Ќе се уредуваат големиот и малиот плоштад и кеј „Македонија“

Ќе се менува ликот на двата охридски плоштади, и кејот “Македонија“. Намерата е централното градско подрачје да стане попривлечно и пријатно место за прошетка и одмор како за охриѓани така и за гостите. Во новиот изглед ќе бидат сочувани афтентичните градски белези. За таа цел,општина Охрид веќе објави огласи за изработка на архитектонски идејни решенија за партерно и хортикултурно уредување на големиот и мал плоштад , како и уредување на градскиот кеј. Според градоначалникот Никола Бакрачески при изработка на идејните решенија кои се основа за проектите од особено значење ќе…

повеќе...

Рача наскоро ќе добие современ плоштад

Нов уреден плоштад ќе добие населбата Рача во Охрид. По тој повод градоначалникот Никола Бакрачески на терен констатираше како се одвиваат тековните активности кои се во завршна фаза. Проектот е едно од ветувањата на градоначалникот кое по средбите со граѓаните на оваа урбана заедница беше оценето како приоритетно. Со овој зафат неуредениот простор во кој дел од мештаните дури депонираа отпад доби нов уреден лик. „За неколку месеци успеавме сиот тој неред да го санираме, да го исчистиме и започнавме со изградба, со што најдовме едно современи решение за плоштад…

повеќе...

Традиционално на градскиот плоштад ќе се одбележи празникот Митровден

По повод големиот верски празник Св. Великомаченик Димитриј – Митровден, Црковниот одбор од црквата „Св.Димитрија“ ги поканува сите граѓани на заедничко чествување на осми ноември (сабота) кај црквата Св.Димитрија на градскиот плоштад во Охрид. Во чест на празникот, по десетти пат, од Црковниот одбор од Св. Димитрија за верниците ќе биде приготвен традиционален црковен ручек – црковно гравче. Чествувањето ќе биде збогатено со богата културно-уметничка програма.

повеќе...

Уреден плоштад ќе добие Рача

ЈП „Градски гробишта„ активно учествува во изградбата на мини- плоштадот во населбата Рача. Градежните активности се во завршна фаза. Согласно изработениот проект,мини- плоштадот кој се наоѓа на сред селото ќе биде изграден од фино обработен гранит, бетонски и бехатон плочки, по што централниот дел ќе биде соодветно хортикултурно уреден и ќе биде поставена фонтана,за што ЈП Водовод- Охрид веќе обезбеди водоводна инсталација. Градежните работи на овој потег течат по однапред планирана динамика и план и се очекува за неколку плоштадот да биде целосно готов. Заедничкиот проект на Општина Охрид и…

повеќе...

Во недела на градскиот плоштад – Отворен ден за сите прашања поврзани со мозочниот удар

Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар. Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад Климент Охридски, на 26.10.2014 (недела) од 11-14 ч., каде сите заинтересирани…

повеќе...

Утре ќе се одржи мировен марш по повод Меѓународниот ден на мирот

Утре (петок), локалната самоуправа и општинската организација на сојзуот на борци ќе го одбележат 21-ви Септември „Меѓународниот ден на мирот”. Учесниците во Мировниот марш во 11 часот ќе тргнат од пред старата дирекција на „Гранит” , а централно место на прославата ќе биде на плоштадот „ Св.Климент Охридски“ каде ќе се положи свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, ќе се прочита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун, а ќе се обратат заменик градоначалникот Анѓел Јанев и потпретседателот на Сојузот на борци од…

повеќе...

Пијано маратон на малиот плоштад кај „Долна порта“

Денеска од 17 часот на новиот плоштад кај Долна порта во Охрид, ќе се одржи пијано маратон на кој освен учесниците на PIANO SUMMER OHRID ќе може да се претстави секој кој има желба да отсвири нешто од класичниот пијано репертоар, или од современи автори, вклучувајќи и свои лични композиции или импровизации. Специјален гостин на маратонот ќе биде Љупчо Доневски со премиерното изведување на неговата композиција „Звукот на младоста“. Маратонот е отворен за сите љубители на музиката. Влез слободен.

повеќе...

Бесплатни здравствени прегледи на граѓаните на плоштадот „Чинар“

Во рамките на своите превентивни активности, медицински екипи на Центар за јавно здравје Охрид, од денес 14-ти јули па се до 18-ти јули (петок), во периодот од 18 до 21 часот на плоштадот „Чинар“ ќе вршат превентивни здравствени прегледи на граѓаните – мерење на крвен притисок, стручни совети за заштита од надворешните влијанија и високите температури.

повеќе...

Ќе се санираат откорнатите столпчиња на малиот плоштад

Со големи заложби на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и на јавните препријатија, малиот плоштад кај комлексот болнички цркви, е уреден во пријатно место за охриѓани и гостите. Со измените во одвивањето на сообраќајот, овој простор претставува пешачка зона и место за одмор и релаксација покрај езерото. За жал, несовесни поединци ги откорнале столпчињата помеѓу жардинериите и го нагрдиле просторот. Од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, уште во текот на утрешниот ден ќе ги санираат оштетените заштитни столпчиња и апелираат до граѓаните за поголема грижа и…

повеќе...

Свечено осветено спомен-обележјето за Водици

Денес на Градското пристаниште со верска церемонија пред голем број граѓани официјално беше откриено спомен обележјето „Фаќач на крст“ посветено на верскиот празник Богојавление – Водици. На свечената манифестација присуствуваше градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. „Ова спомен обележје, на самиот брег од нашето езеро непосредно до местото каде илјадници граѓани секоја година чекаат да видат кој ќе го извади крстот од езерото е симболизација на верата православна и богољубието, но и на душата охридска која ја сочувала оваа вековна традиција на фрлање на крстот за Водици низ вековите, од кои поголемиот дел…

повеќе...