Младински Совет Охрид го подготви новиот Локален Акционен Младински План за периодот 2014 – 2018 година

Младински Совет Охрид го подготви новиот Локален Акционен Младински План за периодот 2014 – 2018 година. Во подготовката на документот, во сите негови фази, беа вклучени 38 претставници од исто толку  институции од областа на образованието, здравството, културата, вклучувајки ги и СВР Охрид, Агенцијата за вработување, Центарот за социјални работи, здруженија, политички подмладоци, Локалната самоуправа и медиуми. Новиот ЛАМП содржи 109 активности, произлезени од 26 целни интервенции, а распоредени во 8те приоритети согласно меѓународните стандарди, како и според нивното дефинирање во националната стратегија за млади на РМ. На подготовката на…

повеќе...

Одржана 13-та седница на Советот на Општина Охрид

Денес градските Советници ја одржаа 13 седница на градскиот Совет. Со 22 гласови „За“, беше усвоен дневниот ред, откако по барање на секретарот на Општината, беа повлечени точките 17, 18, 22 и 33, а се однесуваа на донесување на: Предлог Одлуките (17, 18, 33) за утврдување потреба од донесување урбанистички плански документации за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на КО Охрид 2, КО Трпејца и КО Велгошти; Предлог одлуката (22) за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидено со важечкиот ДУП,…

повеќе...

Одржана втората седница на Локалниот Совет на млади

Локалниот совет на млади денеска ја одржа 2-та редовна седница по однапред утврден дневен ред.  Во текот на седницата беа разгледувани пристигнатите идеи од акцијата за собирање идеи под мотото „Моја идеја за мојот град, да биде вечно млад“ и истите им беа распределени на работните групи, кои во иднина треба да ги разработат и така разработени да ги предадат на разгледување на градоначалникот кој ќе изврши селекција. Одбраните проекти од страна на градоначалникот ќе бидат составен дел од програмата за работа на Локалниот младински совет. Акцијата за собирање на…

повеќе...

ЛДП: Дали денес на седницата на Советот ќе бидат ставени двете точки кои беа повлечени на претходната седница?

„ЛДП е задоволна од контрареакцијата на реакцијата од Сојузот за иднината, имајќи предвид дека се подигнало барем нивото на писменост за разлика од минатото соопштение од партијата на власт, истовремено и повикана како политички субјект да одговори на прозивките. Од друга страна, повторно депримира несфаќањето на основната поента на реакцијата од Сојузот за иднината, односно, очигледната неподготвеност на ДПМНЕ да биде на ниво на задачата. За жал, се решиле да пишуваат за нечија маргиналност несфаќајќи ја првенствено својата неважност и необразованост. За волја на вистината пак, Жерновски (кој не знаеме…

повеќе...

Сојуз за иднината: ДПМНЕ вчера ја сакаше опозицијата во Советот само за да има алиби за одлуките

Советничката група од „Сојузот за иднината“ испрати реакција во врска со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое што бојкотот на опозицијата беше оценет како одраз на несериозноста на СДСМ и ВМРО-НП кон битни општествени прашања.  „Советничката група од Сојузот за иднината е сериозно загрижена од нивото (односно отсуството на истото) на обраќање кон опозицијата од страна на ДПМНЕ. Имајќи предвид дека  безидејноста и неподготвеноста  на ДПМНЕ за носење со одговорноста е се поочигледна, логично е да се очекува  спасот  да се бара во тривијални соопштенија. Почитуваните советници од мнозинството како и…

повеќе...

Тринаесеттата седница на Советот на Општина Охрид закажана за утре

Утре, четврток (31 октомври) со почеток во 13:00 часот Советот на Општина Охрид ќе ја одржи тринаесеттата седница, за која се предвидени точки од урбанистичката сфера. Д Н Е В Е Н   Р Е Д Предлог  Одлука за прифаќање на иницијативата    за  изработка на ДУП  во УЗ 2 дел од од УБ 2.3 опфат 6. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за изработка на  ДУП за ГП 1.12 на Кп.бр. 15542/1 КО Охрид 3, УЗ 2 дел од УБ 2.2. Предлог Одлука за прифаќање на иницијативата за изработка…

повеќе...

Одржана 12-та седница на Советот на Општина Охрид

Со 15 гласови за, советниците едногласно ги усвоија 23-те предлог одлуки кои  беа на дневен ред на денешната 12–та седница на градскиот Совет, откако по предлог  на Секретарот на Општината, Димитар Спасески, беа повлечени двете точки 22 и 23 од урбанистичката сфера. Истите беа повлечени откако советниците од коалицијата „Сојуз за иднината“, ја напуштија седницата затоа што судот не одговорил на нивното барање да се укине притворот за претседателот на ОО на СДСМ –Центар, Мирослав Шиповиќ. Меѓу позначајните точки на дневен ред  на денешната седница беше, разгледувањето на состојбата на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Бојкотот на седницата од страна на „Сојузот за иднината“ е одраз на несериозноста на СДСМ и ВМРО-НП кон битни општествени прашања

Во врска со бојкотот на седницата на Советот на Општина Охрид од страна на опозицијата, свој став изнесе ОК на ВМРО-ДПМНЕ во кој стои: „Поддржувачи на криминал, коруптивни и останати девијантни појави, ваков би бил заклучокот на секој здраво разумен Охриѓанец за охридските Социјал демократи и “Народњаците“, откако ќе им се  укаже дека тие  свесно и намерно  ја бојкотираа денешната седница на Охридскиот совет во знак на протест   поради   не  укината мерка притвор за претседателот на ОО СДСМ Центар, Мирослав Шиповиќ, кој се товари за криминал тежок 1…

повеќе...

Советниците од опозицијата ја напуштија денешната седница на Советот на Општина Охрид

На денешната 12-та седница на Советот на Општина Охрид, опозицијата одлучи да ја бојкотира оваа седница, како знак на солидарност со претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ. „Во знак на солидарност со претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ и колегите советници од Општина Центар, денес опозицијата нема да присуствува на оваа седница на Совет. Ова се однесува како на сите присутни советници од коалицијата Сојуз на иднината, така и на оние кои го оправдаа своето отстуство од денешната седница. СДСМ заедно со своите коалициони партнери од…

повеќе...

Советничката група на СДСМ ја напушти седницата на Советот на Општина Дебарца

Петте советници на СДСМ во Советот на Општина Дебарца, во знак на солидарност со Претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, и колегите од општина Центар, ја напуштија и не присуствуваа на 8-та седница на Советот на Општината, која се одржа денес. „СДСМ нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со институционално насилство да ја преземат контролата врз Општина Центар. По неуспехот со изборната тортура власта е во нов поход, преку монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните. Единствениот грев на Претседателот на ОО на…

повеќе...