Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Албанија, забележа пад од -8 места и моментално се наоѓа на 146 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов „рекорд“ за нас, откако претходно оваа година (април и мај) нашата репрезентација беше на 141 место. На врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина и Белгија, додека пак на третото место се искачи Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Боливија со скок од +35 места се искачи на 75 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Централноафриканската Република од -35 места и…
повеќе...Tag: статистика
Во јули издадени 256 одобренија за градење
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2016 година се издадени 256 одобренија за градење што е за 28.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 462 458 илјади денари што е за 37.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (70.7%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (9.4%) за објекти од нискоградба и 51 (19.9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 256 објекти,…
повеќе...ДЗС: Во вториот квартал годинава 6.687 слободни работни места
Во Македонија во вториот квартал годинава се регистрирани 6.687 слободни работни места. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во второто тримесечие од годинава изнесувала 1,38 проценти. Највисока стапка на слободни работни места има секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ и изнесува 3,66 проценти, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,10 проценти. Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места, 1,88 проценти.…
повеќе...ДЗС: Во јули зголемен прометот во трговијата на мало
Во групата „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ во јули годинава споредено со јули лани е евидентирано зголемување на прометот, номинално за 7,2 процента, а реално за 7,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во „трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“, во јули годинава во однос на јули лани има зголемување на прометот номинално за 19,7 проценти, а реално за 18,8 проценти, а во „трговија на мало, освен трговија со горива“ номинално за 14 проценти, а реално за 13,9 проценти.
повеќе...Просечната плата во јуни изнесувала 22 187 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, изнесува 100.7. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (10.6%), Административни и помошни услужни дејности (6.3%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.4%), Објекти…
повеќе...Во јуни издадени 274 одобренија за градење
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2016 се издадени 274 одобренија за градење што е за 47.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 405 372 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 (63.5%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (10.9%) за објекти од нискоградба и 70 (25.6%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 274 објекти,…
повеќе...Просечната нето-плата во мај изнесува 22.324 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, изнесува 101.1. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (8.7%), Административни и помошни услужни дејности (7.6%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.7%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.5%), Стручни, научни и технички дејности (15.2%) и Административни и помошни…
повеќе...ДЗС: Зголемен прометот во индустријата
Прометот во индустријата во мај годинава споредено со мај лани е зголемен за 13,2 процента, објави денеска Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај оваа година во однос на мај минатата година, бележи опаѓање од 1,1 процент, а прометот остварен на странските пазари е со пораст од 17,6 проценти. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во мај годинава, во однос на мај лани е намален за 46,3 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ бележи пораст од 15,7 проценти.
повеќе...Во мај зголемен бројот на издадени одобренија за градење
Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2016 се издадени 292 одобренија за градење што е за 57.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 970 915 илјади денари што е за 13.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 163 (55.8%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11.3%) за објекти од нискоградба и 96 (32.9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 292 објекти,…
повеќе...Зголемен бројот на работници во индустријата
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2016 година во однос на мај 2015 година, изнесува 100.4. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи пораст од 2.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.2%. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2016 година, во однос на мај 2015…
повеќе...