На скопско Кале откриени над 13.400 археолошки предмети

Сите предмети се конзервирани и веќе се поделени во три збирки кои ќе бидат изложени во трите музеи на Кале. Музејот на праисторијата и музејот на отоманскиот период кои се целосно завршени, и музејот на средновековниот период, кој е во фаза на изградба … Процесот на археолошки истражувања на Скопската тврдина Кале е целосно завршен и притоа се откриени над 13.400 предмети од различни периоди, од кои 4.527 монети, изјави Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Министерката Канческа Милевска денеска го посети археолошкиот локалитет на Кале и изврши увид во…

повеќе...

Трета вечер Вино Скоп: Амадеус бенд го дигнаа Скопје на нозе

Многу насмеани лица, весела атмосфера и винарии кои го потрошија целото вино е она што ја одбележа третата вечер на Вино Скоп. Посетителите ги загреа магионичарот Кристијан со своите илузии и трикови, а потоа следуваа Минстрел Галери, Бекдор Бенд и Брас Брадерс. Крајот на вечерта со својот енергичен настап го одбележаа Амадеус Бенд. Гостите од Србија приредија пиротехнички спектакл со огномет, како и нешто нетипично за бендовите кои не доаѓаат од Македонија. На чист македонски јазик испеаа голем број македонски евергрини, како и стари народни песни. Публиката два часа уживаше…

повеќе...

Министерот Оливер Спасовски присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за безбедност

Министерот Оливер Спасовски денеска присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за безбедност во Скопје. Во своето обраќање до студентите и професорите Министерот Спасовски рече дека изучувањето на безбедносните научни дисциплини, подразбира свест за прифаќањето на правилата на светскиот и домашниот општествен поредок, свест за почитувањето на своите, но и на туѓите националните вредности, свест за потребата од заштита на човековите права и слободи, свест за вредноста на правниот систем, свест за значењето на заштита на животната околина, и на крајот свест за значењето на мирот како врвна цивилизациска и…

повеќе...

Нов земјотрес вечерва со јачина до 4 степени според Рихтеровата скала

Вечерва, во 19.53 часот, нов земјотрес ја погоди Скопската Котлина со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на четири километри северозападно од Скопје, на длабочина од пет километри. Појак земјотрес го затресе Скопје попладнево и во 14.19 часот. Овојпат земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и се случил на 2 километри североисточно од скопското село Булачани. Послаб земјотрес скопјани почувствуваа и во 11.50 часот, со јачина од 2,3 степени. До 10 часот утрово…

повеќе...

Нов силен земјотрес во Скопје, граѓаните вознемирени стравуваат од нови потреси

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степен според Рихтеровата скала попладнево го потресе Скопје и околината. Граѓани возменирени излегоа на улиците, а има и извештаи за напукнати ѕидови и помали штети. Ова е трет земјотрес, но значитечно посилен од двата кои се случија утрово – првиот во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени. Експертите велат дека серијата земјотреси не е поврзана со неодамнешните поплави. Според неофицијалните информации, епицентарот на земјотресите бил на неколку километри источно од…

повеќе...

Свечена академија и „Бела ноќ“ во пресрет на Денот на независноста

Свечена академија и концерт со револуционерни песни се централни настани со кои годинава ќе бидат одбележани 25 години независност на Република Македонија. Ќе бидат одржани во Македонскиот народен театар во среда вечерта, во пресрет на државниот празник 8 Септември. Тие ќе бидат дел од „Бела ноќ“ во која националните и локалните институции од културата во Скопје и во другите градови ќе се вклучат со настани бесплатни за посетителите. Нив денеска на прес-конференција ги соопштија министерката за култра Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. На свечената академија на 7…

повеќе...

Учениците од поплавените подрачја ќе добијат училишен прибор

Учениците од поплавените подрачја ќе добијат училишен прибор кој до училиштата ќе биде дистрибуиран во наредните денови. Мерката ја најави Владата на РМ и ќе ја спроведе Министерството за образование и наука. „Обезбедена е компанија која ќе изврши дистрибуција на училишниот прибор во наредните денови до учениците во местата кои беа поплавени. Веќе се комплетираат пакетите соодветно на возраста односно на одделението на учениците. Деновиве очекуваме да заврши финалното доставување на списоците од страна на комисијата и на општинските власти кои треба да ги потврдат. Има ученици кои се во…

повеќе...

Пиволенд 2016- Петдневен пивски маратон во Скопје

Утре започнува фестивалот кој сите со нетрпение го очекуваме- Пиволенд 2016. Од среда па се до недела, посетителите на Скопското Кале ќе дегустираат пиво и гурмански мезиња, ќе слушаат добра музика и ќе уживаат во голем број атракции кои ги нуди фестивалот оваа година. Голем избор на пива од различни страни на светот ќе може да се купат на 20-те пивски штандови на фестивалот, како и скара, грицки и мезиња. Официјално фестивалските врати ќе бидат отворени во среда од 18:00 за сите посетители, а влезот е бесплатен. Музичката програма ќе…

повеќе...

На Пиволенд ќе учествува и првата микро пиварница во Македонија

Од следната недела, Скопското Кале ќе биде епицентар на пивско и музичко уживање во Скопје. Покрај нашите пивари кои со години прават одлично македонско пиво, за првпат посетителите ќе имаат можност да дегустираат пиво од првата македонската микро пиварница „Темов“. Со производство под светски услови, карактеристично за пивата „Темов“ е тоа што воопшто не се разликуваат од најквалитетните пива на европскиот пазар- чешките, германските, белгиските, англиските. За разлика од големите пивари, количеството во микропиварите е со лимитирани количини и го нема во слободна продажба низ маркетите. Под строго контролирани услови,…

повеќе...

Почна исплатата на авансната помош за поплавените

Почна авансното обесштетување на семејствата од поплавените подрачја. Вкупно 2.154 лица, кои беа опфатени во евиденцијата на Комисијата за проценка на штетите во скопскиот и тетовскиот регион можат да ги подигнат парите на шалтерите на банките со документи за идентификација – лична карта или пасош. Министерството за финансии вчера ги префрлило парите на посебните наменски сметки во деловните банки. „Исплатата ќе продолжи и во наредниот временски период, согласно податоците кои ќе ни бидат доставувани од Комисијата за надомест на штети. Се работи за префрлање средства на 2.154 граѓани“, изјави вчера…

повеќе...