Тунтев: Ќе ја укинеме радиодифузната такса, МТВ ќе биде сервис на граѓаните

„21 милион евра треба да донесеме одлука да бидат одобрени со финансискиот план за МТВ за 2016 година. Тоа е величина на Буџет на една општина. Општина Охрид нема толкав Буџет. 67% од средства се наплаќаат од радиодифузна такса. Тоа е онаа позната давачка, со која имаш телевизор, немаш телевизор, гледаш МРТ, не гледаш МРТ, нема врска. Има да си платиш. СДСМ ќе ја укине радиодифузната такса, затоа што е нелогична давачка“, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио…

повеќе...

Собранието ја констатираше оставката на Груевски, СДСМ ја напушти седницата

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски и престанок на мандатот на владата. Сега веќе поранешниот премиер Груевски, не ја искористи законската можност да ја образложи оставката. По говорот на Вељаноски, процедурално збор побара координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски. „Македонските граѓани цели 10 години чекаа да падне главата на режимот и тоа е крајот на една криминална и расипничка власт. Никола Груевски одлучуваше кој може слободно да живее во Македонија, но сега јасно му е дека е крајот. Никола, тебе Македонија сега…

повеќе...

Охридскиот пратеник Тунтев поднесе предлог за измени во Законот за заштита од пушењето

Пратеникот од СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, како овластен предлагач, во Собранието на Република Македонија поднесе предлог Закон за измени во Законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува одредено олабавување на постоечките строги и ригирозни законски одредби. „Со бројните измени и дополнувања на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се’ построги правила кои, особено во однос на угостителските објекти, се премногу ограничувачки, како за пушачите – корисници на угостителските услуги, така и за вршителите на угостителската дејност. Актуелното законско решение ја влоши економската состојба во сферата на…

повеќе...

Пратениците ги изгласаа новите членови на ДИК

Собранието на денешната седница со 102 гласови „за“, без воздржани и без гласови „против“, ги изгласа членовите на Државната изборна комисија. За претседател на комисијата е избран Александар Чичаковски, а за потпретседател – Реџеп Прекопуца, и двајцата од редовите на експертите. Членови на комисијата се и Атанас Урумов, исто така, од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА. Извор: meta.mk

повеќе...

Втора работна сесија на 13. состанок на МПК – РМ и ЕУ

Во рамките на 13. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија, кој се одржува вчера и денеска во Собранието на Република Македонија, на почетокот од втората работна сесија се изврши размена на мислења со Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија. Копретседавачот, Алојз Петерле, најпрво му даде збор на министерот Попоски, кој изрази благодарност од македонската страна до Европскиот парламент за поддршката во остварувањето на стратешките цели и воедно ја потенцираше целосната согласност од сите политички чинители во Република Македонија за нејзина евроинтеграција. Исто…

повеќе...

Интерпарламентарен семинар за улогата на народниот правобранител

Во организација на Европскиот парламент, а во соработка со Европскиот народен правобранител, на 18 и 19 ноември, во Брисел, Белгија, се одржува Интерпарламентарен семинар на тема „Улогата на народниот правобранител во модерната парламентарна демократија: регионална перспектива“. На семинарот учествува Делегација од Собранието на Република Македонија во состав: Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Емил Димитриев, член на Комисијата, Ернад Фејзула, член на Комисијата и Рената Дескоска, член на Комисијата. Интерпарламентарниот семинар го отвори Емили О’Рејли, европски народен правобранител. Во рамките на програмата, првиот ден…

повеќе...

Тунтев: 10-ти буџет за прикривање на аздисаното владеење на власта

Се потешко се живее во државата, се поголеми се маките на граѓаните, над 180 илјади луѓе живеат со 40 денари дневно. 10 години подоцна, сме 10 години подалеку од Европска Унија, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на дополнетиот предлог на Буџет на Р.Македонија за 2016 година, на 73-тата седница на Собранието на Република Македонија. Извор: www.sdsm.org.mk

повеќе...

Димовски: Со новите министри, СДСМ повеќе нема да има алиби за поразот што ги очекува

На денешната 76-тата пленарна седница на Собранието на РМ на која пратениците ги избраа предлозите за нови министри и заменици министри согласно договорот од Пржино за збор се јави, Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски кој истакна дека овој избор на министри и заменици министри е плод на политички договор, но и плод на политичка волја за брзо завршување на политичката криза во Република Македонија. „Како парламентарно мнозинство носиме одговорност само пред граѓаните и без разлика на желбата за власт која што ја има опозицијата, ние носиме одговорност…

повеќе...

Зацврстување на улогата на процесот како водечки политички формат за соработката во регионот и фактор на безбедност, стабилност и просперитет

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски учествува на меѓународната конференција на тема: „Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ) – регионални синергии, стратегиска соработка и парламентарна дипломатија” и на седницата на Постојаниот комитет на ПС на ПСЈИЕ, што се одржуваат од 5 до 7 ноември 2015 година во Софија, Република Бугарија. Конференцијата ја отвори Цецка Цачева, претседател на Националното собрание на Бугарија, која ги презентираше приоритетите на Бугарското парламентарно претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, кои вклучуваат продолжување на процесот на…

повеќе...

Тунтев: Да се намалат казните за испитните сесии од областа на транспортот и врските

Обраќање на пратеникот Томислав Тунтев, во однос на дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на закони од областа на транспортот и врските , на 71-та седница на Собранието на РМ

повеќе...