Извршени кражби во четири станови во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(24), К.Д.(18), двајцата од Охрид и Н.М.(37) с.Лешани-Дебарца, за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Во периодот од 15.05. до 18.05.2014 година, С.А. со употреба на сила влегол во четири станови на ул. „Даме Груев“ и „Сирма Војвода“ во Охрид, од каде одзел златен накит и 4.750 денари со што се стекнал со противправна имотна корист од 120.000 денари, додека К.Д. и Н.М. за тоа време чувале стража пред зградите.

повеќе...

Кражба во куќа во Горно Лакочереј

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А(24) и Г.С(35) од Охрид, за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 28.05.2014 година, околу 22,30 часот, во куќа во с.Горно Лакочереј, охридско, С.А. со употреба на сила извршил тешка кражба, при што одзел метален сеф во кој имало златен накит, пари и лични документи, со што се стекнал со противправна имотна корист од 525.000 денари, додека Г.С. чувал стража пред куќата. Првопријавениот С.А. е пријавен и за уште пет кривични дела „тешка кражба“, од кои три во обид извршени во периодот од 23.05.…

повеќе...

Со “фалс“ документи заложиле туѓ стан, добиле кредит и парите си ги поделиле

СВР Скопје–Единица за економски и компјутерски криминал до Основното Јавно Обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје и тоа против Ч.Т. (57) заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело  – “измама при добивање кредит или други околности“, Т.Т. (48) за кривично дело – “фалсификување исправа“ и “соизвршителство“, Д.К. (28) за “соизвршителство“ и З.М. (56) за кривични дела “поттикнување“ и “соизвршителство“. Имено, на 19.06. минатата година до СВР Скопје-ЕЕКК, лицето Т. Д. од Скопје, поднесе кривична пријава против непознат сторител, како и кривична пријава против…

повеќе...

ДЗС: Просечната цена на становите лани изнесувала 46.825 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на 1м2 станбена површина во 2013 изнесува 46 825 денари, што е за 6.2% помалку во однос на 2012. Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесува 54 857 денари што е за 6.5% помалку во споредба со 2012 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесува 39 264 денари што е за 9.4% помалку во споредба со 2012. Што се однесува до просечната цена на 1м2 во второто полугодие од 2013, таа е намалена за 12.5% во однос на…

повеќе...