ВМРО-ДПМНЕ како политичка опција секогаш се стреми кон транспарентност. Тргнувајќи од тој аспект, а пред се поради интересот на граѓаните за приказ на затекната финансиска состојба на градот Охрид од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на неколку наврати беа повикувани политичките опоненти СДСМ да одговорат на поставени прашања во врска со потрошените репрезентации во време на нивното осумгодишно владеење со градот Охрид во периодот 2005 до 2013 година, рече на денешната прес конференција советникот од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Илија Арнаудоски. „За жал останаа поставените прашања а од нивна страна не добивме никаков одговор.…
повеќе...Tag: партија
СДСМ: До сега, јавноста во Охрид не слушна ниту еден конкретен одговор од ДПМНЕ на поставените прашања од опозицијата
ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Веднаш по договореното пазарење помеѓу ДПМНЕ и ДУИ и по распишувањето на претседателските и вонредните парламентарни избори, сведоци сме на една чудна појава во Охрид – најодговорните луѓе од локалната самоуправа и јавните претпријатија наголемо се растрчаа по улиците, сокаците, населбите и селата во општината, глумејќи пред јавноста дека реализираат и остваруваат капитални проекти. Ваквата гимнастика на партиските функционери од ДПМНЕ е провидна – 11 месеци за Охрид ништо конкретно не направија, ни еден проект не реализираа, ништо…
повеќе...Митровиќ: Вистината и отчетноста е потребната доблест и политичка култура која треба и мора да ја имаат сите политички партии
Портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ на денешната прес конференција истакна дека од денес ВМРО ДПМНЕ започнува една плејада на пресови, со кои всушност како што рече тој ќе го укажуваат недомаќинското работење на СДСМ во изминатите 8 години. „Тоа ќе се потврдува со факти и податоци, а додека чекаме да излезат на отчет пред граѓаните со поставените прашања од наша страна ќе се обидеме да отвориме други теми, се со цел да укажеме на она што било недомаќинско работење за време од 8 години на владеењето на…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Политичката борба да се води исклучиво врз база на факти и издржани податоци, а не врз неиздржани фрази
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати рекација во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, во кое стои „Процесот на спинување на прашања и избегнување на одговорноста што ја прави ОО СДСМ е крајно лицемерно и кон политичките опоненти и пред се кон граѓаните на Охрид. Имено, во соопштението на СДСМ насочено кон ВМРО ДПМНЕ се кажува „крајно време е да престанете да се занимавате со минатото“. Дали оваа реченица според вас значи дека веќе сте се амнестирале од се она што сте го спроведувале за цели осум години…
повеќе...СДСМ: Отчетот треба да е реален приказ на оствареното и реализираното, а не список на желби и нови ветувања
ОО на СДСМ Охрид, денес до медиумите, испрати соопштение како реакција на пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, одржан на 11 март, во кое стои: „Зарем не мислите дека е крајно време да престанете да се занимавате со минатото и да започнете веќе еднаш да размислувате за иднината?! Вашите прес конференции веќе се депласирани и личат една на друга, како јајце на јајце. СДСМ зборува преку силата на аргументите и фактите – нереализираните проекти во сферата на детската заштита, културата и образованието во општината се реалност. Токму затоа СДСМ…
повеќе...ВМРО-НП: Имаме секојдневно зголемување на монополот на ЕВН кон граѓаните, но и кон фирмите на кои што им е потребно
ВМРО – Народна партија Охрид, на денешната прес-конференција реагираше за еден од последните монополи во Р.Македонија – ЕВН Македонија и односот на Владата на Р.М. кон оваа фирма. „Нашата цел е наместо да имаме една либерализација на односите, односно меѓу граѓаните и старото ЕСМ со доаѓањето на ЕВН, ние имаме зголемување секојдневно на монополот на оваа фирма према општите граѓани, но и према оние фирми на кои што им е потребна соработка со оваа фирма. Имено, денес за приклучок на електрична енергија се плаќа 500 евра во градско населено подрачје,…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Консолидирањето на трошоците и создавањето на ефикасна администрација е основа за подобрување на Локалната самоуправа
Стравот од пораз кој се согледува кај политичкиот опонент СДСМ е само мотив повеќе од нивна страна за користење на средства за манипулација, се со цел очајничко привлекување глас повеќе на престојните избори. Но, граѓаните на Охрид како и впрочем граѓаните на Република Македонија добро знаат за нивните празни ветувања, за нивните празни зборови. Вака ја започна денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ. „Денес, сите ние ги чувствуваме последиците од еден мрачен т.е најмрачен период на Охрид кој беше проследен во осум години владеење на СДСМ.…
повеќе...СДСМ: Финансиската состојба на образовните установи зависи од централната власт
Како што ветивме, така и продолжуваме, со потсетување за ветеното, а неостварено од страна на градските власти на ДПМНЕ, рече на денешната прес конференција раководителот на Центарот за комуникации на СДСМ Охрид, Христина Гогоска. „СДСМ продолжува со осврнување кон суштинските и битните проблеми кои ги засегаат охриѓани, а не со детски и бесмислени коментари, од типот – кој од каде доаѓа и во кој период каде бил. Па, господа од ДПМНЕ, се’ додека се занимавате со небитни работи, се дотогаш ќе трпи вашата обврска да се оправдате пред овој народ…
повеќе...Форум на жени на ОО Гром Охрид: Осми март, ден кога треба да се искаже почит кон жените и нивните дела
Некои Осми март го гледаат како празник кога нешто мора да се подари на секоја дама, некои сметаат дека не може без убава трпеза и музика, но секој има право да го прослави Денот на жената онака како што го чувствува празникот и да ја слави жената на свој начин. Унијата на жените на ОО Гром Охрид , Осми март го прослави во духот на партиското мото , а тоа е дружбата и блискоста меѓу членството и симпатизерите пред се. Со скромна забава, кога се работи за материјалната страна, но…
повеќе...УМС на ОК ВМРО ДПМНЕ: 8ми март за нас има големо значење пред се од аспект кон тоа дека младината секогаш се стреми кон рамноправност, еднаквост и посветеност
УМС на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид истакнува дека: Денешниот ден преставува симболично обележување на денот на мајката, денот на жената и нејзиното значење во нашето општество. Интернационалниот ден на жената 8ми март за УМС при ОК ВМРО ДПМНЕ има големо значење пред се од аспект кон тоа дека младината секогаш се стреми кон рамноправност, еднаквост и посветеност. Токму поради тоа УМС на ДПМНЕ Охрид го честита 8ми март! Денес исто така по повод 8ми март, УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид спроведе активност во Специјалната болница за ортопедија и траумотологија „Св.…
повеќе...