Секторот за комунален развој, улици и патишта со нови термини за прием на граѓани

Се известуваат граѓаните на општина Охрид, дека Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта од денес започна со прием на граѓани. Сите граѓани кои имаат потреба од средба со претставниците на секторот, можат да ја остварат во период од 14 до 16 часот во простории на секторот кои сега се лоцирани во општинската зграда. Од секторот се надеваат дека со оваа нова форма на комуницирање со граѓаните, побрзо и поефикасно ќе се лоцираат и решаваат проблемите од комуналната сфера.  

повеќе...

Македонскиот туристички производ претставен на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 25-ти до 28-ми Септември, 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија 2014 година. На овој саем втора година по ред учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот се претстави како привлечна и сеуште неоткриена дестинација за Јапонските туристи. АППТ организираше и изложба на фотографии од Македонија направени од познатиот јапонски фотограф Tatsuki Hironiko. Со оваа изложба успеавме да привлечеме голем број на…

повеќе...

Секторот за комунален развој, сообраќај и улици се пресели во општинската зграда

Поради поголема ефикасност и координираност со останатите сектори во општина Охрид и по барање на градоначалникот Никола Бакрачески, Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици од денеска и официјално има нова местоположба и тоа во зградата на општина Охрид во поранешните простории на одделението за поддршка на Советот на општина Охрид, Секторот за спорт млади и невладини огранизации и одделението за заштита и влијание врз животната средина кои пак се преселија во поранешните просториите на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта кои се наоѓаат на вториот кат во зградата…

повеќе...

Јанакиески: Поголем економски развој за источна Македонија со изградбата на патната инфраструктура

Побезбеден и помодерен сообраќај ќе овозможи реконструкцијата на патот Велес-Штип на делницата до Кадрифаково која е во должина од девет километри, а за чија изградба информираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалниците на Велес, Штип и Лозово. Инветицијата вреди 6,5 милиони евра, а предвидува проширување на три коловозни ленти односно 11 метри. „Овој патен правец е ветување во програмата на Владата, но исто така и барање и потреба од граѓаните. Оваа делница е стара над 50…

повеќе...

Ѓорѓиев: Две нови технолошко-индустриски развојни зони во Виница и во Берово

Политиките на привлекување на странски инвестиции се клучна стратешка определба на Владата на Република Македонија, за чија што реализација се спроведуваат поголем број на мерки и активности со кои се создаваат нови или пак се унапредуваат постоечките услови кои имаат битно влијание во одлучувањето на странските компании да инвестираат во нашата земја. Владата на Република Македонија донесе две одлуки за формирање на две нови технолошко-индустриски развојни зони во источниот дел на Република Македонија, од кои што едната ќе биде лоцирана во близина на Виница, а другата во близина на Берово.…

повеќе...

„Струга – 2014” – Културно планирање за урбан развој во туристички и креативни градови

Утре во Фоајето на НУ Дом на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 11 и 30 часот ќе се одржи „Струга – 2014“ – Културно планирање за урбан развој во туристички и креативни градови. Градоначалникот на Струга, Зиадин Села , како и еминентните историчари  Владо Поповски и Скендер Асани, ќе зборуваат околу грижата за заедничкото минато, како и заедничкото културно и духовно наследство на заедниците во Македонија.  Посебно внимание ќе им се посвети на монументите кои секојдневно ни пренесуваат пораки во корист, а често и на штета на денешнинцата,…

повеќе...

Развој на кластери во македонскиот туризам

На Факултетот за туризам и угостителство, во понеделникот на 12 мај 2014 година,  се одржа првата работилница од проектот на УНИДО на тема „Утврдување  на заеднички активности и визионирање на кластерот за туризам во охридскиот  регион“. Со оваа активност Општина Охрид станува партнер во проектот на Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации. На работилницата покрај претставници од УНИДО учествуваа и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој од Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство, како и кластерот за туризам, составен од 25 идентификувани чинители во туризмот…

повеќе...

Презентирана програма на УЕФА за развој на фудбалот

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски одржа работен состанок со високите гости од УЕФА, Жан Франсоа Домерк, одговорен на одделот за фудбал на УЕФА и Јан Лупеску, секретар на одделот на УЕФА на кои беа анализирани потребите на ФФМ во поглед на новата програма на УЕФА за развој на фудбалот. Претходно, гостите од УЕФА заедно со координаторот на нашите национални селекции, Зоран Стратев и младинските тренери го следеа тренингот на академијата на ФФМ на кои беа презентирани новите фудбалски правила кои веќе се применуваат во натпреварите од младинските…

повеќе...

За иновации и технолошки развој достапни два милиони евра

Два милионa евра се достапни до крајот на годината за иновации и технолошки развој преку новоформираниот Фонд за иновации.  Квалитетот ќе биде единствен критериум за поддршка на проектите, а првите се очекуваат во септември годинава. Од денеска во наредниот период Фондот почнува со информирање за инструментите што се нудат. „Ќе се пристапи кон комплетно информирање на сите субјекти, индивидуални или правни кои сакаат да се вклучат во овој процес, а со цел да добиеме што поквалитетни апликации и проекти“ изјави министерот за образование и наука Спиро Ристовски пред денешната прва…

повеќе...

Промовирана под-стратегијата за рурален развој на општина Охрид 2014-2018

Денеска во селото Елшани  беше промовирана  под-стратегијата  за рурален развој на општина Охрид 2014-2018  кој  е прв документ во општинава, изработен во согласност со домашните и меѓународните стратешки документи. Изработувач е Секторот за туризам и локален економски развој во рамки на предвидените средства од  буџетот  за нормално и тековно работење без дополнителни трошоци. „Под стратегијата за рурален развој има задача, следејќи ги насоките и европските трендови, аргументирано да го насочи руралниот развој како еден од врвните приоритети за охридскиот микро регион. Истовремено со ставање во функција на севкупните потенцијали на…

повеќе...