Временските неприлики беа тешки за охриѓани и за посетителите на Охрид за време на божикните празници, но сепак најтешко му беше на сопственикот на антикварницата и книжарница „Аз бук мулти медија“ која буквално беше потопена во вода. Имено, во време на бадниковата вечер кога сегде се палеа огнови, сред Охрид, во познатата зграда „Печијаре“ во една од адвокатските канцеларии на првиот спрат пукнала водоводна цевка и водата навлегла во долните спратови каде е сместена антикварницата и книжарница „Азбук мултимедија“ и клубот „Интеракција“. Според Владо Тренески, претседател на клубот „Интеракција“ кој…
повеќе...Tag: штета
Исплата на штети од елементарни непогоди по изборите
Граѓаните кои претрпеле штети од елементарни непогоди во периодот од 2010 до 2013 година, паричниот надомест од Владата ќе го добијат по завршување на изборите. Одлуката, како што информира денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, Владата ја донела пред околу месец и половина, но поради распишување на изборите во истиот период и укажувањето од Антикорупциската комисија, средствата ќе бидат префрлени согласно законот. „Владата пред околу месец и половина ја донесе одлуката за надомест на штета по однос на 19 елементарни непогоди во 10 општини во Република Македонија. Се обративме до Антикорупциската…
повеќе...Владата усвои првичен пакет на мерки за семејствата опфатени со поплавите
Во насока на санирање на настанатите штети од непогодните природни влијанија и поплавите кои беа актуелни, Владата на Република Македонија, по првичните добиени извештаи и анализи, на вчерашната седница донесе првичен пакет мерки за помош на населението и општините во загрозените региони. Прво, Владата одлучи да додели еднократна неповратна интервентна парична помош во висина од 15 500 денари за секоја куќа или стан што биле оштетени од поплавите. Средствата ќе бидат префрлени на највозрасното лице во семејството, а Министерството за финансии во понеделник ќе започне со исплата на помошта врз…
повеќе...Димовски: Рано е за проценка на штетите од поплавите
Се уште е рано да се каже колкав дел од земјоделските површини уништија поплавите што ја зафатија Македонија. „Немаме податоци за штетите, многу е краток периодот. Некои површини уште се под вода. Треба да се „исцедат“ по што ќе се прави проценка“, рече ресорниот министер Љупчо Димовски по денешната работилница за финансирање и осигурување во земјоделството. Одговорајќи на новинарски прашања, тој изрази надеж дека ако не продолжат временските неприлики, земјоделците ќе најдат начин да го обноват производството со оглед дека е почеток на вегетативната сезона. Минатата година Министерството за земјоделство…
повеќе...Пороен дожд и поплави во валандовско и струмичко
Обилните врнежи од дожд кои го зафатија валандовскиот регион вчера во вечерните часови поплавија неколку села во валандовско. Поради напукнат доводен канал за наводнување кој е запушен од нанос на песок и гранки, водата од пороите истекува преку с.Јосифово, каде поплавени се повеќе куќи (подруми), како и земјоделско земјиште. Мостот кај Горна мала е скинат и учениците и работниците не одат на училиште и на работа. Аразлиска река е надојдена при што е скинат цевководот за вода за пиење за с.Јосифово и с. Удово кои во моментот се без вода…
повеќе...