Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Охрид, денеска изведува градежни активности во с. Долно Лакочереј. Се изведуваат премини со поставување на цевки за пренос на флуиди преку главниот пат, со што истиот инфраструктурно се подготвува за асфалтирање. По завршување на подготовките се очекува да започне асфалтирањето.
повеќе...Tag: патишта
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. На повисоките места има мали остатоци од кашест снег на коловозите. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
повеќе...Известување до жителите на општина Дебарца
Се известуваат жителите на општина Дебарца дека може да извршат увид во проектната документација за изградба на автопатот Кичево-Охрид во просториите на управата за имотно-правни односи подрачно одделение Охрид во периодот од 9 до 14 часот во деновите среда и четврток.
повеќе...Јанакиески: На изградбата на автопатиштата работа за над 1000 лица
Почетокот на изградбата на двата автопата Скопје-Штип и Кичево-Охрид веќе ги дава првите резултати. Денеска е објавен оглас за вработување на еден од подизведувачите за над 650 лица, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. „Очекувам наредните денови и другите подизведувачи, а и кинеската компанија да објават повик за поголем број вработени“, рече Јанакиески при посетата на Прилеп, каде престојуваше заедно со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според Јанакиески, во текот на оваа година за работа на автопатиштата во земјава треба да се вработат над 1000…
повеќе...Врнежи од снег кај Стража, Маврово и Крушево
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Врнежи од снег има на планинскиот премин Стража, Маврово и Крушево кои не претставува проблем за одвивање на сообраќајот, а на планинскиот премин Плетвар и Пресека се бележат врнежи од дожд и снег кои исто така не преставуваат проблем за одвивање на сообраќајот. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово…
повеќе...Груевски: Првпат истовремено се градат три автопати
Само во минатата година се инвестирани 100 милиони евра за градба и реконструкција на многу регионални и локални патишта, што има големо влијание за растот на економијата во земјата. Годинава веќе се градат три автопати истовремено, истакна премиерот Никола Груевски. „Оваа година се дава поголем импулс на инфраструктурата затоа што веќе се градат три автопати. Новата градба на автопатот Скопје-Штип, како и автопатот во западна Македонија од Охрид до Кичево ќе биде сериозен импулс на градежниот сектор, а покрај градежниот и многу други сектори ќе добијат нова енергија,“ – изјави Груевски…
повеќе...Целосна реконструкција на 13 мостови по Коридорот 10
Тринаесет мостови по трасата на делницата Велес-Катланово на Коридорот 10 ќе бидат зајакнати и обновени најдоцна до септември следната година. Инвестицијата изнесува 8,6 милиони евра, обезбедени од НАТО преку Проектот за обнова на мостовите во Македонија. Активностите за обнова на мостовите предвидени со третата фаза од проектот, што почна во ноември лани, според министерот за транспорти врски Миле Јанакиески се одвиваат согласно планираната динамика. Министерот денеска ја посети локацијата каде во тек се активности за обнова на мостовите на патниот правец Велес-Скопје кај штипската клучка. „Моментно се работи на реконструкција…
повеќе...Се санира патот Вапила – Ливоишта
По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со жителите од селата Вапила и Ливоишта на која им беше ветено дека ќе се санира патот од селото Косел до селото Вапила и од Вапила до Ливоишта, денес се отпочна со негова санација и пополнување на ударните дупки. Секретарот Спасески на лице место утврдуваше до каде и како се одвиваат градежните активности за санација овај пат. Ова е само привремено решение додека Локалната самоуправа не отпочне со целосна негова реконструкција. Инаку патот од селото Вапила до селото Сирула кој од пред дваесетина…
повеќе...Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег кои не се проблем за сообраќајот има на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир, на Стража, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Смојмирово и Делчево. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена до 100 метри. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар…
повеќе...АМСМ: Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Снежни врнежи со слаб интензитет има на Попова Шапка, Стража и Маврово, но не претставуваат пречка за нормални одвивање на сообраќајот. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на…
повеќе...