„Превенција од кражби“ на охридските плажи

За време на туристичката сезона (Јули и Август) 2012 година, во Охрид и околните туристички локалитети имаше зголемено присуство и раздвиженост  на поголем број домашни и странски туристи како и зголемена фрекфенција во сообраќајот. Оттука, во СВР Охрид  во текот на Јули и Август 2012 година беа регистрирани зголемен број на казнени дела односно вкупно 150 што претставува зголемување за 34 проценти во однос на истиот период во 2011 година кога СВР Охрид евидентира 112 казнени дела.  Посебно е значајно што истовремено се зголеми откривачката функција на СВР Охрид што…

повеќе...

Концесионерите на охридските плажи да се придржуваат кон Договорот за закуп на плажите

После спроведената контрола на работењето на охридските плажи, а и по поплаките кои пристигнуваат од страна на гостите-корисници на плажите, Општина Охрид  со предупредување до концесионерите за нивно целосно придржување до Договорот за краткотраен закуп на плажи.  Во писмото упатено до нив меѓу другото се посочува дека: “…… Со преземањето на ингеренциите за управување на земјиштето вдолж Охридското Eзеро, Oпштина Охрид од оваа година го регулира спроведувањето на Договорот за краткотраен закуп на плажите, кои Вие го имате прифатено. Како што претходно бевте информирани, како концесионери-закупци на плажите имате обврска…

повеќе...

Дурекс во акција на плажите во Охрид

Викендов посетителите на Охридските плажи имаа можност да бидат дел од едукативната промоција на „Дурекс“. Друштва на млади луѓе на плажите „Куба Либре“ и „Кадмо“, преку игри со карти, се натпреваруваа за интересни награди. Победниците добија летни реквизити а останатите, презервативи од најпопуларниот светски бренд. Следниот викенд се најавуват нови изненадувања за младите во Охрид.

повеќе...

7ми турнир во одбојка на песок „Beachvolleyball OHRID 2013“

Седмиот по ред турнир во одбојка на песок – Отворено првенство на Македонија Beachvolleyball OHRID 2013 ќе се одржи од 24-28 Јули 2013 година на плажата Бафало Бич (веднаш до езерската полиција) Програма  – 24 јули: Рекреативци и Одбојкари до 20 години – 25 јули: Рекреативци и Одбојкари до 20 години – 26 јули: Професионалци, Компании, Рекреативци и Одбојкари до 20 години  – 27 јули: Професионалци и Компании – 28 јули: Професионалци и Компании Информации за турнирот Турнирот во одбојка на песок е популарен летен спортски настан, кои вклучува спорт,…

повеќе...

Кирил Џајковски ќе настапува на „Love & Happiness“ фестивалот во Градиште

Оваа сезона повторно најатрактивното место на охридската ривиера ќе биде плажата Градиште, особено поради фактот што на овој простор се случуваа најголемите и најзначајните журки изминативе години. Плажата од оваа година работи во ново рубо, со збогатени содржини за релаксација и опуштање на посетителите. Официјално е потврден долго планираниот настан, со концепт за задоволување на сите музички вкусови, така што кулминација на летото ќе биде в сабота на 27-ми јули, кога на двете плажи во Градиште ќе се одржи добро познатиот „Фестивал на љубов и среќа“. Како главна ѕвезда ќе…

повеќе...

Сакате да возите трактор по Охридско Езеро?!

Сакате да возите трактор по Охридско Езеро?! Зошто да не!? Сега и тоа е можно. Новата содржина „трактор-педалинка“ која за прв пат оваа година се појавува во Охрид и претставува вистинска атракција, буди интерес и кај нашите сограѓани и кај туристите. „Тракторите работаат на систем на педалинка, нови се, произведени се во Тексас, Невада, цената им е 5200 долари, а ги донесовме од Америка, од Флорида. Сигурни се, обезбедени со појаси. Интерес има, затоа што се нови, секој сака да ги проба, значи градов има потреба за ваква содржина, затоа…

повеќе...

Општина Охрид со заложба уреденоста и безбедноста на плажите да бидат на завидно ниво

Во екот на припремните активности пред претстојната туристичка сезона Општина Охрид со своите стручни служби презема низа активности, со цел на адекватен начин да се направи припрема за сезоната што следува. Изминативе денови Локалната самоуправа оствари средби со хотелиерите, угостителите и таксистите. Денес вo големата сала на Општина Охрид се одржа средба со концесионерите на плажите на Охридското Езеро. „Ние во изминатиов период составивме комисија од еден електроинженер, од еден градежен инженер и правник, со цел да ја утврдат состојбата на плажите според концесионерските договори и да утврдат дали се…

повеќе...

Акции за чистење на потегот Лагадин-Пештани и дел од Градска плажа

Високиот водостој на Охридското Езеро допринесе да се наталожат големи количини отпад  по крајбрежјето, притоа најзастапени се пластични отпадоци, хартија и трска. Од тие причини екипите на „Јавна Хигиена“ презедоа акции за чистење на крајбрежниот појас на потегот од населба Лагадин до Пештани и потегот на Градска плажа од Калето до вливот на река Грашница. Со расчистување на локациите се започна вчера и ќе се работи три дена со 15 ангажирани работници. Според претходно сондираниот терен, надлежните очекуваат да се соберат околу 100 вреќи отпад.

повеќе...