Министерството за внатрешни работи денеска ќе поднесе кривична пријава против С. Ј. и А.Т. за сторено кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“. На 15.03.2016 првопријавениот С.Ј. и второпријавениот А. Т. организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“со што сториле кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“ предвидено и казниво по чл.155 од КЗ на РМ. На 14.03.2016 година платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, благовремено со писмен допис се обратиле до…
повеќе...Tag: полиција
Две непознати лица извршиле разбојништво во Струга
На 14ти март околу 18.00 часот во Струга две непознати лица извршиле разбојништво над Д.П. (27) од с.Богомила, велешко. По претходен договор за купопродажба на ПМВ „БМВ“, Д.П. дошол во Струга и се сретнал со лицето договарач Телемак „Н“ и уште едно непознато лице. Во еден момент му впериле пиштол во слепоочницата, му ставиле платнена прекривка и бил удиран по главата. Притоа му одзеле паричник во кој имало лична карта, 1.300 денари, трансакциски картички од банки, 6 400 евра и мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и…
повеќе...Кривична за стружанец поради злоупотреба на службена положба и овластување
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама” и „злоупотреба на службена положба и овластување” полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.А. (48) од струшкото село Заграчани. Пријавениот, на почетокот на минатата година, во својство на службено лице вработен во општина Струга, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, на лице од Струга му ветил измена на урбанистички план за катарстарска парцела за што противправно примил 12.500 евра. П.А. најнапред како раководител на одделението за административна подршка на советот, а…
повеќе...Во два одвоени случаи поднесена кривична пријава за лица кои бесправно граделе
ПС Струга поднесе кривична пријава против А.А. (36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга без одобрение за градење започнал градба на објект – станица за технички преглед на возила. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот. ПС Струга поднесе кривична пријава против Ќ.М. (56) од с. Биџево, управител на ГТУД „Трим“ ДОО – Охрид и правното лице ГТУД „Трим“ ДОО Охрид, поради…
повеќе...Стружанец бесправно градел во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М. (37) од струшкото село Враништа. Во текот на јануари оваа година, пријавениот на катарстарска парцела бр.16598 Охрид-3 на закупен угостителски објект на Кеј „Македонија“, без да поседува одобрение за градење, на два оградни зидови поставил по пет „пвц“ прозори од кои осум со димензии 2,25 метри x 0,7 метри и два прозори 0,75 метри x 0,7 метри. Пријавениот прозорците ги поставил на објект, за кој овластениот градежен инспектор од Општинскиот инспекторат од Охрид,…
повеќе...Обука за Граничната полиција за анализа на ризици и за новиот Концепт за управување со ризици
Во рамки на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, од 7 до 11 март во Центарот за обука во Идризово, се одржа интензивна обука за Анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот Концепт за управување со ризици. Функционален и добро организиран систем за гранична безбедност кој е во согласност со условите на Шенгенскиот договор и на Европската унија, е еден од предусловите…
повеќе...Кривична пријава за албански државјанин поради кражби во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.С. (20) од Прењас – Република Албанија. На 2о-ти минатиот месец, пријавениот, со употреба на камен го скршил стаклото од влезната врата на една фризерница лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга. Тој, откако извршил пребарување, одзел повеќе апарати за потстрижување и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.000,оо денари. На почетокот на февруари годинава, пријавениот Н.С. со камен скршил прозор од приземјето на куќа лоцирана…
повеќе...Ограбена продавница во Струга
Вчера околу 21:45 часот во Струга, на ул.„Моша Пијаде“ поточно во продавница „Балко-Пром“ едно непознато лице со закана со пиштол од една вработена одзел околу 1000 денари и 25 штеки цигари по што го напуштил местото на настанот. Увид на лице место извршила увидна екипа на Полициската станица – Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
повеќе...Реализиран проектот „Кривично дело криумчарење мигранти“
Преставници на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија,Оддел за гранични работи и миграции во соработка со Регионалените центри за Гранични работи и Одделението за превенција во СВР на РМ организираа заедничка активност од областа на превенцијата на тема:„ Превенција на кривично дело Криумчарење мигранти“ – Проектот има превентивен и едукативен карактер, со цел зголемување на безбедноста и ефикасна имплементација на одлуката за прифат и транзит низ Република Македонија само на мигранти кои потекнуваат од држави зафатени со воени конфликти и недозволен влез на мигранти од останатите држави. Од страна…
повеќе...Грчки државјанин со возило повредил полициски службеник кај Подмоље
Утрово во 01:50 часот на магистралниот од с.Подмоље кон Охрид, полициски службеници издале наредба за запирање на ПМВ „Сеат Ибица“ со грчки регистарски ознаки. На оваа наредба возилото не застанало, но по втората наредба за запирање возилото застанало. Кога полициските службеници се доближиле до возилото, возачот го стартувал возилото наназад, по што со задната лева страна удрил во левата нога, во пределот на коленото, на полициски службеник. Поради заплашување и запирање на возилото, друг полициски службеник испукал еден куршум во воздух со службено формациско оружје. После тоа возачот застанал со…
повеќе...