Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,загрозување на сигурноста“ и „тешка телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (37) од струшкото село Радолишта. На втори овој месец околу 03.оо часот, пријавениот влегол во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга и почнал да крши шишиња и чаши. Во еден момент извадил нож и почнал да замавнува кон присутните гости во објектот и да се заканува дека сите ќе ги убие. Со брза полициска интервенција, Д.Ш. е приведен по што одземен му е нож во расклопена…
повеќе...Tag: полиција
Расчистен вчерашниот нарушен ЈРМ на ул „Томас Минцер“
На 10.08.2016 год. во 10,15 час. М.Г од Прилеп, пријавил дека на 09.08.2016 год. околу 12.00 часот на ул. „Томас Минцер” бил физички нападнат од страна на лицето Х.С при тоа истиот најпрвин го влечел за маицата, а потоа го удрил со тупаница во пределот на лицето од левата страна, но од физичкиот напад не се здобил со видливи повреди. До физичкиот напад дошло поради недоразбирање и вербална расправија околу давањето помош на локалното население зафатено од поплавите. На лицето Х.С издаден му е записник за констатиран прекршок по чл.12…
повеќе...Исчезна 33 годишна жена од Македонски брод
Вчера во ПС-Кичево, Г.Д.(38) пријавил дека на 2ри август во непознат правец се оддалечила В.Р. (33) од Македонски Брод, а истата престојувала како гостин во изнајмена соба во хотел во Кичево. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Стружанец заработи кривична пријава поради бесправно градење
Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Г.И. (30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга на ул. „Партизанска“ без одобрение за градење започнал доградба на објект од метална конструкција со намена за вршење угостителска дејност. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен бил записник и донесено било решение од 28ми јуни годинава за отстранување на објектот.
повеќе...Жител од Вапила се самоповредил со пушка
Вчера во 12:45 часот во СВР Охрид, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека Б.К. (88) од с.Вапила, охридско, се самоповредил со пушка калибар 16мм. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, а пушката и еден патрон од истата се подигнати за вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
повеќе...МВР со информација во врска со елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје
Во врска со елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје и неговата околина особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, пријавени се настани со големи штети – срушени и поплавени куќи и возила , а пријавени се починати- удавени и исчезнати лица. За таа цел од МВР беа ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа : крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие…
повеќе...Исчезна 32 годишна жена од Струга
Вчера во ПС-Струга, Х.А.(41) пријавил дека на 24ти јули годинава од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Х.Ш(32). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Момче од Гостивар почина во авто-кампот Градиште
На 4ти август околу 20:37 часот во СВР-Охрид од страна на лекар од Итна медицинска помош било пријавено дека од авто камп „Градиште“ бил донесен починат М.Д. (18) од Гостивар. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. На 5ти август телото на починатиот ќе биде пренесено во Оддел за судска медицина при Клиничка болница Битола за обдукција.
повеќе...Почна селекцијата за прием на 600 полицајци
Административната селекција ја поминаа 3972 кандидати кои се пријавија на последниот оглас за прием на нови 600 полициски службеници што го распиша Министерството за внатрешни работи на 15 јули 2016 година. Според Помошникот министер на Одделот за односи со јавност и стратешки прашања, г. Јордан Ламаноски, во тек се физичките проверки, што е втора фаза од селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници. Физичките проверки, кои се спроведуваат во касарната во населбата Ѓорче Петров, касарната Илинден и во Центарот за обука во Идризово, започнаа во понеделник на 01-ви август и…
повеќе...Кривична пријава за две лица од Охрид поради незаконит риболов
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“,СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(31) и Е.З. (27) двајцата од Охрид. Првопријавениот Е.З. се товари и за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“. На 16-ти јуни оваа година околу 18 часот, пријавените, во водите на Охридското езеро, кај месноста “Грашница”, поставиле риболовна мрежа „крапарка“ во должина од 80 метри со цел незаконито да ловат риба. Тоа го направиле иако знаеле дека во тој период, поради мрест е забранет секаков вид риболов. Нелегално поставената рибарска мрежа, во 19 часот…
повеќе...