Министерството за внатрешни работи ја реализираше оперативната акција „Лотос“, при што беше сузбиена криминална структура од подрачјето на Велес чиј организатор освен што и самиот продавал наркотични дроги на уживатели и дилери, воспоставил и мрежа на препродавачи низ повеќе градови во Македонија. Имено кон крајот на 2015 година, по добиени оперативни сознанија за лица кои препродавале наркотични дроги хероин и марихуана, како и синтетичка дрога амфетамин беа преземени мерки и активности за обезбедување на материјални докази. Во рамки на ацијата која траеше до рано изутринава беа извршени претреси во дом…
повеќе...Tag: полиција
Камион згази 6-годишно дете во Ченто
Вчера околу 10,45 часот во с.Сингелиќ–Скопје, поточно на клучката со ул.„Методија Андонов Ченто“, се случила сообраќајна незгода во која Е.Ш.(1977) од Скопје управувајќи ТМВ„Мерцедес“ удрил во дете велосипедист на вораст од 6 години од Скопје кое поради карактерот на здобиените повреди починало. По незгодата Е.Ш. сам се пријавил во ПС-Гази Баба. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.
повеќе...Две години од хеликоптерската несреќа кај Струмица
Денес, делегација на Министерството за внатрешни работи, заедно со семејствата на трагично загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков во хеликоптерската несреќа што се случи на 10ти Јули 2014 година кај Струмица, одадоа почит на спомен обележјето во Аеродромската база ,„Брест“ во Петровец.
повеќе...Голем пожар во куќа во Струга, зафатени уште осум куќи
Вчера околу 13:10 часот во Струга, на ул„Нико Нестор“ во куќа сопственост на Н.Б.(1959) настанал пожар во кој биле зафатени уште осум куќи. Од страна на ТППЕ-Струга и Охрид, пожарот е локализиран. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот поради немање на услови ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
повеќе...Уапсени четири лица во продолжението на акцијата „Ќелија“
Министерството за внатрешни работи по спроведена сеопфатна истрага поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против С.Р.(26), Б.С.(32), Б.Г.(23), Е.У.(36), Ф.И.(31) сите од Скопје, М.М.(38) од Тетово и С.И.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело учество во „терористичка организација“, односно припадник или тој што помага на било кој начин по член 394-а став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. По спроведените претреси на дом и други простории, по наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на седум…
повеќе...Пронајден 75 годишниот кичевчанец
На 05.07.2016 година во 15:15 часот од страна на полициски службеници од ПС-Кичево во содејство со Шумска полиција, на м.в. „Стредорек“ атар с.Белица, било пронајдено лицето З.С. од Кичево, (кој на 04.06.2016 година во ПС-Кичево бил пријавен како исчезнато лице) со мали видливи повреди во вид на гребнатини на лицето и нозете.
повеќе...СВР Охрид со честитка за празникот Рамазан Бајрам
По повод празникот Рамазан Бајрам, до сите верници од исламска вероисповед од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на големиот празник. „Посакуваме светиот муслимански празник да донесе здравје, среќа, чиста мисла, почит и толеранција, личен и семеен просперитет и благосостојба. Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности во општеството. Блискоста со сите граѓани, законитоста, неселективната…
повеќе...Исчезна 75 годишен кичевчанец
Синоќа во 21:30 часот во Полициската Станица – Кичево, Т.М.(1991) од Кичево, пријавила дека на 03.06.2016 година во 11:00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот дедо З.С. на возраст од околу 75 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Уапсен дилер од Скопје
СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде М.Ш.(43) од Скопје, поради основи на сомневање дека неовластено набавил поголема количина наркотична дрога хероин, која ја препакувал во помали паковки со вкупна нето маса од 27,25 грама, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје. За стореното кривично дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, судија на претходна постапка на сега пријавениот му изрече мерка -задолжително двапати во неделата да се…
повеќе...Албански државјани нападнале полициски службеници во кафе бар во Охрид
На 04.07.2016 година во 01.45 часот во Охрид на ул.„Коста Абраш“ поточно во кафе бар „Ликвид“, по претходно пријавен нарушен јавен ред и мир, од страна на полициски службеници од ПС-Охрид биле забележани две лица кои биле под дејство на алкохол и истите се однесувале агресивно. На барање на полицисиските службеници да се легитимираат лицата одбиле, а во еден момент и физички ги нападнале, по што од страна на полицисиски службеници врз лицата се употребени е средства за присилба – физичка сила, гумена палка и врзување со лисици. Лицата се…
повеќе...