Стартуваше ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ во Охрид

Започна вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7″ на кој учествуваат околу 250 деца од Македонија и странство, во две смени и тоа од 17-23 и 24-30 јуни. И оваа година кампот се одржува во хотелот „Аквалина“ во Охрид. „Презадоволни сме од самиот старт и од тоа како течеа подготовките за кампот. Околу оние работи за кои што сум задолжен, се однесува на тоа како е овде се средено инфраструктурно, за хотелот и за терените, можам да кажам дека навистина од хотелот „Аквалина“ прават максимални напори за да се обезбедат врвни услови, не…

повеќе...

Ракометарите ја совладаа Чешка и се пласираа на СП 2017

Сениорската машка репрезентација на Македонија го обезбеди своето петто учество на Светските Првенства, откако синоќа во фантастичен натпревар во Скопје ја совлада Чешка со 34-27. Пред преполните трибини на ВИП Арената „Борис Трајковски“, нашите репрезентативци одиграа одличен меч кој го контролираа од самиот почеток и успеаја да ја анулираат негативата од шест гола од првиот натпревар од баражот што се одигра во Злин. Натпреварот кој поради важноста, но и поради тоа што беше означен како последен на долгогодишните предводници на репрезентацијата – Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски, изобилуваше со емоции,…

повеќе...

Македонија поразена од Чешка 28-22

Сениорската машка репрезентација на Македонија, со шест гола негатива ќе го дочека реваншот во Скопје за пласман на СП 2017 што ќе се игра во Франција. На дебито на Лино Червар на селекторската позиција, Македонија загуби од Чешка во Злин со 28-22. И покрај тоа што нашите репрезентативци добро го почнаа натпреварот и одржуваа водство во поголемиот дел од првото полувреме, Чешка знаеше да го искористи периодот на деконцентрација во играта пред крајот на полувремето и до паузата стигна до предност од 14-10. Чесите ја одржуваа позитивата и во текот…

повеќе...

Одредени 17-те ракометари кои ќе патуваат за Чешка

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, ги соопшти имињата на 17-те ракометари што во петок ќе патуваат за Злин, за првиот натпревар од двомечот против Чешка за пласман на СП 2017 година. Од листата од 20 ракометари со кои Червар ги работеше последните тренинзи во СРЦ „Кале“, последни отпаднаа Златко Даскаловски, Никола Костески и Милорад Кукоски. По завршувањето на средбата во Злин, односно со продолжувањето на тренинзите за реванш-натпреварот во Скопје, овие тројца ракометари ќе продолжат со тренинзите и рамноправно со сите останати играчи ќе конкурираат за…

повеќе...

Ракометарките поразени од Хрватска за крај на Квалификациите за ЕП

Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија со пораз од 35-19 против Хрватска ги заврши Квалификациите за ЕП 2016 што ќе се игра во Шведска. Избраничките на Симе Симовски, на последното гостување во Риека, немаа сили да се спротивстават на фаворизираниот противник, кој водеше во текот на целата средба и заслужено славеше на крајот. Македонија на натпреварот настапи без капитенот Елена Ѓорѓиевска која се повреди на последната средба во Скопје во четвртокот, а Хрватска тоа знаеше на најдобар начин да го искористи и рано во натпреварот поведе со 8-1. Нашите ракометарки…

повеќе...

Ракометарките поразени од Црна Гора

Сениорската женска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора во Скопје од 27-21, во Квалификациите за ЕП 2016 година, но прикажаа добра игра во која имаа и водство против фаворизираниот противник до 45-та минута. Почетокот во „Кале“ донесе изедначен ракомет, а иако Црна Гора успеа да го преземе водството во првото полувреме, Македонија се одржуваше на достижна негатива и на пауза се замина со 13-12 за гостинот. Второто полувреме почна со одлична игра на избраничките на Симе Симовски и со серија од 4-0 за нашата репрезентација дојде до предност…

повеќе...

Лино Червар е новиот селектор на машката ракометна репрезентација

Комисијата назначена од Управниот Одбор на РФМ за избор на селектор констатираше пет пристигнати пријави за селектор на Машката сениорска репрезентација и тоа: Владимир Глигоров, Александар Брковиќ, Лино Червар, Robert Hedin и Jordi Lluelles Mlserol. По разгледувањето на пријавите, членовите на Комисијата едногласно го предложија Лино Червар за нов селектор на Машката сениорска репрезентација, до членовите на Управниот одбор на РФМ, а предлогот беше прифатен од УО на РФМ. Исто така, Управниот Одбор на РФМ, го прифати предлогот на РК Вардар од Скопје, Пепи Манасков да биде назначен за ВД Селектор на Кадетската репрезентација на…

повеќе...

Вардар освојувач на ракометниот Куп на Македонија и во машка и во женска конкуренција

Со победите против ривалот Металург во финалните натпревари во Купот на Македонија, Вардар се закити со престижниот трофеј и во машка и во женска конкуренција. На машкото финале што се играше во „Билјанини Извори“ во Охрид, Металург играше добро прво полувреме во чиј најголем дел одржуваше резултатска неизвесност, сепак Вардар предводен од одличниот Арпад Штербик на голот, заедно со расположените Дибиров и Тоскиќ, успеа да го заврши полувремето со 4 гола предност (16-12). Веќе на стартот на второто полувреме разликата се искачи на 7 голови, па и покрај обидите на…

повеќе...

Металург и Вардар ќе играат ракометно Куп-финале и во машка и во женска конкуренција

Денешните полуфинални средби во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција, ги одведоа Металург и Вардар во битка за двата трофеи. Металург славеше против Вардар Јуниор на полуфиналните средби и во машка и во женска конкуренција, а Вардар во машкото полуфинале во Охрид го победи домаќинот, додека во женското во Скопје беше убедлив против Куманово. Металург ја оправда фаворитската улога и го совлада Вардар Јуниор во првото машко полуфинале, но избраниците на Пепи Манасков одиграа добар натпревар и во најголемиот дел одржуваа активен резултат. Првото полувреме донесе изедначена игра…

повеќе...

Охрид домаќин на ракометната елита од Македонија

Охрид викендов ќе биде домаќин на ракометната елита од Македонија. Викендов во СРЦ „Билјанини извори“ започнува Ракометниот куп на Македонија, кој по втор пат во изминативе три години се организира во Охрид. Новитет во годинешната завршница од купот е тоа што пласман меѓу најдобрите четири екипи освои и охридскиот ракометен клуб. Покрај РК Охрид, во фајнал форот ќе играат екипите на Вардар, Металург и Вардар јуниор. „Сакам да изразам голема благодарност до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) што ги одбра Охрид и спортската сала „Билјанини Извори“ за организатори на завршниот…

повеќе...