Откриени 20 кг. марихуана во возило на ГП Табановце

Вчера околу 23,20 часот на излез од Р.Македонија на ГП „Табановце“ за царинска и полициска контрола се пријавило ПМВ марка КИА тип Карнивал со бугарска регистерска ознака бр.Е4203КС, управувано од В.М.Ч (52 години), државјанин на Р.Бугарија. Наведеното ПМВ било селектирно од страна на полициски службеник од ПС за ГП „Табановце“ за детална контрола и личен претрес. При контролата на возилото во делот за резервната гума, во самата резервна гума, во задниот дел од задните седишта, во предните калници, во вратата за багажниот простор и во страничните пластики на задните седишта…

повеќе...

Кривична за лице од Дебар кое овозможувало употреба на дрога во струшки хотел

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „овозможување употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.К. (21) од Дебар. На 26-ти јануари оваа година, пријавениот е затекнат во вршење на кривичното дело во еден хотел во Струга заедно со Б.И. (33) од Струга и Д.Б. (21) од Дебар. Тој, хотелската соба претходно ја изнајмил по што ги повикал двајцата пријатели овозможувајќи им консумирање наркотична дрога хероин. Поседувајќи квалитетни оперативни информации за можната средба, полициските службеници ги следеа движењата на пријавениот…

повеќе...

Непознат сторител извршил кражба во стан во Охрид

На 13ти април во периодот од 11.00 до 14.00 часот непознат сторител извршил тешка кражба во станот сопственост на С.Т. (53) од Охрид, а со живеалиште во Ресен на ул. „Корчуланска“. Сторителот насилно влегол внатре, извршил претурање и одзел разновиден златен накит по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Кривична пријава за двајца стружани поради бесправно градење

ПС- Струга поднесе кривична пријава против Н.Г. (47) и С.Г. (55), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Првопријавениот како инвеститор на локација во Струга, на м.в. „Висока Топола“, без одобрение за градење, започнал градба на деловен објект. Од страна на градежен инспектор донесено е решение за отстранување на објектот. Второпријавениот како инвеститор на локација во Струга, м.в. „Висока Топола“ започнал со реконструкција на деловен објект без одобрение. Од страна на градежен инспектор донесено е решение за отстранување на градбата – реконструкција на…

повеќе...

Пронајдена дрога кај 28-годишен охриѓанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.А. (28) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 9ти ноември минатата гдодина при преглед на патничко возило Ауди управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле 0,34 грама наркотична дрога марихуана и 0,97 грама семки канабис.

повеќе...

Обука за гранични полицајци во соработка со Француската амбасада

Во рамките на билатералната техничка соработка, предвидена за 2016 година, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во организација на Службата за внатрешна безбедност при Француската амбасада во Скопје, од денес до 16 април ќе организираат обука на тема ,,Зафати и професионални техники на интервенција“. Обуката ќе биде реализирана во Центарот за обука во Идризово и ќе биде наменета за 20 полицајци од секторот за граничната полиција и полициски службеници од полициските станици од сите Сектори за внатрешни работи. Оваа обука е дел од повеќегодишната серија на обуки наменета за…

повеќе...

Вработени во фирма во Струга извршиле нелегална сеча на дрва

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правниот субјект АД „Илинден“ од Струга и Р.Т. (63) од Струга, директор во „Илинден“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“. Во текот на јануари 2016 година вработени во акционерското друштво, бесправно и без никакво одобрение за сеча, извршиле сеча на дабова шума во ширина 120 метри и должина од 200 метри. Бесправната сеча се случила во катарстарска општина „Издеглавје“ на м.в. „Брежница“. На тој начин била извршена нелегална сеча на дабово огревно дрво со вкупна дрвна маса од…

повеќе...

Кривична за албански државјанин поради одземање возило и напад врз службено лице

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „одземање на моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П. (24) од Прењас-Република Албанија. Тој, на 27 јануари годинава, кај „Ќафасан“ илегално ја преминал македонско-албанската граница и се упатил кон селото Велешта. Таму, во автосервисот „Пети“ забележал патничко моторно возело „Фиат Мареа“ со оставени клучеви на бравата по што го одзел и се вратил кон граничниот премин „Ќафасан“ каде го оставил возилото и се вратил во Албанија. Истиот…

повеќе...

Вработен во општина Струга фалсификувал и употребил исправа со невистинита содржина

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување на исправа“ и „ употреба на исправа со невистинита содржина“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.А. (48) од струшкото село Заграчани, вработен во општина Струга. Во периодот од април 2015-та до јануари 2016-та година, пријавениот во својство на службено лице вработен во општина Струга, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од вработен и овластен работник во одделот за финансии во општина Струга, побарал да му изготви уплатница ПП-60 од општината…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „овозможување употреба на наркотични дроги“, полициската станица од Кичево, поднесе кривична пријава против Г.М. (25) од кичевското село Другово. Во текот на јануари оваа година, при извршен личен преглед над пријавениот, пронајдени и одземени се една самоделска цигара со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 0,18 грама како и едно целофанско пакување со наркотична дрога марихуана со нето маса од 0,15 грама. Опојната дрога марихуана, пријавениот ја набавил од лице од Скопје со цел заеднички да ја користат…

повеќе...