Уреден зелениот појас на булеварот „Св.Наум Охридски“ до населбата Рача

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве ја искосија високата трева и го уредија просторот помеѓу коловозните ленти на булеварот „Св.Наум Охридски“ до населбата Рача. Поради конфигурацијата на теренот кој не е нивелиран, косењето беше извршено рачно, па поради тоа расчистувањето се одвиваше со побавно темпо. За расчистување на целиот потег и негово целосно партерно и хортикултурно уредување, потребна е преходна нивелација на теренот. Со оглед дека овој патен правец е во надлежност на ЈП „Македонија пат“, ЈП „Охридски Комуналец“ е подготвено доколку претходно се направи нивелација на теренот, на сопствен…

повеќе...

Расчистена зелена депонија на „Ванчо Питошески“- се косеше во Рача и кај „Проаква“

По налог на општинскиот Инспекторат ЈП „Охридски Комуналец“ изврши расчистување на локацијата која се наоѓа на ул. „Ванчо Питошески“ во близина на градинката „Лихнида“. Надвиснатото и неуредено зеленило кое се ширеше од оваа локација и се наоѓа на приватен имот претставуваше опасност во движењето на пешаците и автомобилите. Беше расчистен зелен отпад во енормни количини: трње, капини и гранки , кои се транспортирани во три тури. Во рамките на тековните активности се изврши косење на тревата на ул. „Булевар Туристичка“ во близина на дирекцијата на „Проаква“ и косење на тревата…

повеќе...

Дожд врнит, трева растит, овци ја пасет…

Како што би рекле Србите: „Киша пада – трава расте“, ние (во Охрид) можеме слободно да кажеме: „Дожд врнит, трева растит, овци ја пасет“. Иако Охрид е туристички град, освен низ Националниот Парк Галичица, многу често може да се видат стада овци кои доаѓаат од „населбите“ и пасат покрај езеро, на спортските терени, покрај крајбрежјето и.т.н. WebOhrid

повеќе...

Се уредува центарот на населбата Рача

Во населбата Рача интензивно се работи на изградба на потпорен ѕид со кој ќе се оформи центарот на оваа населба. Градоначалникот Бакрачески, при денешната обиколка го посети и делот наменет за изградба на ново детско игралиште, каде сега се  расчистува теренот.

повеќе...

Во Рача се градат плоштад, реконструиран Дом и детско игралиште

После неодамнешната средба со жителите на населба Рача на која заеднички беа утврдени приоритените потреби за подобрување на условите во населбата, денес Градоначалникот Бакрачески ја посети локацијата каде што се започнати градежните работи за изградба на плоштад, простор наменет за детско игралиште, како и реконструкција и доградба на разрушениот Дом. Според Проектот по кој се изведуваат градежните работи, плоштадот во населбата Рача треба да е партерно уреден, во еден дел оплеменет со зелена површина, ќе бидат поставени клупи за одмор, ќе се постави мала фонатана, а целиот простор ќе биде…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и директорот на Агенцијата за патишта Георгиевски договорија уредување на влезовите во Коњско и Рача

На барање  на мештаните, денеска на лице место градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски во селото Коњско и населбата Рача ги согледуваа можностите за уредување на влезовите од овие две населени места. Се разговараше и за осветлување и  уредување  на пешачката патека околу  главниот пат од тунелот до хотелот Метропол. „Денес побарав од директорот на  Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски тие да го преземат осветлувањето и уредувањето на влезот од Охрид. Вакво барање никогаш не реализирало минатото локално раководство. За ова барање…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески посветен и на селата, утре во работна посета во Рача, Коњско и Велгошти

Утре, во 10 и 30 часот, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Ѓоргиески, ќе ги посетат селата во Рача и Коњско, каде во 2014 година  ќе се реализираат проекти. Во 12.00 часот, градоначалникот  Бакрачески заедно со министерот  за образование и наука, Спиро Ристовски ќе го посетат училиштето „Живко Чинго“ во с. Велгошти, каде во тек е негова санација.

повеќе...

Надминат проблемот со наставниот кадар во подрачното училиште во Рача

Проблемот со недостиг на одделенски наставник во подрачното училиште „Григор Прличев“ во село Рача е надминат и решен согласно сите законски прописи и норми. Од 1-ви февруари годинава по претходно добиена согласност од Министерството за образование, со работа почна одделенски  наставник за учениците од прво одделение. Со тоа се надмина потребата од комбинирана паралелка во ова подрачно училиште.  Проблемот беше создаден во учебната 2012/2013 година, кога е формирана една паралелка повеќе, без притоа да се запазат законските норми и принципите за функционирање на образовниот систем на локално ниво.

повеќе...