Одржан вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје во Скопје – Охриѓани повторно ја однесоа победата

Во Скопје деновиве се одржа вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје, на кој oхриѓани повторно ја однесоа победата. Прво место во екипен пласман-пионерки за стрелачкиот клуб „Охрид“ со резултат од 474 кругови, во состав на Стефани Ефтимовска со 165 круга, Мартина Кочоска 157 груга и Симеона Милеска со 152 круга. Второ место во екипен пласман за пионерките од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 435 круга, во состав на Луана Попоски со 155 круга, Мила Василеска 140 круга и Срна Аголи со 140 круга. Во поединечна конкуренција Стефани Ефтимовска се…

повеќе...

Нови спортски надежи од охридските стрелачки клубови

Викендов на стрелиштето во Битола се одржа првиот Куп со воздушно оружје во национална програма, на кое учествуваа повеќе од 30-тина стрелци од државава, а на кој свој дебитантски настап имаа новите надежи од стрелачките клубови СК „Охрид“  и ЖСК „Лихнидос“  кои успешно ја започнаа сезоната. Во екипен пласман, првото место со резултат од 469 кругови им припадна на пионерките од СК „Охрид“ во состав на Симеона Милеска,  Стефани Ефтимоска и Марија Магдалена Шишкоска. Второто место пак во екипен пласман им припадна на пионерките од ЖСК „Лихнидос“ во состав наЛуана Попоски, Мила Василеска…

повеќе...

Одржано Државно првенство во стрелаштво

Во организација на Федерацијата на училишни спортови, а во соработка со стрелачките клубови од Охрид како и Општинскиот стрелачки Сојуз од Охрид, на стрелиштето Бејбунар се одржа државно првенство во стрелаштво на кое учествуваа 70-тина стрелци од основните и средни училишта во државава. Пласманот е следен: Основни училишта-машки 1.Димоски Виктор Oхрид 160 2. Димитар Патчев Охрид 154 3. Петрит Аголи Охрид 131 Основни училишта –Женски 1.Ирина Јованоска 162 2. Викторија Тренческа 154 3.Симеона Милеска Охрид 152 Средни училишта-машки 1.Васко Попоски Охрид 175 2. Стефан Ѓорѓиевски 168 3. Христијан Ангелески 167…

повеќе...

Охридските стрелци се закитија со медали на Меѓународниот турнир во гаѓање со воздушно оружје во Бугарија

Една златна, една сребрена и две бронзени медали за охридските стрелци на Меѓународниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје, што се одржа од 14-16.11.2014 год. во Благоевград, Република Бугарија. Во конкуренција на јуниорки прво место за Нина Балабан со резултат од 404,2 кругови. Во конкуренција на млади јуниорки, до 15 години, Јана Маркоска се пласира на втората позиција со резултат од 388 кругови, што воедно претставува и нејзин нов личен рекорд. Третата позиција во категорија на јуниори и јуниорки им припадна на Мартин Гоџоски (572,4) и Ангела Алексовска (384,2).

повеќе...

Одржан петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје

Викендов, на стрелиштето во поранешната касарна во Битола, се одржа петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. Еве ги и резултатите: Во сениорска категорија-пушка, Михаил Шишкоски ја потврди првата позиција во Куповите со резултат од 601,7 кругови. Горан Здравески со 564,3 кругови се пласира на петта позиција. Во конкуренција на јуниорки- пушка, Ангела Алексовска со резултат од 384,8 се пласира на втората позиција, додека пак Јана Маркоска со резултат од 382,2 кругови заврши како третопласирана. И кај јуниорите Мартин Гоџоски со резултат од 563,4 кругови го зазеде второто…

повеќе...

Златен медал за Михаил Шишкоски на традиционалниот турнир „Илинден 2014“

По повод Илинден викендов на стрелиштето Бејбунар во Охрид, а во организација на Стрелачкиот клуб „Охрид“ и Општинскиот стрелачки Сојуз „Охрид“ од Охрид се одржа традиционалниот Турнир „Илинден 2014“, на кој учество зедоа повеќе клубови и тоа од нашата земја, Република Бугарија и Република Србија. Се пукаше само една дисциплина и тоа воздушна пушка-40 истрели, мажи и жени. Оваа година само еден охридски стрелец се закити со медал, и тоа државниот рекордер на Македонија, Михаил Шишкоски кој со 390,2 кругови се пласира на втората позиција, зад Борислав Стаменов од СК…

повеќе...

Трето место и бронзен медал на Светското првенство во стрелање за лица со инвалидитет во дисциплина воздушен пиштол за Наковска-Бикова

Oливера Наковска-Бикова го освои третото место и бронзениот медал на Светското првенство во стрелање за лица со инвалидитет во дисциплината воздушен пиштол. Македонката добро го започна финалното стрелање со три погодоци во првата серија, меѓутоа во втората серија беше многу непрецизна и на крајот мораше да се задоволи со третото место и бронзениот медал. Овој резултат за Бикова значи и директна квота за учество на Параолимписките игри во Рио 2016 година. Во оваа дисциплина стрелаше и Лидија Крстеска која со резултат од 345 кругови го освои 25.место. По завршување на…

повеќе...

Шишкоски со нов државен рекорд

На Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма што се одржа вчера на стрелиштето во поранешната касарна Стив Наумов во Битола, стрелците од Стрелачкиот клуб Охрид, се закитија со 5 медаљи-две залатни, една сребрена и две бронзени. Најголем успех постигна Михаил Шишкоски кој со резултат од 603,7 го собори досегашниот рекорд на Македонија и со тоа стана старо-нов државен првак и рекордер во дисциплината воздушна пушка-сениори. На четвртата позиција во истата конкуренција се пласира Горан Здравески со резултат од 561,9 кругови. Првата позиција кај јуниорките загарантирана за Нина Балабан…

повеќе...

Тројца стрелци од Стрелачкиот клуб Охрид учествуваа на 26-тите републички спортски игри

Во организација на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ на Македонија, во тек се 26-тите републички спортски игри на кои и стрелаштвото е застапено како дисциплина. Во рамките на овие игри, 3 стрелци од Стрелачкиот клуб Охрид, зедоа учество и сите тројца се пласираа на првите три позиции во своја категорија. Дејан Танески во категорија воздушна пушка SH2 Микс-сталак се пласира на првата позиција со резултат од 363 круга. На втората позиција во истата категорија се пласира Снежана Танеска со резултат од 338 кругови. Во категорија воздушна пушка…

повеќе...

Одржан вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје

Вчера на реконструираното стрелиште во Битола се одржа Вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кое учество зедоа околу 40-тина стрелци во дисциплините воздушна пушка и пиштол. Кај сениорите најдобар беше Михаил Шишкоски со резултат од 589,2 кругови, додека пак Горан Здравески се пласира на втората позиција со резултат од 576,3 круга. Кај јуниорите најдобар беше Гоџоски Мартин и заслужено прво место со резултат од 564,2 кругови или во севкупен пласман мажи-петта позиција. Останатите членови на СК „Охрид“ Васко Попоски, Антонио Попоски и Јован Матески се пласираа на…

повеќе...