Во сабота „Парламентарки“ – хуманитарно за загрозените од поплавените подрачја

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид, Охридскиот народен театар во сабота (17ти септември) со почеток во 20:00 часот хуманитарно за загрозените од поплавените подрачја ќе ја изведе театарската претстава „Парламентарки“, во режија на Ненад Витанов. Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев. Влезот чини 150 денари.Препорачана возраст: +15.

повеќе...

Успешен настап на театарската група при Црвен крст во Требиње

Во четиридневна посета на Црвен крст Требиње, Босна се наоѓа делегација на Црвен крст Охрид составена од членови на Театарската група на волонтери при Црвен крст Охрид. Тие вчера, во Домот на млади во Требиње, имаа успешен настап пред публиката во Требиње со изведбата на театарската претстава „Фортуна“ во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска. Оваа средба на младите во Требиње ќе ја зајакне и прошири постоечката соработка на двете организации на Црвен крст и во делот на театарската уметност со дефинирање на учеството на волонтери на Црвен крст…

повеќе...

Театарската претстава „Спобудалената локомотива“ вечерва на Охридско лето

Во рамките на драмскиот дел од програмата на Охридско лето вечерва на програмата е „Спобудалената локомотива“од Станислав Игнаси Виткиевич во режија на Јернеј Лоренци. Претставата, во изведба на Словенечки народен театар – Драма, Љубљана, Р.Словенија се игра во Центарот за култура со почеток од 21:00 часот. Поставувањето на самата претстава е вистински предизвик – како да се одржи експериментална, авангардна драма од 1923 година, претстава базирана на едвај одредена доктрина на „чиста форма“. При изведбата чистата форма е исполнета со моќни музички експресии. Конзистентноста, убедливата и точната тимска глума, храбрите решенија…

повеќе...

Претставата „Магбет“ наместо на Долни Сарај ќе се игра во ЦК „Григор Прличев“

Претставата „Магбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Диана Добрева, во изведба НУ Албански театар – Скопје, Р.Македонија, која е на програмата на Охридско лето четврток (11.08.2016 година) од 21 часот поради временските неприлики и најавите за можни врнежи наместо на Долни Сарај ќе се игра на сцената во Центарот за култура.

повеќе...

Премиера на претставата „Бар-Ремарк“ на „Охридско лето“

Народниот театар од Битола вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“ премиерно ќе ја изведе својата најнова претстава „Бар-Ремарк“, поставка на рускиот режисер Александар Баргман, работена според делото „Тројцата воени другари“ на Ерих Марија Ремарк. Премиерната изведба на „Бар-Ремарк“ ќе се одигра со почеток во 21 часот, во предворјето на црквата „Света Софија“. „Кога се читаат делата на Ремарк се стекнува впечаток дека секое му е автобиографско. Со оглед на неговата голема вештина да опишува различни ситуации и стил на пишување разбирлив за секого, отворајќи различни прашања и покажувајќи извонредна писателска…

повеќе...

Драмска изведба на шекспировите „Сонети“ на „Охридско лето“

Битолскиот народен театар вечерва од 21 часот во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе ја изведе театарската претстава „Сонети“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски. Оваа претстава ќе се игра на репертоарот на фестивалот „Охридско лето“ како дел од проектот „Младо театарско Охридско лето“. Станува збор за двајца исклучително млади режисери, кои повеќе од една година се членови на Битолскиот народен театар. Првиот дел од претставата која нуди две различни естетики го режира Ристовски, а вториот Илиевски. Се работи за една тема со две потполно…

повеќе...

Младо театарско Охридско Лето: Вечерва театарската претстава „ActOrchestra“

Во рамките на „Младото театарско Охридско лето“ вечерва, во предворјето на Св.Софија, со почеток во 21:00 часот ќе биде одиграна театарската претстава „ActOrchestra“, во режија на Хорија Суру, а во изведба на И.Л Карагиале, Национален театар Букурешт. Во претставата играат актерите Петре Анкута, Флорин Калбајош и Емилиан Марнеа. „Ако сега треба да го дефинираме жанрот, не би можеле да го наречеме концерт, музичка драма, импровизација или актерска игра, туку ова е единствено шоу од тројца актери и 20 други партнери … или музички инструменти. ActOrchestra го преобразува концертот во целосна театарска претстава, каде зад сцената…

повеќе...

„Импровокација“ вечерва повторно пред охриѓани

Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, охридскиот Народен театар повторно ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Претставата е со почетокво 21:30 часот. Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена…

повеќе...

Претставата „Сонот на Гогољ“ вечерва на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивало Охридско лето, вечерва во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот, театарската работилница „Сфумато“ од Софија ќе ја изведе претставата „Сонот на Гогољ“. „Ова не е само едноставна изведба на текстовите на Гогољ, ова е последователна експедиција на Сфумато во светот на авторот. На хоризонтот во нашата потрага, можеме да ја замислиме фантазмагоричната силуета на Гогољ обвиткана околу неговиот добро познат шинел, која срамежливо се прикрадува кон импозантната улица „Невски проспект“ – која е моќен приказ на империјата Санкт Петербург. Тој…

повеќе...

Претставата „Комедија на грешки“ вечерва на Охридско лето

Драмската програма на годинешното 56. издание на „Охридско лето“ ќе биде отворена со настапот на НУ „Турски театар“ од Скопје, со последната нивна престава, поставката на „Комедија на грешки“ од Шекспир во режија на Коле Ангеловски. Директорот на Турскиот театар на денешната прес-конференција Атила Клинче, рече дека оваа претстава е продолжение на заложбите на куќата да ги обработува класиците, но во модерна форма. „Специфичноста на Турскиот театар е обидот да го синтетизираме стариот турски традиционален театар со класичните дела на Шекспир, што сметаме дека успешно го правиме преку нашите режисери, по…

повеќе...