Делегацијата на СДСМ оствари повеќе средби во Будимпешта

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев учествува на Конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) којшто се одржува во Будимпешта, Унгарија. Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев се и заменик претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски. Партиската делегацијата на СДСМ денеска во Будимпешта оствари средба со делегација на Лабуристичката партија од Велика Британија, предводена од генералниот секретар Иан МекНикол. На средбата беше потврдена поддршката на Лабуристичката партија за СДСМ. Делегацијата на СДСМ ги повтори позициите на…

повеќе...

Делегација на СДСМ предводена од Заев учествува на конгрес на ПЕС

Делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев учествува на Конгрес на ПЕС (Партија на европски социјалисти) којшто денеска и утре се одржува во Будимпешта, Унгарија. Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев се и заменик претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски. Конгресот на ПЕС, претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии во Европа, нивни лидери и премиери, претставници на пратеничката група на ПЕС во Европскиот парламент како и…

повеќе...

Заев: Конечниот исчекор ќе биде во полза на граѓаните

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите,  истакна: „Еден дел од нашата јавност е веќе информирана што тоа точно се случи во Брисел. Можам да кажам дека има квалитетен исчекор, но секако далеку од она што и е потребно на државата. Не се работи само за барањата на опозицијата, Граѓаните за Македонија, коалицијата или целото ова опозициско движење, се за она што навистина е добро за Македонија, коешто ќе донесе до стабилизирање на институциите, до враќање на корективите во општеството, до нормализирање на состојбите, што на крајот…

повеќе...

СДСМ: Нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните

 Соопштение на СДСМ: „Разговорите во Брисел завршија без договор за разврска на политичката криза во Македонија по пат на преговори. Не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори, организирање Влада што нема да ја предводи Никола Груевски. Неразумно и нелогично е креаторот на политичката криза, Никола Груевски, да остане да раководи со Владата што треба да организира и спроведе предвремени парламентарни избори. Груевски беше подготвен да даде `се и да направи `се, само да ја сочува својата фотелја. Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната…

повеќе...

Заев и делегација од СДСМ ќе присуствуваат на утрешната средба во Брисел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и делегација на СДСМ ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан „Изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2014 во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес за коишто е потребно итно спроведување на препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање Влада што ќе ги подготви и спроведе следните избори, го цениме за…

повеќе...

Заев: Груевски го прислушувал и граѓанскиот сектор

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: Според податоците што до овој момент ги имаме, во Македонија со години таргет на тајните служби на Никола Груевски и Сашо Мијалков се најмалку 10 активни граѓански организации. Службите на Управата за безбедност и контраразузнавање, под палките на Груевски и Мијалков во Република Македонија ги следеле и прислушувале: -НВО Инфоцентарот -Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија -Невладината организација Транспарентност Македонија -Фондација отворено општество Македонија (СОРОС) -Невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода -Истражувачкиот центар за граѓанско општетство…

повеќе...

Заев: Објавувам дека нема да присуствуваме на состанокот во Брисел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медимите истакна: „Објавувам дека нема да присуствуваме на закажаниот состанок со еврокомесарот Хан, на 10-ти јуни во Брисел. Изјавата во Вашингтон, на Јоханес Хан, комесарот за проширување на Европската Унија, содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителен период, пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот Хан, за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ/ОДИХР, ниту ЕУ досега не констатираа дека Извештајот за изборите во Македонија е позитивен. Дополнително,…

повеќе...

Шекеринска: Чекор по чекор ќе создадеме општество на еднакви можности

Обраќање на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во рамките на дискусијата во Кампот на слободата на тема „Жените не се машини за раѓање!“ Извор: www.sdsm.org.mk

повеќе...

Работни средби на претседателот на СДСМ Зоран Заев

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Тихомир Илиевски, претставник на Комисијата за надворешни работи, денеска оствари средба со Роберто Батели и Андреас Нотеле, специјални претставници на Парламентарното Собрание на ОБСЕ. На состанокот се разговараше за можните исчекори во Брисел, од рамката за преговори којашто беше утврдена меѓу политичките субјекти на средбата со еврокомесарот, Јоханес Хан во Скопје. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи на принципиелните заложби на опозицијата за одделување на партијата од државата, гарантирање на владеењето на правото, на потребата од демократско функционирање на институциите, нотирани како проблеми…

повеќе...