Вчера околу 16:30 часот во Кичево, на ул. „Маршал Тито“, поради нерасчистени должничко-доверителни односи, при расправија, А.Л. (56) од Кичево со остар предмет му нанел повреда во пределот на стомакот на А.Д. (49) од Кичево. Повредениот бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредата истиот бил препратен во Ургентен центар Скопје. А.Л. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Увид извршила екипа од НККР Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
повеќе...Tag: полиција
Кривична пријава против едно лице од Скопје поради недозволена трговија со марихуана
Единицата за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето З.А. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот во текот на ноември 2016 година неовластено набавил поголема количина на марихуана со намера истата да ја продава на уживатели од Скопје. Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога, преземајќи мерки и активности за сузбивање на…
повеќе...Во два одделни случаи пронајдена дрога кај лица од Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против седумнаесет годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.03.2016 година околу 20.30 часот од страна на полициски службеници, во близина на зградата во која што живее пријавениот, бил извршен преглед над истиот и биле пронајдени 6,4 грама наркотична дрога марихуана. СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични…
повеќе...Рибокрадци фатени на плажата кај хотел „Белви“
Вчера во 19:30 часот во водите на Охридското Езеро, на плажата кај хотел „Белви“, полициски службеници од ПС за ГН-Охридско Езеро, при излегување од водата во чамец ги затекнале лицата Б.Б., Р.Б., С.Б. и З.Ц. Лицата се приведени во полициска станица и од истите, со потврда за привремено одземени предмети, одземени се 117 парчиња риба-белвица со вкупна тежина од 12 килограми, 5 рибарски мрежи и 1 метален чамец.
повеќе...Кривична пријава за струшки проценител на недвижен имот
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.С.(62) од Струга лиценциран проценител во Агенција за процена и вештачење на недвижен имот поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – “злоупотреба на службената положба и овластување“ и “фалсификување или уништување на деловни книги“. Пријавениот во корист на учесниците на јавно наддавање, изготвил проценка на деловен простор од 88 м2 на ул “Димитар Влахов“ во Охрид на должникот и други доверители, незаконски смалувајки ја неговата реална вредност, односно деловниот простор при лицитација со лажната намалена пресметка бил проценет на износ од…
повеќе...Загина 69-годишно лице во близина на струшко Радолишта
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 20 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Радолишта. Од здобиените повреди, на лице место почина Елван А.(69) од струшкото село Радолишта. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец од Струга кон Ќафасан управувал патничко моторно возило „Пежо“со струшки регистарски таблици. Во близина на крстосницата за селото Радолишта, поради неприлагодена…
повеќе...Тешко повреден охриѓанец во сообраќајка на ул.„15-ти Корпус“
Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 16 часот и 45 минути се случи на улицата „15 корпус“ во близина на бензиската пумпа „Навис“ во Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здоби Г.К.(62) од Охрид, кој во критичниот момент го преминувал коловозот на место каде нема обележан пешачки премин. Притоа, врз него налетало патничко моторно возило марка „Рено Еспејс“ со охридски регистарски ознаки кое по улицата се движел од правец на селото Лескоец кон улицата „Железничка“. Поради сериозноста на повредите, пешакот…
повеќе...Девојка од Пештани паднала во провалија на планината Галичица
Вчера во 15:45 часот на планината Галичица, после м.в. „Корита“, Н.Џ. (21) од Пештани, охридско, додека се движела со нејзиниот пријател, се лизнала и паднала во провалија. На местото на настанот излегле екипи на Итна медицнска помош и Територијалната противпожарна единица Охрид. Од страна на ТППЕ, Н.Џ. била извлечена од провалијата и била пренесена во Медицински центар Охрид. Констатирано било дека истата е вон животна опасност, а карактерот на повредите дополнително ќе биде утврден.
повеќе...Стружанец загина во сообраќајка на магистралниот пат Струга-Ќафасан
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што вчера во 09 часот и 40 минути се случи на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Мали Влај. Од здобиените повреди, на лице место почина Севдали Ќ.(38) од Струга. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга. Сообраќајната незгода се случила кај местото викано „Василев дол“ кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец од граничниот премин „Ќафасан“ кон Струга управувал патничко моторно возило „Форд Фиеста“со струшки регистарски таблици. Поради неприлагодена…
повеќе...Кривично пријавени пет лица спречени во намера да препродаваат екстази и хероин
Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје за два различни случаи поднесе две кривични пријави до надлежното ОЈО Скопје против лицата Б.М.Ѓ. (30), Д.С. (34) и И.Н. (38) од Скопје како и против С.М. (43) од Скопје и Т.К. (43) од Гевгелија, поради основано сомнение дека во текот на минатиот месец неовластено набавиле поголема количина на синтетичка дрога-екстази и хероин, наменети за улична продажба. За сторените кривични дела – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидени и казниви по член 215, Судија на…
повеќе...