Три лица ги загубија животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 19 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на селото Букојчани. Од здобиените повреди, на лице место починале Халит А.(16), Адмир В.(19) и Зуфер З.(46), сите од кичевското село Колари. Нивната смрт е констатирана од лекар од Брза помош. Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобиле Џ.Ј.(50) од селото Букојчани и А.М.(25) од селото Зајас. Сообраќајната незгода се случила кога возило марка „Форд Ескорт“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од сега починатиот…
повеќе...Tag: полиција
Жител од Брежани во домот неовластено чувал муниција и ловна пушка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.И. (50) од с. Брежани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.01.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот каде биле пронајдени 147 оловни кугли различен калибар, пет испукани патрони, кожен реденик, ловна пушка калибар 12 мм, 122 грама барут, кои пријавениот неовластено ги чувал во својот дом.
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец поради пустошење шума
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шума“. На 16.09.2016 година во 15.10 часот на регионалниот пат Охрид-Ресен, во близина на с. Опеница, од страна на полициски службеници затекнат е пријавениот како управува товарно возило во кое превезувал 4,9 кубни метри бесправно исечени огревни дрва.
повеќе...Кривична пријава за жител од Велешта поради спречување службено лице во вршење службени дејствија
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службени дејствија“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Ќ.(24) од струшкото село Велешта. На 23 минатиот месец, на регионалниот пат Струга-Дебар, пријавениот бил забележан како со товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки превезува огревно дрво. При контрола и преглед на возилото, патролата на шумската полиција констатирала дека приколката од камионот била натоварена со осум метри просторни дабово огревно дрво, за кое пријавениот Б.Ќ. не поседувал соодветна документација. Тој, по констатирањето на…
повеќе...Приведен кичевчанец кај кого била пронајдена дрога
На 26.10.2016 година околу 15.00 часот во Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на ПС од ОНТ Кичево, бил извршен личен преглед на А.Љ. (18) од Кичево, при што била пронајдена една најлонска кеса со непозната растителна материја. Со Потврда за привремено одзмени предмети истата му била одземена. А.Љ. бил приведен и задржан во ПС Кичево, а против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
повеќе...Лица од гостиварско Дебреше краделе во Охрид и Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторени тринаесет казнени дела од кои пет казнени дела „тешка кражба“ и осум „тешка кражба во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (22) и А.М.(20), двајцата од гостиварското село Дебреше. Пријавените, казнените дела ги извршиле во текот на овој месец во деловни објекти лоцирани во деловниот комплекс „Фати трејд“, на кеј „8 ноември“ во Струга. Тука стигнале откако претходно во Охрид извршиле кражба на моторцикл. Во извршувањето на казнените дела, пријавените користеле подесен алат со кој ги кршеле бравите од…
повеќе...Кривична пријава за вработен во ЈП „Македонски шуми“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В. (32) од Охрид-референт за превоз во ЈП „Македонски шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и против Љ.Т. (36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 27.09.2016 година во атар на с. Мрежани Љ.Т. без да поседува одобрение за сеча и превоз, бесправно пресекол 6,3 кубни метри огревно дрво. Г.В. како референт за превоз, без да го утврди потеклото на огревното дрво, изготвил…
повеќе...Професор нападнал ученик во Кичево
На 26ти октомври во 08:00 часот во средното училиште „Дрита“ во Кичево, С.С. (професор во училиштето), на час физичко нападнал ученик од прва година. Имено, ученикот се јавил да одговара, а С.С. почнал да го удира со шлаканици, тупаници и клоци во пределот на главата, лицето и телото, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило модрици и отоци, кои биле констатирани и санирани во Медицински центар Кичево.
повеќе...Кривична пријава за албански државјанин поради сомнение за силување
ПС Кичево поднесе кривична пријава против Х.М. (62) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 19.10.2016 година пријавениот влегол во продавница во Кичево и побарал да купи јакна. Во момент кога бил услужен од вработената, истиот и се доближил и почнал да врши полови дејствија, допирајќи ја по телото. Истата успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија на објектот, од каде земала нож со намера да се одбрани. Во тој момент од другата просторија излегла другата вработена, по што…
повеќе...Мајка пријавила дека исчезнал нејзиниот 27 годишен син
Вчера во 21:50 часот во ПС-Охрид Д.С.(1960) од Охрид, пријавила дека на 16.10.2016 година од семејната куќа во непознат правец се оддалечил нејзиниот син Р.С.(1989).
повеќе...