Вчера во 15.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, се случила сообраќајна незгода во која Е.У. (54) од с.Зајас, кичевско, управувајќи ПМВ „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата Е.У. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева клучна коска) и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.
повеќе...Tag: полиција
Го убил деда си заради имотот
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ш. (21) и А.Н. (20) и двајцата од село Пласница поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело -“убиство“ предвидено и казниво според чл.123 ст.1 од КЗ на Р.М. Пријавените се сомничат дека на 11.10 2014 година во периодот меѓу 20,30 – 22,30 часот го нападнале и убиле 71 годишниот Риза А. исто така од Пласница. Имено, пријавените се познавале со жртвата, А.Ш бил негов внук од син и живеел во истата куќа со Риза А. а и второпријавениот А.Н. честопати доаѓал во домот…
повеќе...Убиен маж во Кичево
Полициската станица од Кичево, презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „разбојништво“ во кое со смртни последици се здобил Зулфиќар М. (77) од Кичево. Безживотното тело, го пронашол неговиот син вчера во 16 часот и 55 минути во куќата на својот татко на улицата „Јосиф Јосифоски-Свештарот“ во Кичево. Тој, при влегување во куќата забележал претурање на предметите од покуќнината, а во една од собите на приземјето го видел безживотното тело на неговиот татко. Смртта ја константирал доктор од „Општа болница“ од Кичево кој забележал видливи повреди во…
повеќе...Спасовски: „На граѓаните им е потребна професионална и департизирана полициска служба“
„Граѓаните очекуваат полицијата да ги извршува задачите во согласност со највисоките стандарди и да е прва во почитувањето на истите. Полицијата мора да ја заслужи довербата од граѓаните, а довербата може да ја заслужи само доколку покаже апсолутна професионалност правичност и чесност во извршување на своите задачи“. Ова меѓудругото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето поздравно обраќање пред почетокот на работилницата тематски насловена како “ интегритет, планирање и менаџирање“ што денес, во организација на ДЦАФ (Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили) а во рамки…
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец поради незаконит риболов
Регионален Центар за Гранични Работи – Запад поднесе кривична пријава против Д.Ѓ. (51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „незаконит риболов”. На 26-ти јануари годинава од страна на полициски службеници од Полициската станица за ГН „Охридско Езеро“ на брегот на езерото наспроти плажа „Потпеш“, пријавеното лице било затекнато со метален чамец и рибарска опрема како врши незаконит риболов. При извршен преглед над металниот чамец пронајдени се две рибарски мрежи.
повеќе...Фатени двајца сторители на разбојништвото во Велес
Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С. (1982) од село Бузалково- СО Велес, Ќ.А. (1990) и А.К. (1996) двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека заедно сториле едно кривично дело „разбојништво“, првопријавениот сторил едно кривично дело „помагање во извршување кривично дело“, и второпријавениот е осомничен дека сторил едно кривично дело „недозволено држење оружје и распрскувачки материи“. Трите пријавени лица утрото на 08.02.2016 година се сретнале во близина на Спомен Костурница во Велес и направиле договор за поделба на улогите при извршување…
повеќе...Исчезнато лице кај кампот на Феријален Сојуз -Охрид
Вчера во 11.55 часот во Полициската станица-Охрид Н.М. (54) од Охрид пријавил дека на 02.02.2016 година во 13.00 часот од камповите кај Феријален Сојуз-Охрид, во непознат правец се оддалечил неговиот брат Е.М. (49), каде истиот престојувал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Струшката полиција поднесе кривична пријава за скопјанец поради измама
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.А.(44) од скопското село Сарај. Во врска со кривичните дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, во пријавата, опфатени се и Б.Д (54) од Велес и Ф.А.(43) од Желино. Во текот на ноември минатата година, првопријавениот М.А. од лице од струшкото село Франгово купил патничко моторно возило „Митсубиши Пајеро“. Купопродажбата била со усмен договор за сума од 9000 евра, со дадена сообраќајна дозвола но без полномошно за управување и…
повеќе...Охриѓанец починал во казино во Струга
Вчера околу 22:50 часот во Полициската станица Струга вработена во казино „Слот“ во Струга, пријавила дека Ј.М.(54) од Охрид, играјќи на еден од апаратите наеднаш паднал на подот во безсознание. Истиот со возило на итна медицинска помош пренесен во Медицинскиот центар-Струга каде што е констатирана смрт без траги на насилство.
повеќе...Кривична пријава за скопјанец за злоупотреба на лични податоци на Фејсбук
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.В.(37), за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот во период од неколку месеци незаконски прибавил лични податоци на оштетената Л.Ш. на социјалната мрежа „Facebook“ и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нејзините лични податоци на интернет, односно пристапувал на нејзиниот профил и од истиот објавувал разни објави и фотографии со недолична содржина. По пријавувањето на случајот од страна на оштетената извршена е истрага од страна на…
повеќе...