безуспешни се обидите на Бакрачески и локалната власт на ДПМНЕ да ја убедат јавностa дека се остваруваат ветените проекти

ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Очајни и безуспешни се обидите на градоначалникот Бакрачески и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да ја убедат охридската јавност дека се остваруваат ветените проекти. Вистината и реалноста се поразителни – за 2 и пол години власта на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да реализира ниту еден проект од оние што во нивната изборна програма беа ветени како приоритетни и капитални. Сето она што им беше ветено на граѓаните на Охрид, како приоритетни капитални инвестиции, и по цели 2 и пол години…

повеќе...

Заев: Ќе ги поддржиме барањата на јавноста за една изборна единица

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Дозволете да ве поздравиме сите, пред сé, граѓаните на Велес. Денеска сме во Велес, јас и дел од раководството на централата, заедно со општинското раководство. Ова е дел од агендите коишто минатата недела ги започнавме во западниот дел на Македонија.  Целта е посета по цела наша земја во функција на периодот во којшто делуваме, заради сондирање на последните предлози, сугестии, критики и укажувања од граѓаните, за во еден севкупен амбиент да создадеме комплетна понуда на основа на платформата којашто…

повеќе...

СДСМ го одбележа Денот на АРМ

По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија, 18-ти Август, партиска делегација на СДСМ во состав: Максим Димитриевски-член на ИО и претседател на Комисијата за одбрана, Татијана Прентовиќ-членка на Извршниот одбор и Драган Тевдовски-член на ИО на СДСМ, положи свежо цвеќе на градските гробишта Бутел во Скопје, и тоа: – на Партизанските гробишта – пред вечниот дом на починатиот Претседател на Република Македонија и Врховен командант Киро Глигоров – пред вечниот дом на загинатиот Претседател и Врховен командант Борис Трајковски – пред вечниот дом на генерал Михаило Апостолски.

повеќе...

Општина: Водена од сопствените криминални, незаконски и против правни дејствија СДСМ-Охрид и денес неосновано обвинува

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати општина Охрид , во која се вели: „Водена од сопствените криминални, незаконски и против правни дејствија СДСМ- Охрид и денеска неосновано обвинува и покажува дека за нејзе апсолутно е несфатливо дека секој проект, па и оној кој се однесува на изградбата на Откупниот центар со ладилник во село Лакочереј имаат законски и правни рамки. Изразувајќи жалење што СДСМ –Охрид има тотално непознавање за основни, општи и правни постапки општина Охрид ќе и ги објасни сите чекори кои водат…

повеќе...

Стојаноски: Охриѓани и сите граѓани на Македонија бараат промени на овој лажен популизам на ВМРО-ДПМНЕ

ОО на СДСМ Охрид денес одржа прес-конференција, на која говореше координаторот на советничката група на СДСМ Охрид проф. д-р Јован Стојаноски. „ВМРО-ДПМНЕ со години ја манипулира охридската и македонска јавност за низа лажни и неостварени ветувања, проекти кои секогаш се наведени дека ќе се реализираат во иднина, а никогаш ниту се реализирале ниту се отпочнало со нивно остварување. Еден од многуте нереализирани проекти е Откупно-дистрибутивниот центар со ладилник во село Лакочереј, предизборно ветување од 2013 година, наведен и во програмата на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески. Откупно-дистрибутивниот центар требаше…

повеќе...

Кузески: Една фонтана кај некогашниот минимаркет се гради повеќе од 8 месеци и никако да се заврши

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакарачески за цели 28 месеци не успеа да реализира ниту еден значаен проект во Охрид. Сите таканаречени приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните, и по 2 и пол години не се реализирани, рече на денешната прес-конференција секретарот и портпарол на ОО СДСМ Охрид Александар Кузески. „Тоа јасно ја покажува неспособноста и неподготвеноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид којашто не може да ги исполни барањата и не може да одговори на потребите на охриѓани Изградбата на пазарот, автобуската станица и покриениот базен…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: „Пустата“ желба на СДСМ да дојде на власт никако да се исполни

Во врска со соопштението на ОО на  СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која се вели: „Пустата“ желба на СДСМ да дојде на власт никако да се исполни. И додека нема ни трага ни глас од нивното в.д партиско претседателче Заев, Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер Никола Груевски кој на задоволство на народот уште многу години ќе ја води државава, денеска во Охрид стави во употреба значаен инфраструктурен проект што го реализираше локалната власт. За среќа на охриѓани и несреќа на СДСМ, Премиерот Груевски уште многу пати…

повеќе...

СДСМ: Премиерот во заминување не успеа да помине по улицата „Питу Гули“

Во врска со денешната посета на премиерот Груевски во Охрид, реакција  испрати ОО на СДСМ Охрид, во која се вели: „Премиерот во заминување Никола Груевски денес беше во посета на Охрид. Во придружба на челниците од Општина Охрид, премиерот со ковертирана оставка не успеа да помине по улицата „Питу Гули“, затоа што оваа сообраќајница, една од главните и најпрометните во градот, се реконструира во екот на високата туристичка сезона. Домаќините најверојатно заборавија да му ги покажат на нивниот в.д. премиер преполнетите контејнери за ѓубре, нечистите улици и излеаните фекалии во…

повеќе...