ОО на СДСМ Охрид со честитка за 7-ми Ноември

СДСМ од Охрид на сите граѓани на Охрид им го честита 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија. „Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 72 години ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги полнеше…

повеќе...

Конгресот на СДСМ почна со доцнење од два часа, Заев побара поддршка за листите

Ова што е пред вас е победничката листа, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на 21. Конгрес на партијата, каде се гласаат кандидатските листи, кој почна со доцнење од два часа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Заев побара од делегатите да дадат поддршка за листите и да покажат дека тој не е сам во оваа борба. Тој на почетокот на својот говор пред делеагите на конгресот, рече дека воопшто не било лесно носењето на кандидатскте листи. – Не има секакви, од градови, од села, од различни професии – рече…

повеќе...

Младите од СДСМ Охрид го чистеа и уредуваа спомен обележјето кај „Бајрон“

По повод претстојниот празник 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, младите од СДСМ Охрид вчера реализираа акција за чистење и уредување на спомен обележјето на местото каде што за прв пат во Охрид, во мај 1941 година, е донесена одлука за масовна вооружена борба против фашистичкиот окупатор. Спомен плочата се наоѓа во боровата шума над саат кулата во месноста Месокастро, на местото кое за охриѓани е познато како „Бајрон”, во стариот дел од градот. Спомен плочата е поставена пред 55 години, на 7ми Ноември 1961 година, но охридската…

повеќе...

Заев: Ќе ја гасифицираме цела Македонија, граѓаните и фирмите ќе заштедат!

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев: „Оваа гасна станица зад мене им го поевтини и олесни животот и работењето на граѓаните, институциите и фирмите во Струмица. До денес, само Струмица и Куманово го користат гасот, кој е евтин и еколошки енергенс. Тука сум за да ви ветам по 11 декември, вакви гасни станици ќе има уште во 32 града во Македонија. Ќе ја гасифицираме цела Македонија. Ние Македонија ќе ја поврземе со ТАП, еден од познатите европски гасоводни системи и со преносните системи на соседните земји и ќе им помогнеме…

повеќе...

Заев: Ова е политички, а не правен процес и срам за судството!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Јавноста беше сведок со вашето присуство и можевте сами да видите дека ова е клекнато на колена, комплетно уништено судство. Денеска претседателот на судскиот совет и самиот судски совет, покажаа пред јавноста дека немааат намера да водат правен процес, туку водат политички процес. Суштината на одлагањето се состои во неколку моменти, тоа е целокупната стратегија на бандитската власт којашто има намера да го држи во живот процесот којшто е врзан со најсуштествената тема во Македонија, а тоа е кој го…

повеќе...

СДСМ: Диме Спасов постапи непресметливо, мора да се повлече од јавност и да одговара!

СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои: „Диме Спасов мора да понесе одговорност! Спасов не смее повеќе да се појавува до нашите деца во градинките, во социјалните центри, ниту има повеќе морално право да говори за права и одговорности на граѓаните. Овој човек, дополнителен заменик министер за труд и социјлална политика во Владата возел пијан! Изудирал автомобили на граѓани, а можело да бидат деца, луѓе! Користел службено возило надвор од работно време, дури возилото не е од министерството каде што работи! Напиша скандалозна изјава дека тоа што го сторил…

повеќе...

СДСМ: Платите и трошоците на функционерите ќе бидат на увид на граѓаните

Прес конференција на Рената Тренеска – Дескоска, членка на Избршниот одбор на СДСМ „Македонија мора да има институции кои ќе бидат отчетн и и отворени кон јавноста. Токму затоа во Планот за живот во Македонија се обврзуваме на јавност во трошењето на буџетските средства! Секој потрошен денар од Буџетот на Република Македонија ќе биде на увид кај граѓаните и сите ќе имаат можност да видат како се трошат нивните пари. Ќе воведеме мерки преку кои секој граѓанин од својот компјутер ќе може да провери колкава е платата на секој јавен функионер…

повеќе...

Кирацовски се сретна со министерот за образование и наука Лутфиу

Денес дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски оствари работна средба со министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу. Предизвиците поврзани со можните притисоци врз вработените од јавниот сектор, можностите преку кои треба да се заштитат нивните уставно загарантирани права, предвидените законски санкции за секој оној кој постапил спротивно на законските одредби, како и доследно примена на истите беа предмет на дискусија на средбата со министерот за образование и наука. Дополнителниот заменик министер Кирацовски, изрази сериозна загриженост за многубројните индиции за политички притисоци врз наставниците, професорите…

повеќе...

Амбасадорот на САД во посета на ОО на СДСМ Охрид

Во рамки на својата работна посета на Охрид, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли ја посети Општинската организација на СДСМ Охрид, каде што оствари средба со Томислав Тунтев, Претседател на ОО на СДСМ Охрид и Пратеник во Собранието на Република Македонија, и Ѓоко Танасоски, Член на Извршниот Одбор на СДСМ и Шеф на општинскиот изборен штаб. Домаќините го информираа амбасадорот за активностите на локалниот огранок на СДСМ во Охрид и му ги предочија партиските ставови и гледишта за предизвиците и очекувањата во очи на претстојните вонредни парламентарни избори на…

повеќе...

Заев: Ајде да ги смениме работите во Македонија!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев при посетата на граѓаните на Штип повика: „Ајде да се договориме и да ги смениме работите во Македонија“. Оваа порака на претседателот Заев следуваше по низата трогателни животни приказни што ги слушна од граѓани на Штип, на Пазарот и низ Чаршијата. Сите се жалат на голема сиромаштија и на неправди од државниот систем кој наместо да ги штити им го отежнува животот. Една жена вели дека останала без работа, нема доволно стаж за пензија и затоа е буквално без егзистенција. Неколкумина граѓани, приматели на социјална…

повеќе...