Охридските Египќани ​го поздравија формирањето на Локалниот ​Совет на млади

НВО Коалицијата „Светла Иднина 2009“ Охрид, движењето „ОПЕМ“ и „Форца Египќани“ го поздравија демократскиот и конструктивен потег на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, да се формира Локалниот Совет на млади. „Особено за поздравување, е фактот, што и Египќаните, како втори по бројност, во град Охрид, имаат свој претставник Египќанец, со што де факто, започнува процесот на институционална интеграција на Египќаните, пример што треба да се практикува на ниво на Република Македонија, бидејќи времето е зрело, за остварување и уживање на Уставнозагарантираните права на Египќаните. НВО Коалицијата ќе му предложи на…

повеќе...

Се формира „Локален совет на млади“

Со решение на градоначалникот Никола Бакрачески, денеска во општина Охрид се формира  постојано работно тело „Локален совет на млади“ за подрачјето на општина Охрид. „Денес на Светскиот ден на младите го формираме Локалниот совет на млади при општина Охрид, со што конечно ќе излеземе во пресрет на ветувањето за формирање на ова тело со што активно ќе ги вклучиме младите луѓе во Охрид во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа и секако во процесот на управување со локалната самоуправа.Овој совет ќе биде место каде младите ќе можат да…

повеќе...

Честитка за Рамазан-бајрам од советникот Кујтим Усеини

Советникот при Советот на Општина Охрид, Кујтим Усеини на сите припадници на муслиманската вероисповед, без разлика на нивната етничка припадност им го честита големиот муслимански празник Рамазан-бајрам. Ваквите празници, се момент кога се зацврстуваат толеранцијата, човечките, меѓукултурните и меѓуверските односи кај луѓето. Кујтим Усеини на припадниците на муслиманската вероисповест им посакува деновите на празнување да ги поминат во радост, спокој, хармонија и мир во кругот на своите семејства, меѓу пријателите и меѓу соседите.

повеќе...

Одржана деветтата седница на Советот на Општина Охрид

Денешната седница на Советот на Општина Охрид со 52 точки на дневниот ред, помина во плодна дискусија по предложените точки и во најголем број со нивно едногласно усвојување од страна на советниците. Работата на денешната седница се одвиваше од крајно спротивставени ставови меѓу мнозинството и опозицијата, до аргументирана расправа и усогласување на ставовите и консезуално изгласување на точки од дневнииот ред. Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ принципиелно против точките на кој се усвојуваа извештаите за работата на пооделни одделенија за првите шест месеци од 2013 година, со од порано изнесениот став…

повеќе...

Промената на туристичката стратегија клучна за развојот на туризмот

Советот на градски татковци или локалниот економски совет денеска ја одржува втората седница за кој се предвидени 6 точки на дневен ред.  Се со цел  подобрување на  имиџот на Охрид, како туристичка дестинација на глобалниот туристички пазар секако и на пазарот во соседните земји на дневен ред за разгледување се најде ценовникот на угостителските услуги во Охрид и изнаоѓање на можности за корекција на цените. Втората точка на дневен ред  се однесува на информацијата за изработката на физибилити студија за изградба на скијачки центар на планината Галичица.  „Акционерското друштво МЕПСО,…

повеќе...

Деветтата седница на Советот на Општина Охрид закажана за среда

Во среда (31 јули)  со почеток во 14 часот, ќе се одржи деветтата седница на Советот на Општина Охрид. За седницата е предложен следниот: Д Н Е В Е Н    Р Е Д Усвојување на Записник од 8-мата седница Предлог  Одлука за усвојување на Извештајот  за работењето  на одделението за даноци за  периодот од 01.01.2013 до 30.06.2013 година. Предлог  Одлука за усвојување на Извештајот  за работењето  на одделението за комунални такси  за  периодот од 01.01.2013 до 30.06.2013 година. Предлог  Одлука за усвојување на Извештајот  за реализација на  програмата за…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и советниците на рамазанска вечера

На покана на претставниците на турскиот весник „ЗАМАН“, вечерва градоначалникот Бакрачески и советниците на охридскиот Совет присуствуваа на рамазанската вечера –  Ифтар. За сите наши сограѓани со исламска веросиповест, кои со Рамазанските пости се подготвуваат за празникот Бајрам, градоначалникот Бакрачески и членовите на Советот на општина Охрид со присуството на заедничката вечера ја искажаа својот почит кон верските традиции, кои за Охрид и охриѓани се дел од сожителство и взаемно почитување.

повеќе...

Низа советнички прашања за планираните проекти упатени до градоначалникот

Советниците упатија бројни прашања до градоначалникот Никола Бакрачески и стручните служби на Локалната самоуправа  кои се однесуваат на планираните проекти кои Градоначалникот ги најави за иднина. Изградбата на затворениот пливачки базен, проект кој години наназад се провелкува низ јавноста, а охриѓани со нетрпение го очекуваат како прашање го постави советникот Дејан Пановски. Во која фаза е проектот за изградба на затворен пливачки базен во Охрид, кој беше дел од Вашата изборна програма? – праша советникот Пановски.  „Проектот за изградба на затворен пливачки базен на спортско-рекреативниот центар “Билјанини Извори“ е во…

повеќе...

Градоначалникот одговараше на советнички прашања

Денешната осма седница на Советот на општина Охрид беше посветена на советничките прашања кои се однесуваа првенствено на финансиската состојба на општина Охрид и информации за начинот за подмирување на долговите. Делот на урбанизмот и комуналниот развој во општина Охрид  беа во доменот на советничките прашања како и капиталните инвестиции кои неопходно му се потребни на градот. Координаторот на советничката група предводена од СДСМ, Томислав Тунтев се осврна на проблемот со летниот режим на сообраќај, непочитувањето на работното време на угостителите и како прашање го наведе начинот на работа на…

повеќе...

Осмата седница на Советот на Општина Охрид во вторник, со една точка – Советнички прашања

Во вторник (16 јули) со почеток во 11 часот ќе се одржи осмата седница на Советот на Општина Охрид, за која е предложена само една точка на Дневен ред – Советнички прашања. Д Н Е В Е Н   Р Е Д Усвојување на Записник од 7-мата седница 1. Советнички прашања.

повеќе...