Полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денес доброволно ќе даруваат крв во рамките на крводарителската акција што до 13 часот ќе се одржи во службените простории над противпожарната единица во Охрид. Оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената програма на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, предвидени се повеќе вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици.…
повеќе...Tag: полиција
Измамен охриѓанец останал без 1000 евра
Две засега непознати лица се сторители на казнено дело „измама“ извршено вчера на улицата „7ми Ноември“ во Охрид. Тука, околу 10 часот и 30 минути, двете лица на околу 55 годишна возраст, пресретнале повозрасен жител на Охрид и започнале разговор со него. Притоа, едниот од нив му кажал дека другиот човек е од Израел кој имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати оштета. Тој, од повозрасниот охриѓанец побарал да му помогне на странецот и да му даде пари за плаќање на оштетата нудејќи му во залог…
повеќе...Мајка ја пријави ќерка си за исчезната
Вчера во 11:40 часот, лицето Г.М.(58) од Струга за исчезната ја пријави нејзината ќерка Р.М. (33) која живее во Скопје. Според пријавителката, Р.М. имала нарушено здравје и во психичка криза можела да се самоповреди. Полициската станица во Струга работи по добиената пријава и презема натамошни неопходни мерки.
повеќе...Кривични пријави за две лица од Охрид поради фалсификување на службена исправа и несовесно работење во службата
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С. (63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа” и против Н.С. (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело , „несовесно работење во службата”. Првопријавениот на 18.11.2013 година во службена исправа – налог за работа, кој лично го составил, внесол невистинити податоци за единечни мери и количини на материјали и услуги за изработена гробница од нарачателот Д.П., а исто така внел и невистинити податоци за цените и услугите кои биле спротивни…
повеќе...Охриѓанец заработи кривична пријава поради оштетување или повластување на доверители
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или повластување на доверители”. Пријавениот во својство на управител на правно лице, знаејќи дека правното лице станало неспособно за плаќање, со намера да оштети доверители, со измамничко дејствие оштетил доверители на начин што при водење стечајна постапка не приложувал документација за начинот како е располагано со наведеното правно лице, односно истиот како физичко лице ги отуѓил материјалите и стоката со кои располагало правното лице, со што противправно се стекнал со…
повеќе...Стружанец заработи кривична пријава поради затајување
НК КР Струга поднесе кривична пријава против Н.К. (24) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 20.01.2017 година во ПС Струга од страна на Н.С. пријавено е затајување на парични срества подигнати од брза пошта во фирма за брза пошта од Струга, од страна на пријавениот кој бил вработен како возач, со што причинил материјална штета на фирмата од 56.000 денари. Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот при што истиот го признал делото и посочил дека го извршил затоа што бил револтиран од сопственикот,…
повеќе...Кривична пријава за лице од Скопје поради фалсификување исправа
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 26.11.2016 година во 20.10 часот на ГП „Деве Баир“, при пасошка контрола, било констатирано дека во патната исправа на пријавената по механички пат биле отстранети две страни, а додека други две страни биле видно одвоени од конецот со кој е споена патната исправа.
повеќе...Кривична пријава за лице од Скопје кај кого била пронајдена дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В. (34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 06.07.2016 година во 18.15 часот на паркинг лоциран на ул.„Караорман” во Охрид, при извршен преглед врз пријавениот и патничко возило „Тојота”, сопственост на неговиот татко, а управувано од него, биле пронајдени три зипер кесички со вкупна нето маса од 5,33 грама марихуана.
повеќе...СВР: Во 2016 имавме стабилна безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид
Во текот на минатата 2016 година, безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид беше стабилна и поволна. Активностите на полициските службеници се преземаа согласно определените стратешки приоритети на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и беа насочени кон сузбивање на криминалот во сите појавни облици и форми, реализација на имотните деликти и пронаоѓање на сторителите на казнените дела кражби и тешки кражби, борба против недозволена трговија со дрога, задржување на поволна состојба во јавниот ред и мир и подигнување на безбедносната состојба во сообраќајот. СВР Охрид, работеше и по…
повеќе...Во два одделни случаи пронајдена дрога кај скопјани во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси”. На 31.07.2016 година во 01.40 часот, на паркинг, полициски службеници забележале паркирано ПМВ ,,БМВ” во кое на задното седиште бил затекнат пријавениот. Кај истиот била пронајдена една најлонска кеса со наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 5,13 грама. СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М. (28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично…
повеќе...