Локалниот совет на млади при Општина Охрид денес ја одржа четвртата редовна седница. Членовите го усвоија записникот од третата седница, беа разгледани извештаите од претставување на советот, на семинарот “Мост меѓу политиката и граѓанското општество- јакнење на младите на локално ниво“, како и извештајот за учество во акцијата “Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. На дневен ред беше и прашањето околу идните активности.
повеќе...Tag: совет
Свикана петнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕТНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ петнаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 05.12.2013 година (четврток) со почеток во 13:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот…
повеќе...Локалниот Совет на млади ја одбележа акцијата „Засади дрво засади ја својата иднина“
Есенскиот дел од акцијата „Засади дрво засади ја својата иднина“ оваа година ја одбележа и Локалниот Совет на млади при Општина Охрид, во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“. Со засадување на расади младите од Охрид се придружија кон активностите кои што се одвиваат на ниво на цела република, а како цел имаат засадување и пошумување на оголените и оштетени површини. „Благородната идеја на маестро Борис Трајанов од 2007 година па до денес, не поттикнува да ја разбудиме својата свест и грижа за природата, на тој начин што ќе водиме грижа…
повеќе...Груевски: Инспекцискиот совет ќе го подигне нивото на инспекциите
Премиерот Никола Груевски очекува Инспекцискиот совет да започне со работа до крајот на оваа или на почетокот на наредната година и со тоа да се подигне стандардот и нивото на инспекциите во сите инспекциски служби. „Распишан е конкурсот за избор на членови на Инспекцискиот совет. Членовите треба да бидат избрани во текот нанаредниот месец, по што ќе се донесе статутот кој веќе е во фаза на подготовка од нашите служби, но подоцна ќе биде предаден на Инспекцискиот совет за и тие да го погледнат и да видат дали е добар,…
повеќе...Општина Охрид се вклучи во формирањето на социјално-економски совет на локално ниво
Со трибината, што денес се одржа во просториите на општинската зграда, Локалната самоуправа се вклучи во кампањата за формирање на економско – социјални совети на општинско ниво. Целта е поттикнување на соработката помеѓу сеоцијалните партнери – синдикатите, работодавците и локалната самоуправа. „Формирањето на заедничкото економско-социјално тело, сметаме дека ќе значи институциализирање на социјалниот дијалог, кој понатака ќе треба да донесе поприфатлива материјална и економска положба и на работниците и на работодавците во општината, како и поттикнување на методите за мирно решавање на работните спорови“. – изјави градоначалникот Никола Бакрачески. „Како…
повеќе...Младински Совет Охрид продолжува со имплементација на проектот „Локален Волонтерски Сервис“
Младински совет – Охрид, како Волонтерска инфо точка на националниот волонтерски сервис во Македонија, продолжува со имплементација на петтиот циклус од проектот „Локален Волонтерски Сервис“. Како дел од проектот објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 8 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи и (општинските администрации) правосудните органи (Основни и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни агенции на локално ниво и подрачни министерства. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти на возраст до 30 години. За…
повеќе...Заврши четиринаесеттата седница на Советот на Општина Охрид
Советот на Општина Охрид, на денешната седница ги усвои измените на програмите за 2013 година за детска заштита, култура, образование, социјална заштита, спорт, поддршка на локалниот економски развој, поттикнување на развојот на туризмот, уредување на градежното земјиште, комунални услуги,за јавни паркови и зеленило и капитални инвестиции во оваа област, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, јавно осветлување, одржување и заштита на локалните патишта,улици и регулирање на режимот на сообраќај, изведба на системи за одведување и пречистување на отпадни води до 2015 година, изградба и одржување на системи за…
повеќе...СДСМ Дебарца: Седниците на Советот на Општина Дебарца се свикуваат неделовнички
Советничката група на СДСМ Дебарца, реагира за работата на Советот на Општина Дебарца, како што истакнуваат, седниците се свикуваат неделовнички. „Денес советот на општината Дебарца ја одржа десеттата седница. И оваа седница како и сите други се свикуваат нестатутарно и неделовнички. Стана практика на претседателот и мнозинството во советот на општината седниците да се свикуваат со грубо кршење на одредбите на Деловникот на советот на општината Дебарца. Согласно член 46 од Деловникот на советот решението за свикување на седницата на советот со предлог дневен ред и материјалите по прашањата што…
повеќе...Во петок ќе се одржи четиринаесеттата седница на Советот на Општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИНАЕСЕТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четиринаесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 15.11.2013 година (петок) со почеток во 13:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В Е Н…
повеќе...МСО ги заврши предвидените активности од втората фаза од програмата за промоција на позитивните вредности
Младински Совет Охрид, во изминатиот период, ги заврши предвидените активности од втората фаза од програмата за промоција на позитивните вредности. Втората фаза од програмата, која заврши неодамна, ја реализираа претставници од основните и средните училишта, настаници по предметите Социологија, Етика и Граѓанско образование, како и претставници на стручните служби во училиштата. Во основните училишта беа вклучени ученици од 6 – 8 одделение, а во средните ученици од прва до четврта година. Реализирани беа вкупно 34 работилници, при што опфатени се 880 ученици. Во заклучокот од спроведените пилот активности може да…
повеќе...