Црвениот крст Охрид денеска го одбележа Денот на крводарителството во Република Македонија и денот на формирањето на Црвениот крст. Црвениот крст Охрид и 2013 година ја вбројува во успешните години во делот на крводарителството со собрани 1734 единици крв, што значи дека годишниот план за крводарителство беше надминат за 2,79%. „Треба да напоменеме дека вчера на централната свеченост добивме признание и плакета од страна на Црвениот крст на Република Македонија за исполнет план во крводарителството. Крводарителските акции продолжуваат и понатака во организација на Црвениот крст и со труд и заложба на…
повеќе...Tag: развој
Црвен крст Охрид утре ќе додели признанија на оние кои помогнале за развој и унапредување на крводарителството
Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја поставува на високо рамниште. „Потребите од крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствените установи во нашиот град бараат постојана ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година. Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, годината што измина беше успешна со реализирани 1734 дарувања крв, односно…
повеќе...ЛОТОС ќе ја испитува корупцијата во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево
Дали локалните самоуправи во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево работат транспарентно и отчетно и дали во нивното функционирање има коруптивни елементи ќе покажат резултатите од „ЛОТОС студијата“ која ќе се изготвува во рамки на проектот „Размена на најдобрите практики од ЕУ за следење и спречување на корупцијата на локално ниво“ што го спроведува „Локалната агенција за развој“ од Струга во партнерство со „Центарот за истражување и креирање политики (CRPM)“ од Скопје. „Главна цел на проектот е да се промовираат и поттикнат практиките за антикорупција и добро владеење на локално ниво…
повеќе...Членовите на Здруженијата на граѓани се едуцираа како да менаџираат со проекти
Во организација на Секторот за туризам и Локален Економски развој и Одделението за образование при Локалната самоуправа, денес во просториите на Општината се одржа работилница „Едукација и менаџирање со проекти“ на која присуствуваа членови на здруженија на граѓани од Охрид. Работилницата веќе ја проследено над 250 лица а меѓу нив, здравствени работници, ученици во основни и средни училишта, спортски работници, вработените во јавните претпријатија како и членовите на Локалниот совет на млади.
повеќе...Денес е Светски ден на енергетската ефикасност
По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво“, ја известува јавноста дека трошат речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. „Во таа смисла потребна ни е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението. Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори на енергија. Обновливите извори…
повеќе...Презентирани можностите за користење средства од ИПАРД програмата
Одделението за локален економски развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделието при Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид, согласно својата стратегија за интензивирање на локалниоит економски развој, започнаа со реализација на едукативни работилници за можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД програмата (2007- 2013). Во склоп на овие активности во селото Куратица на 24- ти февруари се одржа едукативна работилница за селата Опеница, Завој, Плаќе, Речица и Свиништа, додека на 25-ти февруари во Долно Лакочереј едукативна работилница се одржа за жителите на…
повеќе...Утре отпочнува асфалтирањето на улиците во Косел
Утре отпочнува асфалтирањето на улиците во село Косел, како дел од Програмата за поддршка руралниот развој. Средствата за оваа активност се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.
повеќе...Јавен повик за користење на средства од ИПАРД програмата
Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, им соопштува на сите заинтересирани физички и правни лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 15 февруари 2014 година, објави Јавен повик бр.01/2014 за користење на средства од ИПАРД програмата 2007 – 2013 според V компонента за следните мерки: Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на…
повеќе...