Промовирани 654 кандидати за полициски службеници

Денеска во Центарот за обука во Идризово на пригодната свеченост беа промовирани 654 кандидати за полициски службеници кои успешно ја завршија едногодишната обука поделена во три образовни модули – сообраќај, јавен ред и мир и гранични работи. Министерот Оливер Спасовски им честита за постигнатиот успех во текот на напорната обука, која се завршува со нивно официјално влегување во системот на Министерството за внатрешни работи и им посака успех во натамошната кариера. „Вие денеска отворате едно ново поглавје во вашите животи. Какво ќе биде и што во него ќе “испишете“- во…

повеќе...

Американски кошаркар почина на тренинг во Охрид

Вчера во Охрид во спортската сала „Билјанини Извори“ починал М.К.Т. (26) од САД, кој пристигнал во Р.Македонија да игра за Кошаркарскиот клуб „АВ-Охрид“. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

повеќе...

Албански државјани сакале илегано да влезат во Македонија

Вчера во 18:30 часот во близина на Граничен камен 45, на подрачјето на ПС за ГН Франгово, поради илегален влез во Р.Македонија, од страна на полициски службеници од ОПКМСР РЦ Запад во СВР Охрид приведени се Д.Г. (33) и К.Г. (20) од Р.Албанија. За настанот е запознаен Јавен обвинител, кој дал насоки истите да бидат задржани во СВР Охрид, а денес да бидат изведени пред Основен Суд Охрид.

повеќе...

СВР Скопје – расветлени две кривични дела

СВР-Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа едно кривично дело ,,кражба“ (џепна) предвидено и казниво по чл.235 ст.1 и едно кривично дело „навлегување во компјутерски систем“предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РМ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 31.000 денари, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Имено пријавениот И.С.…

повеќе...

Тешко повреден велосипедист во сообраќајна незгода во Струга

Вчера околу 12:00 часот во Струга на ул.„Владо Малески“ случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Цитроен“Ц3 со скопски регистерски ознаки управувано од Т.Ѓ. (74) од Скопје и велосипед управуван од В.Т. (72) од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на черепот и левата половина од горната вилица и крварење во главата) се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во МЦ-Струга, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Св.Еразмо-Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот бил извршен од ЈО и увидна…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанка поради фалсификување исправа

ПС Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 17.08.2016 година во Охрид откако предходно на фотокопир изготвила лажно известување, истото му го дала на лицето А.М. од Гостивар за да го употреби како вистинито во банка во Гостивар за да отвори жиро сметка за прилив на 135.000 евра врз основа на судска одлука. Од страна на извршената контрола во банката на известувањето е констатирано дека се работи за фалсификуван документ. Од преземени мерки и извршени разговори со С.М.…

повеќе...

Повредено малолетно лице од струшко Мислодежда

Синоќа во 21:50 часот од Медицински центар Струга е пријавено дека кај нив било донесено лице со повреда во пределот на слабината, нанесена од остар предмет со длабочина од 1 см и ширина од 2 см. На лицето му била укажана медицинска помош и истото ќе биде задржано за натамошно следење на неговата здравствена состојба. Од преземени мерки и активности од ПС Струга било констатирано дека околу 21:00 часот на ливада на влезот во с.Мислодежда, струшко, при меѓусебна расправија на група на малолетни лица, тринаесетгодишник од с.Поум, струшко, му нанел…

повеќе...

Маж си ја прегазил сопругата со автомобил

Вчера во 18:20 часот во с.Радожда, струшко, В.Ш. од с.Враништа, струшко, заедно со својата сопруга М.Ш. (62) влегол во сопственото возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки (со намера да го стартуваат и да заминат) кое било паркирано во дворот на С.Г. Откако не успеал да го стартува возилото В.Ш им рекол на С.Г. и М.Ш. да го истуркаат возилото по нагорнината за да може потоа да се спушти надолу и така да се обиде да го стартува. С.Г. и М.Ш. го туркале возилото, но истото почнало да се враќа наназад,…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Делогожда поради разбојништво

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.А. (38) од струшкото село Делогожда. На трети овој месец, околу 02.00 часот,пријавениот, со намера да изврши кражба пристигнал во охридското село Ново село и затропал на вратата од куќата сопственост на З.Д. (56). Таа, му ја отворила вратата откако Ф.А. и кажал дека сака леб, по што влегол во внатрешноста на куќата. Во момент кога З.Д. се упатила кон кујната, пријавениот ја заклучил влезната врата, се упатил во кујната каде била оштетената и…

повеќе...

Приведена албанска државјанка поради фалсификување исправа

Синоќа околу 21:30 часот од страна на полициски службеници од ОПКМСР при РЦ-Запад, била приведена Р.С.(36) од Р.Албанија поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Истата била задржана во Полициската станица Охрид.

повеќе...