Во тек е пријавување за полагање на испит за рибочувари и за вршење стопански риболов

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи: – Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и – доказ за уплатен надомест за полагање на испитот. Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Прашањата за полагање на испит…

повеќе...

Се расчистува кај Грашница, малото пристаниште и Лескоец

По налог на општинскиот инспекторат се расчистува крајбрежниот појас на Охридско Езеро на потегот од западната страна од охридското Кале до вливот на река Грашница. Езерските води на површина имаат исфрлено големи количини неразградлив комунален отпад: пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад (ќе се подигнат 4 м3), пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад. Кај малото пристаниште пред х.Палас синоќешниот ветер од јужен правец натрупа големи количини отпад : трска и друг вид комунален отпад, кој се расчистува рачно од езерските води. Се…

повеќе...

Се расчистуваат одрон кај авто кампот „Елешец“ и коритото на реката Сушица

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, една екипа на ЈП „Охридски комуналец“ денес работи на расчистување на одрон лоциран над авто- кампот „Елешец”. Активноста на расчистување, депонирање и транспорт на одронот се реализира со двајца ракувачи на специјални возила кипер и ровокопач. Друга екипа од ова јавно претпријатие пак е ангажирана на расчистување на речното корито на реката Сушица од натрупаниот отпад, пластични отпадоци и шут во близина на ДООЕЛ „Отпад”. Од ЈП „Охридски Комуналец“ меѓу другото информираат дека утрово е евидентиран целосно…

повеќе...

Ќе се санира „Алтанин мост“

Општина Охрид ќе го санира „Алтанин мост“ кој има оштетувања по континуираните врнежи од дожд и снег и надојдените води на реките низ територијата на општина Охрид. По извршените консултации со стручните служби од Општината, градоначалникот Никола Бакрачески издаде наредба за санација на мостот, штом тоа ќе го дозволат временските услови. Причината за позначителните оштетувања на „Алтанин мост“, стручните лица од секторот ги детектираат во надојдените води на Коселска река и поголемото оптоварување што го прават истите врз статиката на мостот. Надлежните лица од Секторот за комунални дејности при Општина…

повеќе...

Состојбата во Македонија по обилните врнежи од дожд

Битолски регион Во текот на вчерашниот ден заради превентива од поголеми поплавувања и нанесувања по обемни матријални штети во општина Новаци, од страна на Координативното тело при Влада на РМ е донесена одлука за отварање пропуст на Регионалниот пат Битола-Новаци-РЕК-Мариово. Пропустот е направен после мостот пред село Новаци, во попладневните часови. Вработените во РЕК Битола и жителите кои гравитираат во тој дел ќе ги користат алтернативните заобиколни патни правци. По 17:00 часот, над отворот на патот пред с.Новаци било поставена челечна конструкција – мост за премин на пешаци. Исто така,…

повеќе...

Кризен штаб: Критично во долното течение на реката Вардар

Денеска во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состјбата во поплавнеите подрачја. Според информациите, критична останува состојбата во долното течение на река Вардар каде се заканува опасност од изливање на реката околу Демир Капија, пред клисурата како и низводно во правец на Гевгелија. Исто така и помалите притоки на р.Вардар на потегот од Демир Капија до Гевгелија (р.Бошава, р.Дошница, р.Стара, р.Кованска, р.Серменинска, р.Коњска и р.Анска) поради високиот водостој на р.Вардар и неможноста да се влијат во него би можеле да се…

повеќе...

Извршено порибување на риболовниот ревир „Црн Дрим 1“

ЗРСК Пастрмка – Струга изврши порибување на „риболовниот ревир река Црн Дрим 1“, односно на река Црн Дрим од истекот на Охридско Езеро до вливот во акумулација Глобочица, вклучуваќи ги и притоките река Сатеска и Вевчанска река. „Со порибувањето на риболовниот ревир „Црн Дрим 1“, при што беа порибени реката Сатеска, Црн Дрим и Вевчанска река. Порибувањето е извршено со автохтона речна пастрмка со количина од 3 илјади единки со просечна големина од 10 до 30 грама. Ова порибување е редовно од страна на Здружението „Пастрмка“ од Струга согласно риболовната…

повеќе...

Се расчистува речното корито на река Сушица и се расчистува ул. „Железничка“

По добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ пристапи кон расчистување на речното корито на река Сушица, на потегот од ул. „15.ти Корпус“ до „Отпад“. „Во изминативе три дена речното корито се расчистуваше од расфрланиот отпад и неуредната вегетација која го попречуваше нормалниот тек на реката.“– велат од претпријатието. Согласно работниот календар, екипите на „Јавна хигиена“ денес и утре ќе ја расчистуваат детално улицата „Железничка“ по целата нејзина должина. „Ангажирани се 10 работници кои ги отстрануваат наносите од песок и земја…

повеќе...

Продолжува санацијата на мостот на реката „Далјан“

Согласно Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици и според Програмата за работа на градоначалникот на општина Охрид, екипи на ЈП „ Нискоградба“ продолжуваат со интензивните градежни зафати. По налог на Секторот за комунален развој и под негов надзор,техничките екипи на ЈП „ Нискоградба“ интензивно работат на санација на мостот на реката „Далјан“ . Веќе е завршена едната страна на мостот и се очекува , доколку временските прилики бидат поволни, градежните работи да финишираат за десетина дена.Како што напоменуваат од Секторот за комунални дејности, овој зафат…

повеќе...

Се санира и расчистува коритото на реката кај Средоречие

Поради тоа што постоечката состојба на речното корито во потегот на селото Средоречие е доста тесно и плитко и обраснато со ниска и висока вегетација и делумно заполнета со наноси, деновиве сe спроведува акција за санација и расчистување на коритото на реката кај Средоречие.  На овој дел од коритото се врши машинско отстранување на вегетацијата (капини и други нискостеблести и високостеблести растенија). Мерките се спроведуваат за да се заштити селото и полето од евентуално поплавување заради пораст на нивото на водотекот во престојниот период.

повеќе...