На денешната седница советниците на Советот на Општина Охрид расправаа и одлучуваа по 23-те Предлог Одлуки кои се најдоа на дневен ред. Во однос на Предлог одлуките за утврдување приоритет на проектите за асфалтирање на улици во с. Косел и локалниот пат од с. Вапила до с. Сирула и Предлог одлуките за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектите секретарот на општина Охрид истакна дека се од голема важност. „Граѓаните од овие делови во неколку наврати се обратија до стручните служби на Локалната самоуправа за решавање…
повеќе...Tag: совет
Во вторник седница на Советот на Општина Охрид
Во вторник, 2 јули, со почеток во 13:30 часот Советот на Општина Охрид ќе ја одржи седмата седница за која е предвиден следниот : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог Одлука за утврдување на приоритет на проект асфалтирање на улици во с.Косел. 2. Предлог Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот асфалтирање улици во с.Косел 3. Предлог Одлука за утврдување приоритет на проектот- основен проект за локален пат с.Вапила до с.Сирула 4. Предлог Одлука за давање согласност за…
повеќе...Заврши шестата седница на Советот на Општина Охрид
Советот на Општина Охрид, денеска ја заврши шестата седница на која се расправаше за педесетина прашања, а започна со едногласно прифаќање на предлогот, секој советник, од советничкиот паушал да уплати парични средства за помош за лекување на тешко болната Ангела Попоска. Во првиот дел на седницата на Советот на Општина Охрид, со мнозинство гласови, не ги прифати предложените одлуки, за усвојување на годишните сметки и извештаите за работа за минатата 2012 година на јавните претпријатија „Билјанини извори“, „Градски гробишта“, „Охридски комуналец“, „Нискоградба“, „Градски пазар“, „Погребни услуги“ и работната единица „Водовод“…
повеќе...Конституиран Локалниот Економски Совет
Како што беше најавено, денес на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, во просториите на Општина Охрид, беше одржана конститутивнаа седница на Локалниот Економски Совет или “Совет на градски татковци“. Како што истакна градоначалникот Бакрачески, “Локалниот Економски Совет или “Совет на градски татковци“ ќе биде силно советодавно тело, можеби единствено од ваков вид на локално ниво во Република Македонија“. Како што подвлече во своето воведно излагање градоначалникот Бакрачески, „преку хоризонтално поврзување и соработка ќе се изнајдат најсоодветните форми за подобрување на бизнис климата во Општина Охрид, што ќе го олесни привлекувањето на…
повеќе...Ќе се формира Локален Економски Совет
Утре во просториите на Општина Охрид, на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, предвидено и со изборната програма, ќе се формира Локален Економски Совет, односно “Совет на градски татковци“. Во ова советодавно тело ќе членуваат над дваесеттина еминентни охриѓани од областа на бизнисот, културата, образованието и други општествени дејности. На чинот на формирањето на Локалниот Економски Совет, ќе присуствува и министерот за привлекување странски инвестии, Бил Павлески. Локалниот Економски Совет ќе работи пленарно и ќе се состанува барем еднаш во месецот, на кој ќе се разгледуваат конкретни предлози и проекти за…
повеќе...Статусот на младите во Охрид – врвен приоритет за градоначалникот Бакрачески
Во насока на подобрување на статусот на младите луѓе од општина Охрид и нивна поактивна улога во општеството, градоначалникот Бакрачески во својот кабинет денеска оствари средба со Димче Каневче, претседател на Младинскиот Совет на Охрид. На состанокот се разговараше за идната соработка помеѓу Локалната самоуправа и Младинскиот Совет на полето на локалната младинска политика и партиципација со посебен акцент на вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки. Од страна на градоначалникот Бакрачески беше нагласен ставот дека во насока на подобрување на комуникацијата и соработката со младите од Охрид…
повеќе...Шестата седница на Советот на Општина Охрид закажана за понеделник
Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска, донесе Решение за свикување на шестата седница на Советот, на ден 10.06.2013 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот. За седницата предложен е следниот : Д Н Е В Е Н Р Е Д Усвојување на Записник од 4-та седница и Записник од 5-та седница Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка и…
повеќе...Семинар за јакнење на капацитетите на група млади од Охрид, Струга и Ресен
Младински совет Охрид, Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за Европски студии од Брисел на почетокот од мај го започнаа реализирањето на проектот насловен како „Мост помеѓу политиката и граѓанското општество – јакнење на учеството на младите на локално ниво, во три општини во Република Македонија, Охрид, Струга и Ресен. Целта на проектот од една страна е да помогне во надминување на јазот помеѓу граѓаните и институциите и поактивно вклучување на младите во општествениот живот, а од друга страна самите млади, претставници на политичките партии и граѓанскиот сектор преку заедничките семинари…
повеќе...Дијалог меѓу земјите од регионот, порака од состанокот на Регионалниот совет за соработка
Вклученост на сите и отворен дијалог меѓу земјите во регионот, е пораката која денеска од Охрид ја упатија учесниците на 5. состанок на Регионалниот совет за соработка (РСС), со кој копретседаваат министерот за надворешни работи Никола Попоски, како актуелен претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа и генералниот секретар на РСС Горан Свилановиќ. Попоски смета дека однесувањето на сите земји од регионот е значајно за вклучување во Европската унија. „Во Европа можеме да влеземе само доколку сите заедно работиме и затоа сметам дека пораките кои ќе ги упатиме од…
повеќе...Промена на дозволата за вршење на радиодифузна дејност до 21 мај
Со влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, се создадоа законски услови за преминот од аналогно на дигитално емитување на телевизискиот сигнал во Република Македонија. Аналогниот телевизиски сигнал се исклучува на 31 мај 2013 година и по овој датум постојните телевизиски радиодифузери кои аналогно емитуваат на државно, регионално или локално ниво немаат право да ги користат радиофреквенциите за аналогно емитување доделени од Агенцијата за електронски комуникации. Доколку не им се измени постојната дозвола за вршење радиодифузна дејност, таа престанува да важи од 1…
повеќе...