Одржан првиот Куп на Македонија во стрелаштво во конкуренција на пионери-ки

Викендов во Скопје на стрелиштето во Раде Јовчески Корчагин се одржа првиот Куп на Македонија во конкуренција на пионери-ки во национална програма. Поради здравствени причини 3 пионери го отакажаа своето учество, па само 4 стрелци од СК ,,Охрид,, и ЖСК ,,Лихнидос,, зедоа учество на овој Куп. Димитар Патчев од ЖСК ,,Лихнидос,, за само еден круг не успеа да се пласира на првата позиција, па заврши како второпласиран со резултат од 161 круг. Од СК,,Охрид,, Виктор Димоски се пласира на 4-тото место со резултат од 152 круга. Овај Куп беше закажан…

повеќе...

Доделени признанијата за најдобри спортисти во Охрид за 2013 година

Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа во хотелот Ројал учествуваше на свечениот чин на доделувањето на признанија за најдобри спортисти  во Охрид за 2013 година. Признанија добија Нина Балабан – стрелаштво; Тања Стојановска-тенис; Бојан Ристески –бокс; Јован Јованоски- велосипедизам; Христијан Кузманоски-кошарка; Анастасија Паскали- веслање; Филип Стојаноски- фудбал; Александар Ѓоргиески- фудбал; Мартин Гоџоски- стрелаштво; Ане Спироски-кајак; Новица Велјаноски –велосипедизам; Бојан Мартиноски- рибарење; Мартина Петреска-карате; Валентина Гоџоска-стрелаштво; Цветко Попоски – најуспешен спортски работник-стрелаштво ;Мерко Агрон -Гони  –фудбал (најуспешен тренер со млади); Ристе Савин за животно дело; Кире Заров  за животно дело; Александар Маленко  за…

повеќе...

Нина Балабан избрана за млад амбасадор на Младинските олимписки игри

Нина Балабан е избрана за млад амбасадор на Младинските олимписки игри од страна на Интернационалниот Олимписки комитет. ИОК синоќа ја објави импресивната листа за 100-те инспиративни млади луѓе кои ќе служат како млади амбасадори на Младинските Олимписки игри во Нанџинг-2014 година на која заслужено се најде и Нина Балабан.

повеќе...

Нина Балабан од СК Охрид се закити со златен медал на меѓународниот турнир во Врање

На само еден месец пред почетокот на Европското првенство што треба да се одржи во Москва, Нина Балабан од стрелачкиот клуб „Охрид“ од Охрид се закити со златен медал на меѓународниот Турнир во Врање што се одржа вчера по повод ослободувањето на град Врање. Во конкуренција на жени Нина Балабан испука 392 кругови (се пукаше на цели кругови) и со тоа уште еднаш покажа дека е број еден во стрелаштвото на Македонија. Младиот јуниор пак Мартин Гоџоски полека но сигурно оваа година чекори кон врвот. На овој натпревар тој се…

повеќе...

СК „Охрид“ со 11 свои стрелци учествуваше во шестиот Куп во гаѓање со воздушно оружје

Повеќе од успешно заврши натпреварувачката сезона за стрелците од СК „Охрид“ кои настапуваа на меѓународна програма по Календарот на МССФ во Македонија.  Вчера на новоотвореното стрелиште во училиштето Раде Јовчески Корчагин во Скопје се одржа шестиот, а воедно и последен Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој СК „Охрид“ зеде учество со 11 свои стрелци кои го обезбедија следниот пласман: Во конкуренција на мажи Михаил Шишкоски го освои првото место со нов државен рекорд од 601,8, со што заслужено ја докажа титулата Државен првак и рекордер на Македонија…

повеќе...

Државно првенство во стрелање со воздушна пушка

Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Република Македонија и со поддршка  на Општина Охрид, денеска на стрелиштето „Бејбунар“ се одржа Државно првенство во стрелање со сериска воздушна пушка. На Државното првенство, на кое учествуваат седумдесетина ученици од основните и средните училишта, на најдобрите двајца натпреварувачи во категориите основци и средношколци ќе им бидат доделени награди, односно бесплатно учество на летниот камп што се одржува во Охрид и можност да добијат стипендии за врвни спортисти. Во името на Општина Охрид, учесниците на првенството ги посети заменик- градоначалникот Ангел Јанев,…

повеќе...

Нов државен рекорд за Михаил Шишкоски

Викендот се одржа петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје- меѓународна програма  во Штип.  Не запира серијата на рекорди за Михаил Шишкоски, кој овај пат испука 596,8 кругови, за 1,6 кругови  повеќе од досегашниот рекорд што го испука само еден месец претходно во Скопје. Пријатно изненадување ни подготви Горан Здравески, пласирајќи се на втората позиција во сениорска конкуренција со резултат од   584 кругови. Во севкупен пласман Гоџоски Мартин заврши како петтопласиран, односно второпласиран во јуниорска конкуренција со резултат од 548,6 кругови. Веднаш зад него се пласираа Кирил…

повеќе...

Шишкоски со нов државен рекорд во стрелаштво

Продолжуваат натпреварите во организација на МССФ во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма.  На IV  по ред куп што се одржа на стрелиштето Кисела Вода на 13.10.2013 година, Михаил Шишкоски од СК „Охрид“ постави нов државен рекод со резултат од 595,2 кругови. Во истата категорија Кирил Миленкоски се пласира на 4 позиција со резултат од 555,5 кругови , а Мартин Гоџоски заврши на 5-тата позиција со резултат од 547,8 кругови. Кај жените Балабан Нина од Охрид се пласира на првата позиција со резултат од 405,8 кругови додека пак нејзините клупски другарки…

повеќе...

СК „Охрид“ настапи на ревијалниот натпревар Финале Меч 2013 во Велес

По повод 8-ми Септември денот на независноста на Република Македонија СК „Велес“ организираше ревијален натпревар ФИНАЛЕ МЕЧ 2013 во спортско стрелаштво во дисциплините воздушен пиштол и пушка категорија мажи и жени. Со овој турнир СК. „Велес“ за прв пат во Македонија ги прикажа и во пракса спроведе новите правила на ISSF –пукањето на финале, а резултатите постигнати на турнирот ја покажаа големата желба на стрелците да бидат во тек со најновите збиднувања во стрелачкиот спорт. На овај натпревар СК „Охрид“ настапи со 6 свои стрелци во дисциплината воздушна пушка, а…

повеќе...