Позитивна оцена за безбедносната состојба за време на летната туристичка сезона

На иницијатива на СВР Охрид, денеска беше одржан работен состанок со хотелско-угостителските и туристички работници од Охрид. Пред присутните беше направен осврт на безбедносната состојба за време на летната туристичка сезона. Посебен акцент беше ставен на превентивните мерки и активности за подобра меѓусебна соработка со угостителите на безбедносен план. Раководителот не Секторот за локален економски развој, Ѓоко Апостолов посебно ја нагласи улогата и посветеноста на полициските службеници за одржување на поволната безбедносна состојба во градот. „Вложивте големи напори во борбата за постигнување поголема безбедност во градот, деноноќно работевте на подобрување…

повеќе...

Европарламентарката Петир утре на средба со охридските туристички работници

Во рамки на посетата на Република Македонија, Маријана Петир, пратеник од Европскиот Парламент, утре (04.11.2016) во 17 часот во хотел „Милениум Палас“ ќе има средба со претставници на туристичко-угостителскиот сектор. На средбата ќе се дискутира за можностите за развој на туризмот и размена на искуства во сферата на туризмот.

повеќе...

Продолжуваат заедничките активности и соработката со Командата на копнените сили на САД за Европа

Република Македонија и САД продолжуваат да го развиваат стратегиското партнерство, кое е особено изразено во областа на одбраната, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерот Зоран Јолевски и команданотот на Командата на копнените сили на САД за Европа, генерал-потполковник Бен Хоџис. На средбата министерот Јолевски посочи дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија имаат одлични односи со вооружените сили на САД, особено со Командата на копнените сили на САД за Европа, која се манифестира преку заеднички вежбовни активности и обуки. „Учеството на околу 150 припадници на…

повеќе...

Ќе се гради игралиште за деца со инвалидитет

Претставници на Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на телесно инвалидизирани лица на Република Македонија, денеска имаа работна средба во општина Охрид, на која стана збор за имплементација на проектот за изградба на инклузивни детски игралишта со специјални реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет.Беше договорено Локалната самоуправа да обезбеди локација и да ја подготви подлогата на инклузивното игралиште, а реквизитите ќе бидат обезбедени во рамките на проектот. Со изградбата на инклузивното детско игралиште, на децата со инвалидитет ќе им се овозможи безбедно да играат…

повеќе...

Кирацовски се сретна со министерот за образование и наука Лутфиу

Денес дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски оствари работна средба со министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу. Предизвиците поврзани со можните притисоци врз вработените од јавниот сектор, можностите преку кои треба да се заштитат нивните уставно загарантирани права, предвидените законски санкции за секој оној кој постапил спротивно на законските одредби, како и доследно примена на истите беа предмет на дискусија на средбата со министерот за образование и наука. Дополнителниот заменик министер Кирацовски, изрази сериозна загриженост за многубројните индиции за политички притисоци врз наставниците, професорите…

повеќе...

Работна посета на претседателот Иванов на Република Србија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од 28 до 30 октомври 2016 година, ќе престојува во работна посета на Република Србија, по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина”. Во рамки на централната прослава по повод одбележувањето на големиот јубилеј „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина”, во Панчево, ќе биде одржана Свечена академија, на која обраќања ќе имаат претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ. На јубилејната прослава ќе биде засадено „Дрво на пријателството”…

повеќе...

Амбасадорот на САД во посета на ОО на СДСМ Охрид

Во рамки на својата работна посета на Охрид, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли ја посети Општинската организација на СДСМ Охрид, каде што оствари средба со Томислав Тунтев, Претседател на ОО на СДСМ Охрид и Пратеник во Собранието на Република Македонија, и Ѓоко Танасоски, Член на Извршниот Одбор на СДСМ и Шеф на општинскиот изборен штаб. Домаќините го информираа амбасадорот за активностите на локалниот огранок на СДСМ во Охрид и му ги предочија партиските ставови и гледишта за предизвиците и очекувањата во очи на претстојните вонредни парламентарни избори на…

повеќе...

Димитриев- Почивалшек: Македонија и Словенија имаат одлична соработка на повеќе полиња

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска оствари средба со Здравко Почивалшек, министер за економски развој и технологија на Република Словенија. На средбата беа поздравени одличните политички односи помеѓу двете земји кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебно почитување и соработка. Беше изразено задоволство и од трендот на раст на билатералната економска соработка и трговската размена, информираат од владината прес-служба. Премиерот Димитриев истакна дека Владата има силен фокус кон реализација на економските политики и реформи кои резултираат со намалување на невработеноста и обезбедување на економски…

повеќе...

Македонија и Босна и Херцеговина заедно кон иста цел – мирен, безбеден и просперитетен регион

Република Македонија и Босна и Херцеговна се две пријателски земји кои имаат една цел, а тоа е мир, безбедност, просперитет за целиот регион, заклучија на денешната средба во Сараево, министрите за одбрана на Македонија и на БиХ, Зоран Јолевски и Марина Пендеш. На средбата, министерот Јолевски кој е во официјална посета на БиХ, истакна дека двете земји имаат заедничка иднина, а тоа е членство во НАТО – Алијансата и Европската Унија. „За нас како држава нема сомнеж дека само интегриран Балкан може да придонесе кон безбедноста на целиот континент, факт…

повеќе...

Иванов на средба со претставници на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, по повод одбележувањето на 70 годишниот јубилеј од основањето на организацијата. Претставниците на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија го запознаа претседателот Иванов со тековните и идни активности на организацијата, со досегашните постигнати резултати во насока на унапредување на положбата на слепите лица, особено во однос на образованието и вработувањето. Претседателот Иванов изрази поддршка за активностите на Националниот сојуз на слепи, и истакна дека и натаму ќе се залага за унапредување…

повеќе...