Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна: Доказите што ги објавивме досега ги открија вистинските лица на тесната група на власт. Соголено е и најмаскираното лице на сите времиња –лицето на Никола Груевски, кој заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков стои зад сите зла што им се нанесени на луѓе, судбини, закони, Устав, држава, само тој да остане на фотељата на Илинденска б.б. Денес никој нема повеќе дилема кој е Никола Груевски и кој е неговиот братучед Сашо Мијалков и дека позади `се што правеле…
повеќе...Tag: партија
Велигденска честитка на ОК на ВМРО-НП Охрид
По повод најголемиот христијански празник, ВМРО – Народна партија од Охрид на сите православни христијани им го честита Воскресението Христово со желби во секој дом да има здравје, љубов, среќа, радост, мир и бериќет. На многаја лета!
повеќе...Стојаноски: Која е причината за нелогичната зделка за осветлување во Охрид?
ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-коференција, на која говореше координаторот на советничката група на СДСМ Охрид, проф. Д-р Јован Стојаноски. „Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство, значи откажување на приходи во буџетот на општината во наредните години и тоа во износ од над 5 милиони евра. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапуваат на приватна компанија од Чешка. Зошто? Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во јавното осветлување се прикажани во Физибилити студијата која беше…
повеќе...Заев: Директни докази откриваат корупција на Мијалков и поддршка од Груевски
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: Обелоденивме редица скандали што потврдуваат противуставно и противзаконско работење на Никола Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков и тесната група околу нив. Обелоденивме докази што ја откриваат алчноста, лакомоста и криминалот на којшто без да трепне е подготвен Никола Груевски кога се во прашање неговите лични интереси. Парцели во илјадници квадрати, вредни милионски суми во евра, оф шор компании и становите по коишто е познат Груевски. Денеска пред јавноста во Македонија откриваме уште еден огромен корупциски скандал во Македонија и…
повеќе...Конференција на тема „Состојбите во образованието – Каде понатаму“
Комисијата за образование и наука на СДСМ, одржа тематска Конференција на тема „Состојбите во образованието – каде понатаму“, на којашто учествуваа претставници од повеќе општински организации на СДСМ. Се разговараше за решенија за клучните проблеми во образованието, поврзани со наставната програма во основните и во средните училишта, проблемот со неквалитетните учебници, моделите на евалуација и на оценување, несоодветното финансирање на науката и целосно нарушената автономија на универзитетот. Констатирано е дека нашиот образовен систем треба да се потпира и да ги користи искуствата на успешните европски образовни модели, прилагодени на автентичните…
повеќе...Едногласна поддршка од ЦО на СДСМ: Отстапки нема, решение за кризата е преодна влада
Активностите на СДСМ од донесувањето на цврстата и решителна одлука на СДСМ, пред месец и половина, за објавување на документите што докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта, ги даваат очекуваните резултати, констатирано е на вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ. Проектот Вистината за Македонија допре до најголем број од граѓаните на Македонија кои се информирани за суровиот, криминален, противуставен и противзаконски начин на владеење на тесна група на власт. Централниот одбор едногласно ги поддржа предлозите на претседателот Зоран Заев и на Извршниот одбор за натамошните чекори…
повеќе...Заев: Груевски е фатен во мега корупциски тендерски скандали
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конфернција, на која истакна: „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Ветивме дека целата вистина за злосторството што е правено врз нашиот народ и на нашата земја, ќе ја дознаат сите. Тоа го докажавме досега и продолжуваме да го докажуваме. Денеска, на домашната и на меѓународната јавност им е повеќе од јасно дека во Македонија нема слобода и демократија, дека европските вредности целосно се уништени. Досега, меѓу другото покажавме колку бил нечесен Никола Груевски кога се работело за неговиот личен интерес. Купувал огромни, атрактивни…
повеќе...Заев: Груевски лажел за неговите парцели на Водно и за Космос
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-коференција , на која истакна: „Целокупната јавност во земјава, во Европа, па и пошироко, ја следи актуелната состојба во Република Македонија, сите случувања и сите докази што откриваат огромни и незапаметени злоупотреби од страна на една власт, како што тоа го правела во случајов, власта на Никола Груевски. Стана јасно кои се виновниците за деветгодишното чмаење на државата – дека Македонија и нејзините граѓани се заложници на тесна група, којашто владее за личен интерес, на Груевски и неговата криминална дружина. Да се случеше…
повеќе...Заев: Тројца од врвот на власта се обвинители и судии
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Ова што се случувало во Македонија, ова брутално, дрско и недозволиво по ниеден основ самоволие, на Никола Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков и на неколкумина нивни помагачи во врвот на власта, буквално го срозило функционирањето на државниот систем и еден од неговите темели, правната држава. Во зарѓаните запци на ланецот што треба да биде мотор на иднината на државата, се заглавени невини луѓе, судбини, “човечиња“ како што им изгледале жртвите на суровите владетели. Со право домашната и меѓународната јавност…
повеќе...72 години од формирањето на КПМ
Здружението на Титоисти испрати соопштение по повод одбележувањето 72 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија. „Во редот значајни датуми во Македонската историја, секако е и денешниот ден, 19-ти март, кога се навршуваат 72 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија, во виорот на најзначајните борби за ослободување на нашата татковина во Втората Светска Војна. Партијата, која беше предвесник на промените во социјалистичкото македонско општество, во куќата на семејството Јовановци во Тетово, ја формираа видни македонски дејци, чии идеи за зајакнување и за просперитет на државата, беа столбови…
повеќе...