Кривична пријава за кичевчанец поради производство и дистрибуција на детска порнографија

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (18) од Кичево. Пријавениот, во текот на септември, октомври и ноември 2014 година, со својот мобилен телефон снимил, зачувал, а потоа дистрибуирал фотографии и видео материјал со порнографска содржина од неговата малолетна девојка. Тој откако на различни локации во Кичево го снимил порнографскиот материјал, преку програмите за Интернет комуникација WhatsApp и Viber ги дистрибуирал до поголем број сопственици на мобилни апарати и ученици во средното училиште…

повеќе...

Кривична пријава за 19 годишен скопјанец за “производство и дистрибуција на детска порнографија“

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, за сторено кривично дело – “Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193 ст.3 в.в. ст.2 од КЗ на РМ, кој во текот на месец ноември 2014 година, преку неговиот лаптоп компјутер набавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што истата ја зачувал на локалниот диск на неговиот компјутерот. Имено, на 22.01.2015 година постапувајќи по Наредба за претрес на дом и други…

повеќе...