Ќе се намали цената на комерцијалните станови во Охрид, Скопје и Стумица

Владата одлучи да ја намали цената на 192 комерцијални стана во Скопје, Охрид и Струмица изградени од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Во наредниот период во Скопје ќе се градат уште три згради со 292 стана за комерцијална продажба. „Најмногу, по 100 евра за метар квадратен, поевтинуваат становите во Охрид. Сегашната понудена цена на 40 станови што се на продажба во објектот „Расадник“ блок 2, од 700 евра се намалува на 599 евра“, – информира денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Во…

повеќе...

Градежништвото ќе го продолжи растот, поттик и проектот „Купи куќа, купи стан“

Позитивните трендови во градежништвото се очекува да продолжи и во наредниот период. Поддршката со владините мерки и активности како и во претходниот период ќе продолжи и годинава со средства од буџетот за капитални проекти, но и со проектот „Купи куќа, купи стан“ што ќе обезбеди работа за градежните компании, кои, исто така, очекуваат да продолжи растот во градежниот сектор. Ова беше истакнато на отворањето на 12. Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 5. Саем за недвижности и инвестиции што од денеска до 7 март се одржува…

повеќе...

Отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“

Во Министерството за финансии од денеска е отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ во која граѓаните од 10 до 15 часот секој работен ден ќе добиваат повеќе информации како да го решат станбеното прашање. Сите заинтересирани ќе можат да се информираат како да добијат субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14 илјади евра неповратни средства, каде има станови до 900 евра за метар квадратен, каде има плацеви за изградба на куќа и.т.н. Министерството за финансии информира дека посетеноста е голема и нагласува дека целта на…

повеќе...

Ставрески го додели станот, наградната со фискалните продолжува и во 2015

Битолчанецот Трајан Ивановски, кој е добитник на станот на наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ од 13. извлекување на 29 декември 2014 година, денеска го доби клучот. Официјално му го предаде вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој најави дека наградната игра продолжува и годинава. Ставрески искажа големо задоволство од досегашното спроведување на наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ и му честиташе на среќниот добитник. – Би сакал на него и на неговото семејство, на сите ќерки, зетовци, внуци и правнуци да им посакам да…

повеќе...

Ставрески: Проектот „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет

Зголемен е интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“. Во последните два месеца, по одржување на двата саема за овој проект, се одобрени 90 барања за субвенциониран кредит, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по средбата на Коалицијата „За подобра Македонија“. „„Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет и интерес врз основа на саемите што ги направивме. Само во декември има нови 40 барања за субвенција, а претходно имавме 50. Откако почнавме со саемите 90 семејства го решија прашањето за сопствен дом. Така…

повеќе...

Ставрески: Со „Купи куќа-Купи стан“ државата помага за решавање на животно прашање

Има голем интерес за проектот „Купи куќа – купи стан“, преку кој државата на лицата кои немаат многу пари им помага да го решат своето животно прашање и да дојдат до сопствен дом. Досега ова прашање со финансиска помош на државата во висина од околу 2,5 милиони евра го решиле околу 340 лица. Поради интересот проектот ќе продолжи и наредната година, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при посетата на првиот саем организиран за овој проект. „Очигледно интересот е огромен бидејќи се работи за многу добар проект…

повеќе...

Прв саем за проектот „Купи куќа, купи стан“

Прв саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи од 24-ти до 28-ми овој месец во Скопје сити мол. Граѓаните на едно место ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој, како што наведуваат од Министерството за финансии, дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом. Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности. Граѓаните…

повеќе...

Становите за лица со ниски приходи ќе се продаваат со ниски камати

Државата планира до септември следната година да го реши нерегулираниот статус на над 2.400 становите коишто се користат безправно по основ на сопственост или закуп. Лицата кои живеат во такви станови најдоцна до 31 март следната година ќе треба да се изјаснат дали ќе склучат договори за закуп или пак ќе ги откупат становите, според условите што ги утврди Владата на последната седница. Во спротивно по автоматизам ќе добијат решенија за закуп. Износот на цената при закупот и учеството при откупот, според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе…

повеќе...

Груевски: „Купи куќа – купи стан“ екстра атрактивен проект за граѓаните

Со последните промени во условите за проектот „Купи куќа – купи стан“ тој станува екстра атрактивен за граѓаните и очекувам дека значително ќе се зголеми побарувачката на овие кредити што се многу подобри од комерцијалните, изјави денеска премиерот Никола Груевски. За новите поволности за „Купи куќа – купи стан“ Собранието пред една недела усвои законски измени, со кои се изврши дополнително намалување на каматната стапка. За субвенционираниот станбен кредит од проектот намалени се каматните стапки од 4,99 проценти на 3,95 проценти за првите три години од отплатата на кредитот и…

повеќе...

Станоиздавачите на кои им истекол рокот на решението за категоризиција, да поднесат барање за продолжување

Сите станоиздавачи од мал обем, на кои им истекол рокот на решението за категоризација, должни се да поднесат ново барање за продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем. Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13 и 187/13) член 33 став 1, важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти  трае 3 (три) години од денот на изготвување на истото. За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат…

повеќе...