„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Денес во рамки на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид” кој е во реализација на Општина Охрид во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец” се започна со делење на жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Железничка”, „Прилепска”, Винковачка”, „Прилепска”, „Будва” и ул. „Кленоец”. Граѓаните кои се заинтересирани за оваа акција, и кои живеат на овие улици, можат да подигнат жардиниери со цвеќе денес и утре (6 и 7 јуни), а при себе треба да имаат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

повеќе...

Проект „Обединети преку спорт“

Невладината организација ТАКТ, започнува со реализација на проектот „Обединети преку спорт“, поддржан од амбасада на САД во Македонија, чија цел е да се промовира социјално вклучување на маргинализираните групи преку спортски активности, зајакнување на жените преку спортот, и решавање на конфликти и градење на мирот преку спортот. Проектот ќе создаде Мрежа на Спортски Лидери, кои ќе учествуваат на работилници и активности за градење на капацитети, предводени од национални и меѓународни експерти. Лидерите ќе развијат и имплементираат акциски планови во нивните заедници, промовирајќи ги горенаведените теми. Покрај ова, лидерите ќе имаат…

повеќе...

Во Охрид ќе се реализира Проектот „Љубовни рецепти“ со истражување, едукативен камп и марш за ненасилство и женски права

Младински Совет Охрид, во соработка со центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, и младинското здружение „ФОКУС“ од Ресен, започна да го реализира проектот „Љубовни рецепти“. Проектот претставува кампања за освестување на младите девојки за родовиот идентитет, како и за нивна борба против насилството, пред се во адолесцентни врски. Целта е девојките да се освестат да го препознаат родно условеното насилство и да се оспособат да развијат механизми за да се соочат со истото, со што ќе влијаат врз промена на личните ставови, за да можат да остварат квалитетна љубовна…

повеќе...

ОУ „Кочо Рацин“ дел од проектот „Ноќ со Андерсен“

Во периодот од ноември 2016 до 2 април 2017 година ОУ „Кочо Рацин“ Охрид беше дел од проектот „Ноќ со Андерсен“, интернационален проект од Министерство за култура на Чешка и Министерство за култура на Словачка. Идејата потекнува од 2000 година од Чешка библиотека. Оваа година за првпат се вклучија и училишта од Македонија, благодарение на Весела Богдановиќ светскиот учител и амбасадор. Целта на проектот е запознавање со голем број бајки, поттикнување желба и интерес за читање, унапредување вештини за читање, користење и селекција на достапни ресурси на оригинален забавен начин. OУ…

повеќе...

Во ОУ „Братство Единство“ ќе се реализира завршна активност од проектот „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“

Вечерва во ОУ„Братство Единство“ ќе се реализира завршната активност од проектот „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“, која ќе биде реализирана преку низа воспитно-образовни, креативни, забавни и интересни активности. Програмата опфака забавна приредба со учество на ученици од трите наставни јазици, маскенбал, игри без граници и главната и завршна активност Читање бајки за добра ноќ и заедничко преноќување на дечињата и нивните наставници во училишните простории. Во подготовката се вклучени родителите, наставници од одделенска настава, педагошко психолошката служба, техничкиот персонал како и Црвен Крст – Охрид кои обезбедија услови за реализација…

повеќе...

Инфо ден за проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Р. Македонија во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“

Како дел од редовните активности на Коалицијата на невладини организации „СЕГА” и „Младински Совет Охрид”, денес во Средното Општинско Средно Училиште „Свети Кирил и Методиј”, беше одржан Инфо ден за учениците, со цел поголемо препознавање на улогата на децата правобранители во заштитата на правата на децата. Во реализацијата на настанот учествуваа детето правобранител, Антонио Бучкоски и замениците, Ивана Црвенкоска и Јован Блажески, заменик претседателот на Ученичката Заедница, Климент Тодороски и членот, Ристе Ристески, локалниот координатор на проектот, Весна Цветаноска, како и Вахид Мемед и Марија Лихвинцева, членови на тимот на…

повеќе...

Проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните

Јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ преку ефикасна, гарантирана заштита на потрошувачите и стандардите за безбедност на храната, е целта на новиот твининг проект што во наредните 17 месеци ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска поддршка на ЕУ. Проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, е вреден 751.473 евра, а предвидува размена на искуства, пренесување знаења и добри практики за законодавството и ЕУ политиките…

повеќе...

Основци од „Кочо Рацин“ дел од европскиот проект My Home

Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, периодов работеа на проект насловен „My Home“, преку STEM програмата. „Станува збор за двомесечен труд реализиран со учениците, кој е воедно нивно прво искуство со STEM програма. Во европското финале на проектот во Лондон учествуваат млади од основните, средните училишта и факултетите од повеќе земји од Европа.“- информираат од училиштето. Соработници во рамки на проектот се професорите по англиски јазик Марија Симиџиоска Стојаноска и Валентин Ристески. Ментор на учениците од IV2 одделение е наставничката Виолета Петковска.

повеќе...

Дримската конференција – Одличен моментум за процесот на прекугранична соработка за управување со басенот на реката Дрим

На петтата годишнина од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дримскиот басен и првата година од отпочнувањето на ГЕФ Дримскиот Проект, повеќе од 120 претставници се собраа во Приштина како индикатор на силен моментум за дримскиот процес во оваа година. Операционализацијата на ГЕФ Дримскиот проект и имплементацијата која во наредните 4 години тежи 5.5 милиони долари, овозможува критичен напредок на прекуграничната соработка за управување со дримскиот басен. Во духот на позитивниот моментум, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Стево Темеловски, на отворањето на Конференцијата потенцираше:…

повеќе...

Мрежен настан во Охрид организиран од фондацијата „Чекор по чекор“ -УСАИД

Компонентата Заедници за учење во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ спроведуван од Фондацијата Чекор по Чекор – Македонија, утре во ОУ „Братство Единство“ Охрид организира мрежен настан, со почеток во 11:30 часот. На настанот ќе учествуваат 60 наставници- претставници од четири основни училишта од регионот, и тоа: ОУ „Братство Единство“ – Охрид, ООУ „Сташо Пинџур“ – Вевчани, ООУ „Мите Богоески“ – Ресен и ООУ „Славко Лумбарковски„ Новаци и претставува можност за одделенските наставници, стручните служби и раководствата од училиштата да разменат идеи за подобрување на почетната писменост…

повеќе...