Заврши четириесет и шестата седница на Советот на општина Охрид

На денешната седница на Советот на општина Охрид беа прифатени извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2015 – 2018 за периодот од 01.07. – 30.09.2015 година, програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.07. – 30.09.2015 година, развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2015 – 2017 за периодот од 01.07. – 30.09. 2015 година, на програмата за спорт за 2015 година за периодот од 01.01. – 30.09.2015 година, на програмата за…

повеќе...

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ со донација за учениците од ранливите категории

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, реализирајќи ја својата годишна програма за работа, денес со поддршка на ОО Црвен Крст Охрид за учениците на кои им е потребна материјална помош и поддршка, им обезбеди облека и обувки. „Советот на родители во претходна консултација со одделенските наставници изработи листа на потребни средства за одреден број ученици, па потоа во соработка со ОО Црвен Крст обезбедија дел од она што беше потребно. Оваа соработка се негува и се надеваме дека и понатаму ќе продолжи. Исто така Советот на родители…

повеќе...

Спасески: Капитални проекти се реализираат низ законска и транспарентна постапка

На денешната седница на Советот на општина Охрид, беа донесени неколку одлуки кои се значајни за Охрид. Секретарот на општина Охрид во изјава за медиумите ги истакна придобивките од носењето на овие одлуки. „Сите знаеме дека повеќе од 30 години малото пристаниште е една голема рушевина и не може да се нарече пристаниште, туку тоа е едно небезбедно место кое што во моментов го грди изгледот на градот. Како одговорна Локална самоуправа пристапивме сериозно кон можноста да пристаништето биде реконструирано и ставено во функција на охриѓани и туристите со што…

повеќе...

Заврши четириесет и петтата седница на Советот на општина Охрид

На денешната 45 – седница на советот на Општина Охрид, на дневниот ред беа 30 точки, а очекувано советниците најмногу дебатираа за првата и втората точка кои се однесуваа на предлог одлуките за започнување на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на мала марина на локацијата од малото пристаниште и општиот акт за условите и начинот на градење во Лагадин. По неколку часовна дебата и спротивставени ставови, советот со 14 гласа за и 8 против, ја изгласа одлуката за започнување на постапката за изградба и…

повеќе...

Свикана четириесет и петтата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четириесет и петата седница на Советот на општина Охрид на ден 14.10.2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…

повеќе...

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ донираше лектирни изданија за училишната библиотека

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти вечерва одржа состанок, на кој донираше лектирни изданија за училишната библиотека за потребите на учениците. Имено соработката меѓу училиштето и советот на родители е на високо ниво. Родителите на состаноците преку директорот на училиштето, Гоќо Чингоски се информираат за потребите на учениците, проектите кои училиштето ги работи и разните активности од типот на: екскурзии, настава, проблеми, развојни програми итн. Советот на родители на состанокот го информираше директорот за нивниот став и начин на гледање на работите, се со цел за подобро насочување…

повеќе...

Заврши четириесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги прифати информација за физибилити студија за оправданост од воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување со „мала марина“ на локација мало пристаниште во Охрид, елаборатите за проценка на штети од град настанати на подрачјето на општина Охрид на 04 и 22.08.2015 година, а беше прифатена и одлуката за формирање штаб за заштита и спасување. Од областа на образованието беа усвоени годишните извештаи за работата и материјално – финансиското работење за учебната 2014/2015 година и годишните програми за работа…

повеќе...

Свикана четириесет и третата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четириесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.08.2015 година (среда) со почеток во 10:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…

повеќе...

Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за РДТ за да не соочат со присилна наплата

Од Упрвата за Јавни приходи апелираат граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне постапки за присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци. Состојбата на долговите за РДТ е наведена во Решението, кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец, а дополнително проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса https://etax.ujp.gov.mk. Исто така, граѓаните можат да…

повеќе...

Формиран новиот Совет за безбедност на сообраќајот во општина Охрид

Новиот состав на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид, денеска ја одржа првата конститутивна седница. Согласно законските прописи, овој состав и новиот претседател на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата Стефан Димоски, Советот на Општина Охрид едногласно ги избра на четириесетата седница. „На почетокот на конститутивната седница на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид, уште еднаш му го честитам изборот на Стефан Димоски за претседател на Советот, а на новоизбраните и на членовите кои и досега беа дел од ова тело…

повеќе...