До сабота сончево и многу топло време

Во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните делови ќе дува и слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13 до 21 целзиусов степен, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во вторник не очекува сончево и топло, со слаб ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22, а максималните дневни температури ќе се движат од…

повеќе...

Денеска сончево време, од утре дожд

Времето во Македонија денеска  ќе биде сончево и топло, попладне со мала доумерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени. Во Охрид ќе имаме слично време, со температурата до 30 степен. Утре попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До вторник во претпладневните часови ќе има зголемена облачност со умерен, повремено засилен ветер и со повремени врнежи од дожд. Потоа следува период на сончево и топло време.

повеќе...

Претпладне топло, попладне се очекува дожд

Времето денес во Македонија  претпладне ќе биде сончево и топло со темератури до 34 целузиусови степени. Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец. Во Охрид претпладне ќе имаме сончево и топло време, а попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 16  до 24 степени.

повеќе...

Какво време не очекува овој викенд?

Стабилно и суво време не’ очекува овој викенд, велат прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи.  Во текот на утрешниот ден ќе преовладува облачно и постудено време со локален дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови од земјата на некои повисоки места ќе има врнежи од дожд и снег.  Веќе во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со постепен пораст на температурите. За в сабота метеоролозите најавуваа умерено облачно време со сончеви периоди  и утринска температура од минус два до четири, а дневната од…

повеќе...

Подгответе се: Уште една недела исполнета со сонце, облаци и дожд

Стабилно и топло време ќе преовладува во текот на следните денови, најавуваат метеоролозите. Веќе од среда се очекува да има услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а нов влажен бран се очекува за време на викендот. За утре, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево и топло со температура од 16 степени во Маврово до максимална 25 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 22-от степен. Кон средината на оваа работна недела ќе има услови за дожд и температура…

повеќе...

Убавото сончево време ги намами охриѓани и гостите да излезат на прошетка

Иако беше најавено променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, во текот на денешниот неделен ден преовладуваше сончево време со мала доумерена облачност. Охриѓани и гостите убавото време го искористија за прошетка покрај кејот на езерото, рестораните и кафулињата. За првиот ден од работната недела, од УХМР најавуваат променливо облачно време со услови за врнежи од дожд. Во текот на наредните денови не очекува сончево време со локална умерена облачност, но без врнежи од дожд. WebOhrid

повеќе...

Работодавачите да преземат превентивни мерки за заштита од високите температури

Работодавачите да ги преземат сите неопходни мерки и да ги почитуваат препораките за заштита на работниците од високите температури, порачаа денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски. Како што истакнаа на прес-конференција, идејата е да се делува превентивно, да не се чекаат критичните фази со оглед на најавите дека државата ќе ја зафати топлотен бран. „Доколку не се преземат мерките за заштита и ако Инспекторатот за труд утврди непосредна опасност по безбедноста и здравјето на вработените, со…

повеќе...

Превентивни здравствени пунктови во пресрет на најавениот топлотен бран

Министерството за здравство во соработка со Здравствен дом – Скопје од денеска почнува со акцијата за бесплатни превентивни пунктови на повеќе локации во пресрет на најавите за топлотен бран кој во следните денови ќе ја зафати државата. Пунктовите ќе бидат поставени на повеќе локации низ главниот град и ќе работат од 18 до 21 часот. Ќе има еден статичен пункт во Градскиот парк и по два мобилни пункта кои ќе ротираат во општините. На овие пунктови граѓаните ќе се информираат како да се заштитат од високите температури, ќе добиваат препораки…

повеќе...

Отворено второто издание на Културно забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца

Од вчера под генерално покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“, по втрпат, започна трпејчкото културно соарè наречено „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“. Оваа година манифестацијата ја отвори  ансамблот „Билјана Јуниор“. Беше отворена и изложба на дела од Мајкл Клос, академски сликар од македонско потекло кој живее и работи во Канада. Проследуваме десетина фотографии од свеченото отворање, од пред преполнетиот мал плоштад „КАЈ БУНАРОТ“. WebOhrid / фото: Дим Дон

повеќе...

Утринско сончање во април

Убавото време и пријатното пролетно сонце го натера овој наш сограѓанин да излезе во неговиот двор, да ужива и сончајќи да го испие неговото утринско кафе. Повозрасните повеќе се одлучуваат да ги искористат сончевите зраци во пролет кога сончањето е поздраво, отколку во лето кога сончевите зраци и високите температури може да бидат повеќе штетни по здравјето на човекот. WebOhrid

повеќе...