СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С. (26) и П.А. (23), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При извршен преглед над возило управувано од П.А., во кое бил и С.С., пронајдена и одземена била 40,26 грама наркотична дрога марихуана.
повеќе...Tag: полиција
Разрешен началникот на СВР Охрид
Со службен акт од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес, началникот на СВР Охрид Сашо Смилески е известен дека престанува со важност наредбата со која полицискиот службеник Жарко Лазороски се задолжува да извршува работни задачи од работното место началник на одделението на полиција во СВР Охрид. Според истото известување, одлуката на министерот Спасовски има важност од 21 декември оваа година. Жарко Лазороски на местото началник на одделението на полиција во СВР Охрид, беше поставен со наредба од времен карактер, а поради истекување на нејзината важност, на сила стапува одлуката…
повеќе...Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка на патот Охрид – Кичево
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што вчера во 14 часот и 35 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево кај крстосницата со локалниот пат за селото Издеглавје. Од здобиените повреди, на лице место починала Даница И. (74) од Охрид, а нејзината смрт е констатирана од медицинска екипа од Брза помош. Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобиле Б.Н. (68) и Р.И. (74), двајцата од селото Велмеј општина Дебрца кои се задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со полесни повреди се здобил И.С.…
повеќе...СВР Охрид поднесе кривична пријава за битолчанец кај кого бил пронајден хероин
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Битола. Во текот на август оваа година, пријавениот на подрачјето на Охрид вршел продажба на наркотична дрога хероин, по што на 17-ти истиот месец извршен е претрес во неговиот дом во Охрид каде привремено престојувал. Притоа, полициски инспектори пронајдоа една најлонска кеса со извесна количина хероин сокриена во саксиско цвеќе како и алуминиумска цевка и нагорена алуминиумска фолија со…
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец поради обид за убиство
НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А. (56) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа Тетово. На 02.12.2016 година во Кичево, на ул. „Маршал Тито“, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавениот при расправија со остар предмет му нанел телесна повреда во пределот на стомакот на А.Д. (49) од Кичево.
повеќе...Работник од Албанија загина при одрон на земја при градежни работи кај Св.Стефан
Вчера околу 14:00 часот во населба Свети Стефан во Охрид, при изведување на градежни работи, дошло до лизгање на земјиштето и одрон на земја, при што затрупан бил С.Б.(49) од Р.Албанија, кој починал на местото. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, ќе се врши обдукција над починатиот во ЈЗУ Битола.
повеќе...Лишен од слобода стружанец кој нападнал полициски службеник
Вчера околу 21:55 часот во Струга, во кругот на ПС ОН Струга И.М. (27) од Струга физички нападнал полициски службеник кој бил на работното место обезбедување на полициската станица. Во наведеното време во кругот на полициската станица влегло ПМВ „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ж.П. од Струга. Во тој момент полицискиот службеник се упатил кон возилото со цел да праша со која намера ПМВ го паркирал во кругот на ПС. Притоа, од совозачкото место излегол И.М. и без никаква причина упатил закани и физички го нападнал полицискиот службеник,…
повеќе...Притворен охриѓанец поради обид за убиство, нелегално чување оружје и предизвикување општа опасност
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Н.Т. (52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“ и против лицето Ц.М. (38) од с Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дела „помагање“ во кривично дело „убиство во обид“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот Н.Т. му е одредена мерка притвор од 30 дена. На 12.12.2016 година во Охрид во сендвичара, Н.Т. од…
повеќе...МВР: Во Велестово избирачкиот материјал стоел зад oтклучена врата
Вчера во 23:57 часот полициски службеници од ПС Охрид, при обиколка на изборно место бр.1296, лоцирано во с.Велестово, охридско, забележале дека десната влезна врата од објектот-трпезарија од црквата Пресвета Богородица, каде се наоѓал избирачкиот материјал, не била заклучена. На местото излегол Претседателот на избирачкиот одбор, кој кажал дека нема клуч од наведената врата, односно имал клуч само од левата врата од каде бил внесен избирачкиот материјал за тоа изборно место и дека при заминување од избирачкото место не проверил дали десната врата е заклучена. По консултација со советникот од оперативниот штаб…
повеќе...Исчезна петнаесетгодишна девојка од Кичево
На 02.12.2016 год. во 15.50 часот во, ПС Кичево, лицето С.М. (46) од Кичево пријавил дека од 30.11.2016 година од домот во непознат правец се одалечила неговата петнаесетгодишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...