Народен Театар Охрид со „Малограѓанска Свадба“ вечерва на „Чернодрински“

Народен Театар Охрид и оваа година ќе учествува на реномираниот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп кој се одржува по 48-ми пат.  Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма – Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни. Театарот од Охрид ќе се претстави со претставата „Малограѓанска Свадба“ од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.…

повеќе...

„Ракатки“ го оправда своето постоење на литературното небо

 Во Прилеп, на 20 и 21 април се одржа деветтиот литературен фестивал „Ракатки 2013“, под мотото „Детскиот свет е најубав свет“. На манифестацијата учествуваа триесетина ученици од цела Македонија, чии творби беа избрани од преку 100 пристигнати литературни дела. Литературните творби беа создадени од ученици на возраст од 7 до 15 години, а издадениот алманах сведочи за нивниот талент за убаво творење.  Градот -херој, Прилеп, широко ги отвори своите врати за сите учесници на фестивалот. Градската библиотека „Борка Талески“ беше претесна да ги прими сите љубители на убавиот пишан збор.…

повеќе...

Курајчките василичари учествуваа на карневалот „Прочка 2013“ во Прилеп

По повод карневалот „Прочка 2013“ во Прилеп, а по покана од организаторот на карневалот, годинава Курајчките василичари беа нивни гости. Во текот на вчерашниот ден, покрај многубројните маски кои продефилираа на карневалот „Прочка 2013“ во Прилеп, на долгата колона  во својот ред беше и Курајчката традиционална маска, која броеше 42 василичари. Курајчките василичари беа 59ти по ред, каде со својата специфичност на маските беа препознатливи, а маската ја отсликуваше традицијата која е добро позната, обредот кој се изведува на 13ти јануари со посетата на секоја куќа во Куратица. „Под мотото…

повеќе...