ВМРО-ДПМНЕ: Ќе потсетиме на најфлагрантните случаи на непотизам и бизнис интереси

На денешната прес-конференција, ОК ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да ги потсети граѓаните за непотизмот и бизнис интересите, како што велат, за да знаат граѓаните што им се нуди како иднина. „Креаторите на Зоки Поки програмата за Охрид од СДСМ во Охрид се на  власт веќе 8 години, но нивното партицирање на истата никако да се стави  во интерес на граѓаните на Охрид, туку напротив во интерес нa еден потесен круг на луѓе кои се дел од највисокото раководство на СДСМ во Охрид. Падот на Охрид е реализиран токму од тие луѓе…

повеќе...

Петрески: Да не дојде повторно да редиме вреќи со песок, да прајме смешки пред јавноста

На денешната прес-конференција на Сојузот за иднината, актуелниот градоначалник се осврна на проблемот кој го прави високото ниво на водата во Охридското Езеро, кое веќе почна да прави проблеми, односно сруши дел од Мостот на желбите. „Сакам една порака да упатам до Владата на Република Македонија и до соодветните министерства во однос на високото ниво на Езерото кое е далеку над максималната кота, со врнежите, а исто така со очекуваното топење на снегот во наредниот период што ќе биде, значи уште повеќе ќе се зголемува. Сега веќе е неколку сантиметри…

повеќе...

ВМРО-НП: Да се води грижа за водостојот на Охридското Езеро

Општинскиот комитет на  ВМРО-НП  укажува  на опасноста дека во наредниот период водостојот на Охридското Езеро уште повеќе ќе се зголемува и на последиците од таквата ситуација. „Највисоката дозволена кота на езерото е 693.75 мнв, а сега нивото на езерото е за 8 cm над максимално дозволеното ниво. За очекување е дека во наредниот период нивото на езерото уште повеќе  ќе се зголемува. Тоа се темели на фактите дека снеговите во околните планини се уште не се стопени, туку напротив во наредниов период  се очекуваат нови врнежи на дожд. Досегашните искуства…

повеќе...