Ноќта спроти Благоец, осветување на лековитата вода во населба Рача

Точно на полноќ, на 6-ти април, ноќта спроти празникот Благовештение / Благоец,  во познатото манастирче кое го носи името Благовештение ќе се осветува лековитата вода која со векови тече крај манастирот. Дента на 7-ми април ќе биде изложена светата икона која, според мештаните повеќе пати исчезнувала, но на денот Благоец, таа секогаш била вратена ,односно, одново се наоѓала во манастирот. Мештаните, рачанци, ги покануваат сите добронамерни христијани на заедничко чествување на светаата икона и на лековитата вода. WebOhrid

повеќе...

МЗ Рача: Јавно искажуваме поддршка и согласност за урбанизација на нашите приватни имоти

Во врска со денешното јавно излагање за Генералниот урбанистички план за У З. 17.1- Студенчишко блато, сопствениците на земјиштето во У З 17.1 и Месната Заедница од Рача се согласуваат и ја поздравуваат иницијативата за урбанизација на овој дел од Охрид. „Јавно искажуваме поддршка и согласност за урбанизација на нашите приватни имоти затоа што никој нема право да ни го одземе правото на урбанизација на земјиште на кое нема ни било од блато. Застануваме зад носењето на Генералниот урбанистички план што се однесува за овој дел од Охрид , затоа…

повеќе...

Рача доби нов плоштад и водоводна линија

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска на пригодна свеченост го стави во употреба плоштадот во населба Рача , што општината заедно со јавните претпријатија го градеше и уредуваше во изминативе два месеци . Со изградбата на плоштадот неуредениот простор во кој дел од мештаните дури депонираа отпад доби нов уреден лик. „Успеавме да направиме плоштад во површина од околу 355 метри квадратни со додатна површина за детски реквизити. Вкупната површина е 520 метри квадратни во кои што се вградени пешачки зони изработени од бехатон и гранитни плочи. Изработена е фонтана. Спроведени се…

повеќе...

Рача наскоро ќе добие современ плоштад

Нов уреден плоштад ќе добие населбата Рача во Охрид. По тој повод градоначалникот Никола Бакрачески на терен констатираше како се одвиваат тековните активности кои се во завршна фаза. Проектот е едно од ветувањата на градоначалникот кое по средбите со граѓаните на оваа урбана заедница беше оценето како приоритетно. Со овој зафат неуредениот простор во кој дел од мештаните дури депонираа отпад доби нов уреден лик. „За неколку месеци успеавме сиот тој неред да го санираме, да го исчистиме и започнавме со изградба, со што најдовме едно современи решение за плоштад…

повеќе...

Уреден плоштад ќе добие Рача

ЈП „Градски гробишта„ активно учествува во изградбата на мини- плоштадот во населбата Рача. Градежните активности се во завршна фаза. Согласно изработениот проект,мини- плоштадот кој се наоѓа на сред селото ќе биде изграден од фино обработен гранит, бетонски и бехатон плочки, по што централниот дел ќе биде соодветно хортикултурно уреден и ќе биде поставена фонтана,за што ЈП Водовод- Охрид веќе обезбеди водоводна инсталација. Градежните работи на овој потег течат по однапред планирана динамика и план и се очекува за неколку плоштадот да биде целосно готов. Заедничкиот проект на Општина Охрид и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ги посети Коњско и Рача

Градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески и нивните соработници, денес ги посетија населбите Коњско и Рача. Во рамки на посетата, тие остварија средба и со жителите на овие две населби. На средбата присуствуваа и директорите на јавните претпријатија, кои одговараа на прашањата од жителите. Градоначалникот Бакрачески, потсети на проектите кои Локалната самоуправа ги реализира во изминатиот период во овие населби и ги презентира плановите за идниот период. Исто така градоначалникот Бакрачески, најави дека во овие населби во наредниот период, инфраструктурно ќе бидат реализирани неколку…

повеќе...

Утре градоначалникот Бакрачески во посета на Коњско и Рача

Утре, со почеток во 16 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на населените места Коњско и Рача. Агендата на посетата е следна: – 16 часот – с. Коњско – 17 часот – с. Рача Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

Се откажуваат средбите со жителите во Коњско и Рача

Општина Охрид ја известува јавноста дека се откажуваат закажаните средби со жителите на населбата Рача и селото Коњско кои претходно беа закажани од страна на Локалната самоуправа. Оттаму информираат дека истите ќе се одржат во нов термин, за кој јавноста благовремено ќе биде информриана.

повеќе...

Утре градоначалникот Бакрачески во посета на Коњско и Рача

Утре, со почеток во 18 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на селските населени места. Агендата на посетата е следна: – 18 часот – с. Коњско – 19 часот – с. Рача. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

Се средуваат школските дворови и јавните површини во Лескоец, Пештани и Скребатно

Поттикнувањето на еко-свеста кај нашата најмлада популација и создавањето на еколошки чиста животна средина во која нашите деца ќе учат, нашето претпријатие континуирано ја имплементира со средување на школските дворови пред почетокот на школската година како и реализација на многу заеднички акции со учениците и наставниот кадар во текот на целата учебна година, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија дворот на О.У.„Братство Единство„ каде е засадена жива ограда, уредени се жардињерите на влезот во училиштето и засадени се 50 нови разновидни садници. Во…

повеќе...