Откриени фалсификувани банкноти при претрес на автомобил на патот Охрид – Кичево

Вчера околу 16:15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево полициски службеници, по писмена наредба од Основен суд Кичево, а поради постоење основи на сомнение дека се превезуваат фалсификувани пари, извршиле претрес во ПМВ „Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ДПТ „Адријус“ДОО-Скопје, а управувано од Т.А. (44) од Скопје, во кое како сопатници биле лицата В.И. (45) од с.Сарај, скопско, и И.К. (47) од Скопје. При претресот над лицата и возилото биле пронајдени 51 фалсификувана банкнота од по 500 денари во чанта на И.К., нотес со евиденција каде ги пуштал во…

повеќе...

Пронајдена дрога при претрес во дом во Делогожда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.К. (28) од струшкото село Делогожда. На 27-ми јануари годинава, при претрес извршен во неговиот дом, пронајдени се 94 грама опојна дрога марихуана. Полициски инспектори од Струга, во фиока од масичка во спалната соба, забележаа две најлонски кеси со марихуана наменета за натамошна продажба на други наркозависници и една дигитална вага марка „Фуего“. Марихуаната е одземена и предадена не вештачење во…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Велешта кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Б.(29) од струшкото село Велешта. На 20-ти јануари годинава, при претрес извршен во угостителски објект без ознаки лоциран во центарот на селото Велешта, со кој работел пријавениот, на две одвоени места пронајдена е помала количина опојна дрога марихуана. Полициски инспектори од Струга, во делот кај помошната кујна во висечкиот ормар од угостителскиот објект пронајдоа едно најлонско кесе со 1.75 и 1.41…

повеќе...

Приведен албански државјанин на ГП Ќафасан

Вчера во 09.00 часот на Граничниот Премин – Ќафасан, на влез во Р.Македонија, при извршените гранични проверки било констатирано дека Ј.К.(26) од Р.Албанија, евидентира во стоп-листата со мерка „лиши од слобода“, поради што истиот е приведен. Истиот во 09.50 часот со Потврда за предавање на лице е предаден на Полициската станица – Струга за понатамошна постапка.

повеќе...

Исчезна 13 годишно девојче од Кичево

На 28-ми март во 16:30 часот во Полициската Станица Кичево Ј.Б. (43) од с.Другово, кичевско, пријавила дека истиот ден нејзината тринаесетгодишна ќерка не се вратила дома од училиште. Во 12:40 часот девојчето излегло од училиште и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

???????? ?? ????????? ?????? ??????????? ?? ?????? ?????? ??? ??????? ??? ????????

?????? ???????? ?????? ?? ???????? ?? ??????? ??????? ???? �??????????? ?? ?????? ?????? ??? ??????? ??? ????????�, ??????????? ??????? ?? ?????? ??????? ???????? ??????? ?????? ?.?. (59) ?? ????????? ???? ???. ?? 20-?? ???? ????? ????? ??????, ??????????? ?? ?????? ?? ????? ?? ?????????? ?????????? ?.?. (54) ?? ?????? ?? ?????? ??????? ?? ????????? ???? ?? ????????? ??? ?.?. ??????????? ???????? ?? s???? ? ????? ?? ??????? ?? ?????? ?? ???, ?? ?.?. ???? ??? ?????????? ?????????? ?? ??????, ???????? ???????? ?????????? ????? ????????? ????. ?? ?????? ???? ?? ??????…

повеќе...

Кривична за стружанец поради загрозување со опасно орудие при тепачка или караница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Р. (59) од струшкото село Шум. На 20-ти овој месец околу пладне, пријавениот се упатил во домот на албанската државјанка Б.Ц. (54) со намера да побара враќање на паричниот заем од нејзиниот син Џ.Ц. Пријавениот започнал да sвони и удира по вратата од станот по што, со Б.Ц. која има привремено живеалиште во Струга, започнал вербална расправија околу паричниот долг. Во момент кога од станот…

повеќе...

Заедничка тактичка вежба во СЦ „Борис Трајковски“

Денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“, беше реализирана заедничка тактичка вежба на специјалните единици на МВР заедно со Специјалната оперативна команда на САД во Европа (US SOCEUR) во рамките на обуката за македонските безбедносни сили. Оваа заедничка тактичка вежба опфаќа сценарио во реални состојби и ситуации во моменти на безбедносни кризи со закани од минско експлозивни направи за време на спортски настан, заложничка ситуација, како и преземање на конкретни мерки и активности согласно процедурите и нормите кои што се спроведуваат во вакви и слични безбедносни појави. Оваа обука континуирано ќе…

повеќе...

Приведен малолетник од Албанија поради кражба на возило во Струга

Синоќа по полноќ во Полициската Станица, Струга приведено е и задржано седумнаесетгодишно лице од Република Албанија, затоа што истиот е извршител на кривично дело „кражба“ на возило.

повеќе...

Проект „Превенција од пороци“ на охридската полиција

„Живеј здраво, живеј безбедно“ е мотото под кое СВР Охрид преку оделението за превенција ќе отпочне со реализација на проектот „Превенција од пороци“. Со проектот се планира преку пауер поинт презентација и низ интерактивен пристап, во охридските основни училишта да се одржат низа едукативни работилници на тема недозволена трговија со дрога. Проектот кој има превентивен карактер, отпочнува денес со предавања што полициски службеници ќе ги реализираат во Основното училиште „Христо Узунов“. Основна цел е подигнување на свеста кај децата за опасностите од пороците (цигари,алкохол и дрога) по нивното здравје но…

повеќе...