На 10ти мај во 22:15 часот во ПС-Струга, Е.Д. (47) од Делчево, а со привремен престој во Струга, пријавил дека истиот ден околу 17:15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга В.Д. (36) од с.Радолишта, струшко, при што со неа го зела и нивното седуммесечно бебе. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Tag: полиција
Исчезнато 13 годишно девојче од Прилеп
На 10ти мај во 23:15 часот во ПС-Прилеп, вработен во Центарот за социјални работи-Прилеп, пријавил дека тринаесетгодишно девојче, кое со Барање на Министерот за труд и социјална работа е доделена на семејство во Прилеп, излегло од дома и истиот ден во 22:00 часот се јавила на мајка и дека со воз ќе оди во Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Пријава за насилникот кој нападна граѓанин на скопскиот маратон
Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава за физички напад против С.С.(32) кој во неделата, 8 мај, за време на одржувањето на скопскиот маратон нападнал граѓанин кој држел транспарент „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“. Извршен е разговор со С.С. во присуство на адвокат и против него е поднесена прекршочна пријава.
повеќе...Приведен косовски државјанин на ГП „Свети Наум“
Вчера во 14:30 часот на ГП „Свети Наум“, за излез од Р.М. со ПМВ „Голф“ со косовски регистарски ознаки се пријавил Д.Б. од Косово. Од извршената проверка утврдено е дека сопатникот А.В. (29) од Косово, констатирано е дека не евидира, односно нема легален влез во Р.Македонија. Истиот е приведен во Полициската станица, а во 17:00 часот, со потврда за предавање на лице, е предаден на полициски службеници од РЦ-Запад за понатамошна постапка.
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена дрога
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Охрид. При претрес извршен во домот на сега пријавениот, во внатрешниот дел од бојлерот во тоалетот, пронајдени и одземени се две мали кеси со 26 хартиени паковки опојна дрога марихуана. Претресот и пронаоѓањето на марихуаната се реализирани по добиени оперативни информации дека А.П. набавил опојна дрога и во неговиот дом ја препаковал во помали количини, наменети за понатамошна препродажба на наркозависници…
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец поради загрозување на животната средина и природата со отпад
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против С.М.(29) од Кичево. Пријавениот, подолго време вршел трговија со отпад без да поседува дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. На 12-ти април оваа година, полициски службеници во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола во отпад за стари возила сопственост на С.М. лоциран во близина на раскрсницата од улицата „Маршал Тито“ со регионалниот пат Кичево-Македонски Брод. Притоа, било утврдено…
повеќе...Честитка од министерот Спасовски за 7 Мај – Денот на полицијата
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со честитка по повод 7ми мај – Денот на македонската полиција. „Како министер за внатрешни работи ми претставува особена чест и задоволство на сите припадници на Министерството за внатрешни работи да Ви го честитам 7 Мај -Денот на полицијата и да Ви заблагодарам за посветеноста и пожртвуваноста што ја манифестирате во Вашето секојдневно ангажирање изразувајќи ја Вашата човечност и хуманост во справување со кризните состојби. Вашата заложба и професионалност која ја покажувате е пример како полицијата треба да биде гарант за безбедноста на сите…
повеќе...Одбележан Денот на полицијата и 35 години од формирањето на „Тигрите“
Луѓето што стојат на оваа говорница се менуваат, ама довербата на граѓаните на оваа држава во сината униформа што ја носите е нешто што се гради макотрпно со генерации и трае многу подолго од еден министерски мандат, е пораката што ја упати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешното одбележување на 7-ми Мај, Денот на македонската полиција и 35 годишниот јубилеј од формирањето на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) „Тигри“, во скопската касарна „Илинден“. Да се биде припадник на полициските сили никогаш не е лесна задача, нагласи Спасовски, додавајќи…
повеќе...Спасовски: „Наша примарна цел е изградба на институција што во секој поглед ќе биде безбедносен гарант и сервис на сите граѓани на РМ
Интегрално обраќање на министерот Спасовски по повод 7-ми мај Денот на македонската полиција „Голема е честа, но и одговорноста, да се говори пред вас. Од оваа говорница денес ќе чуете поинакво обраќање од она што досега сте го слушале. Нема да Ви одржам обичен, стандарден говор, полн со многу зборови кои ништо не кажуваат, со вообичаени флоскули и веќе чуени пораки. Нема да Ви ги споменувам ни уставот ни законите. Tие мора да се почитуваат, а не само да се споменуваат. Ова не се обични времиња, ова не се обични…
повеќе...Mинистерот Спасовски положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полицијата
По повод 7-ми мај Денот на македонската полиција, денес во МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полицијата во кругот на министерството. На настанот којшто практично е почеток на денешното одбележување на денот на македонската полиција цвеќе положија и претставници на семејствата на загинатите припадници на МВР, кои по ова беа примени од министерот Спасовски. Инаку централниот настан во рамки на празникот се одржа во касарната Илинден.
повеќе...